Затоплување на гас - колку чини?

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да ја отворам оваа тема ме наведе напис во Утрински во кој хохштаплерите од Топлификација се жалат дека наводно ќе пропаднеле кога гасот ќе дојде до секој дом.
Хохштаплерите велат:
„ Гасификацијата навистина го загрозува нашиот опстанок. Привремените пречки за нејзината реализација во овој дел ни овозможува се' уште да работиме, бидејќи гасификацијата во домаќинствата ни станува сериозна конкуренција и за тоа е информирана и Регулаторната комисија за енергетика. “
http://www.utrinski.mk/?ItemID=DC698F1C04C8AC409EF3DA0FDE59E528

Очигледно хохштаплерите тврдат дека затоплувањето со гас е многу ефтино и и тие наводно ќе пропаднеле кога ќе дојде гасот
Од друга страна бројни политичари од „ политичките опции “, тврдат дека гасот е ефтино гориво
И кога ќе добиеме гас сите ќе го користиме за затоплување
Но во оваа тема не е предвидено да пишуваме за ваквите тврдења на политичарите и хохштаплерите. Посебно што не им веруваме на политичарите и хохштаплерите.
Инаку гасот воопшто не е ефтино гориво. Гасот ја следи цената на мазутот. И воопшто не се за верување ваквите тврдења на политичарите и хохштаплерите
Конкретно ќе пишуваме колку чини затоплувањето на гас и дали се исплати во Македонија но и во други земји каде постоји таква можност
Во Македонија сега во два града постојат гасни мрежи на кои граѓаните можат да се приклучат и да се затоплуваат на гас. Тоа се градовите Куманово и Струмица
Но дали се затоплуваат на гас и колку тоа ги чини?
Значи очекуваме граѓаните од Куманово и Струмица да споделат свои искуства дали се затоплуваат на гас и колку плаќаат?
Од друга страна во други земји постојат гасни мрежи
Значи очекуваме граѓаните кои се во други земји да споделат искуства дали се затоплуваат на гас и колку чини?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Иако не сум на гас, можам да споделам некои искуства од Струмица, бидејќи сериозно се заинтересирав да преминам од дрва на гас или пелети:

Струмица делумно има гасоводна мрежа, само на определени улици. Тенденцијата е во иднина да се покрие целиот град.
Приклучокот на мрежата е 700 евра во денарска противвредност.
Планирам да греам некаде околу 220-230 квадрати, со тоа што во блиска иднина би додал уште 90 квадрати кои би се грееле повремено. Тука е потребен и гасен котел кој за мои потреби чини околу 2000 евра.
Правев муабет со луѓе кои се греат на гас, кои греат слична квадратура и имаат слична изолација.
Сите велат дека помала сметка од 15000 денари/месец не им стигнала, максимум до 18000. Ако се тоа 6 месеци греење, тоа се минимум 90000 денари.
Бидејќи Струмица користи компримиран гас, во иднина кога општинската мрежа би се приклучила на некој државен гасовод, сметам дека цената би се намалила.
На дрва поминувам со 50000 денари сезона.
На пелети пресметките велат околу 60000, и сметам дека би преминал на нив од наредната сезона.
 
Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
594
Поени од реакции
405
Не вервам дека би се греел поефтино од на струја моментално се греам со две клими. На максиум греење 30C климата ми троши 829W шо е прилично малку. И во нај ладоното поќе од 7к не сум платил така да не.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Инаку гасот воопшто не е ефтино гориво.
Штом скопскиот опинок од началник вели дека гасот е евтин, тогаш мора да е евтин дури и да не е...

„Кваката„ е во тоа што власта упорно спроведува гасификација, односно, спроведува странски инструкции, криејќи се зад проверените фрази дека со гасификацијата, загадувањето ѓоамити ќе се намалело, што е тешка лага. Дополнителен проблем е тоа што ретко кој има увид во структурите кои имаат и допрва ќе имаат ќар од гасификацијата на Македоња.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.408

Како дојде до овој заклучок?
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078

Некој сигурно ќе има ќар, и да, најчисто е. Крајниот ќар би бил на потрошувачите и дишачите на воздух.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.582
Поени од реакции
11.725
Иако не сум на гас, можам да споделам некои искуства од Струмица, бидејќи сериозно се заинтересирав да преминам од дрва на гас или пелети:

Струмица делумно има гасоводна мрежа, само на определени улици. Тенденцијата е во иднина да се покрие целиот град.
Приклучокот на мрежата е 700 евра во денарска противвредност.
Планирам да греам некаде околу 220-230 квадрати, со тоа што во блиска иднина би додал уште 90 квадрати кои би се грееле повремено. Тука е потребен и гасен котел кој за мои потреби чини околу 2000 евра.
Правев муабет со луѓе кои се греат на гас, кои греат слична квадратура и имаат слична изолација.
Сите велат дека помала сметка од 15000 денари/месец не им стигнала, максимум до 18000. Ако се тоа 6 месеци греење, тоа се минимум 90000 денари.
Бидејќи Струмица користи компримиран гас, во иднина кога општинската мрежа би се приклучила на некој државен гасовод, сметам дека цената би се намалила.
На дрва поминувам со 50000 денари сезона.
На пелети пресметките велат околу 60000, и сметам дека би преминал на нив од наредната сезона.
Тие 220-230 квадрати, односно 310-320 квадрати планираш да ги грееш на печка на пелети, или на парно греење поврзано со котел на пелети ?

Не знам каква ти е изолацијата, но и 60000 денари за грејна сезона на мене ми делува многу.

Јас грејам стан од 80 квадрати со максимум 40000 денари за грејна сезона, но еве за оваа грејна сезона конкретно можам да ти кажам дека потрошив околу 60 вреќи пелети, а тоа се некаде помеѓу 12000 и 15000 денари под претпоставка дека вреќите чинеле помеѓу 200 и 250 денари. Инаку, секоја вреќа тежи 15 килограми. Но оваа зима беше претежно блага и не беше премногу студено, котелот работеше претежно во декември 2015 и во јануари 2016, помалку работеше во февруари 2016, а не помнам дали воопшто го имам вклучено во март 2016.

Вообичаено трошам помеѓу 100 и 120 вреќи пелети во една грејна сезона, што би дошло помеѓу 20000 до 25000 денари за 100 вреќи или 24000 до 30000 денари за 120 вреќи.

Но котелот на пелети кој јас го користам е со моќност од 12 киловати и наменет е претежно за објекти до 150 квадрати, поради што претпоставувам дека на тебе би ти завршил работа котел на пелети со моќност од 16 или 20 киловати, кој сигурно ќе троши повеќе пелети наспроти мојот котел. Кај мене дома, кога е ептен студено, односно кога удира студот, котелот е вклучен цел ден, односно помеѓу 10 и 12 часа, поради што троши минимум помеѓу една и една ипол вреќа пелети, а понекогаш и 2 вреќи пелети дневно. Но тоа е само кога е ептен студено во декември и во јануари, веќе во февруари и во март котелот троши помалку бидејќи го оставам вклучен помеѓу 6 и 8 часа, троши една вреќа на пелети дневно, или ако го оставам вклучен 10 часа, троши 1 ипол вреќа дневно.

Не сум толку добро запознаен со математиката, има посебна тема на форумов на која се дискутира токму за греењето на пелети.

http://forum.kajgana.com/threads/Греење-со-пелети.71991/

Бидејќи јас се занимавам исклучиво со растоварувањето на вреќите со пелетите и нивната прошетка до подрумот, а потоа и од подрумот до станот - милина ако си обожавател на гимнастика - но не се занимавам и со нивното плаќање, не можам да ти дадам точна цена по која моите ги купуваат вреќите, но знам дека за 100 или повеќе вреќи нарачани во една нарачка, следува попуст, но не помнам колкав. Мислам дека првиот пат кога нарачавме 100 вреќи пелети, попустот беше 20 денари по вреќа, па наместо 200 денари за секоја вреќа, односно 20000 денари, плативме 180 денари по вреќа, односно 18000 денари. Не беше некој ептен голем попуст, но секако дека беше добредојден.

Но бидејќи ти грееш многу поголем простор наспроти мојот стан од 80 квадрати, претпоставувам дека ќе трошиш помеѓу 150 и 200 вреќи во една грејна сезона, или максимум 250 вреќи во една грејна сезона, но не верувам дека тоа ќе те чини повеќе од 50000 денари во една грејна сезона - а сигурно ќе те чини помалку, бидејќи ако нарачаш 250 вреќи одеднаш, мора да има некаков попуст.

Единствен проблем на неделно ниво ми е чистењето на котелот - трае од 10 до 15 минути, но сепак не е баш уживачко искуство. Во зависност од тоа колку време работел котелот, го чистам 2 пати неделно доколку работел 6 до 8 часа дневно, или 4 пати неделно доколку работел 10 до 12 часа дневно. Исто така, многу е важно да знаеш какви пелети купуваш и од кој производител. Има македонски производители кои продаваат нечисти пелети со остатоци од дрвца кои можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите во котелот, а на тоа единствен лек му е сервисерот на котелот, додека во меѓувреме мрзнеш или се грееш на алтернативен извор на топлинска енергија. Затоа моите вообичаено купуваат српски пелети кои се чисти и немаат остатоци од дрвца.

Можно е да грешам, бидејќи како што веќе спомнав, јас живеам во стан од 80 квадрати, а стан или куќа - претпоставувам куќа - од 220-230 квадрати со можност за проширување до 310-320 квадрати, е веќе друга приказна. Секако дека ќе мораш да поставиш радијатори под секој прозорец и пред влезот на секоја тераса, бидејќи од таму доаѓа ладниот воздух, ќе мораш да бушиш и да пушташ цевки, и секако дека сето тоа ќе те чини пари, време и нерви. Но доколку правилно ја изведеш топлификациската инсталација и доколку имаш добра изолација на куќата, тогаш котелот на пелети сигурно добро ќе те послужи, иако мој личен предлог би ти бил - доколку станува збор за куќа на приземје и еден или два ката, да купиш котел за секој кат, секако дека тоа е поскапо, но доколку не живее никој на горниот кат/горните катови, бесмислено е да грееш простории во кои нема никој, а и плус греењето ќе биде побрзо и полесно за самиот котел, бидејќи полесно ќе му биде на котелот да загрее еден кат, отколку да грее 2 или 3 ката. Е сега, секако дека тоа ќе значи поголема потрошувачка на пелети, рачунај дека сигурно ќе ти требаат 100 вреќи пелети за секој кат, е во такви услови да - може да стигне цената до 60000 денари за една грејна сезона.

Како и да е, погоре го објавив линкот од темата на форумов за греење на пелети, па можеш таму подетално да се информираш.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.417
Поени од реакции
29.941
Добра е темата на дискусијава, но разговарање за цената е џабе без да биде спроведена гасификација директно од гасовод. На жалост, засега единствен избор е приклучување на бугарската мрежа, која нуди скап гас кој оди преку Украина, на кој повеќе држави наплаќаат транспорт маржи.

Како и да е, јас би сакал да го свртам вниманието и на здравствениот и на еколошкиот аспект на греењето со природен гас.

Мора да се врши јавен притисок на властите да ја забрзаат гасификацијата и да преземат мерки сите да имаат пристап до гас, и тоа по цена која ќе биде конкурентна на цената на греење со дрва.
Само после ова, можно е да се оди на целосна забрана на греење со дрва во градовите. Што е неопходно да не се гушиме од смог секоја зима.[DOUBLEPOST=1458814063][/DOUBLEPOST]
Јас грејам стан од 80 квадрати со максимум 40000 денари за грејна сезона
Паметен дечко си, па те поканувам да ја прочиташ темата:
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/
Или барем делови од неа, пошто сега веќе е огромна дискусија со многу стотици страни.

Заклучокот, недвојбен, е дека нема поекономичен начин на греење од тоа со топлотна пумпа (клима уред).
Настрана што единствената обврска ти е еднаш месечно да ги замиеш филтрите на млаз од туш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.582
Поени од реакции
11.725
Паметен дечко си, па те поканувам да ја прочиташ темата:
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/
Или барем делови од неа, пошто сега веќе е огромна дискусија со многу стотици страни.

Заклучокот, недвојбен, е дека нема поекономичен начин на греење од тоа со топлотна пумпа (клима уред).
Настрана што единствената обврска ти е еднаш месечно да ги замиеш филтрите на млаз од туш.
Хехе, мислиш дека не го знаев тоа ?

Секако дека го знаев, но поради финансиската состојба, јас не сум одлучувачкиот фактор за поскапите инвестиции во станот. ;)

Ама затоа имам куќа во приградска скопска населба изградена после земјотресот, односно после 1963 година, која од кога е изградена се грее на парно греење преку котел на дрва, па за нејзе можам да си ги разгледувам останативе опции.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како дојде до овој заклучок?
Едноставно (нели...): во жалосна Македоинија, нема такво искуство, т.е. практична проверка дека гасификацијата ќе ја намали загаденоста. Имено, познато е дека Скопје е загадено и во грејна и вон грејна сезона, а за да биде работата уште по трагикомична, најзагадени се населби (Лисиче, на пример...) кои немаат индустриски објекти.

Просто кажано, намалената загаденост може да биде или пуста желба или нечие (не знам каде...) проверено искуство дека гасификацијата воедно ќе ја намили загаденоста.
 
Па во Македонија нема ама има други земји што испробале веќе и има информации дали и колку ќе се намали загадувањето.

Реално мислам дека баш домаќинствата се најголем загадувач и барем во мојава населба осеќам преголема разлика кога се горат дрва и кога е потопло времето кога не се палат печки. Не можеш да кажеш дека кога ќе залади не е позагадено така е секоја година во зимскиот период загадување постигнува критични левели.

Гасот мислам дека тука е добро решение и доколку се приклучат повеќе корисници и цената би требало да опадне.

П.С Секако за навистина чиста средина еве за СК ако зборуваме треба да се направат неколку работи.

1. Да се рушат дивоградби за да може да има проток на воздух и да се насади повеќе зеленило
2. Да се смени менталитетот, луѓето во главно да возат велосипеди и јавен превоз(т.е да се намалат автомобилите)
3.Воведувања на контрола за автомобилите т.е старите што ненормално загадуваат да ги пензионираат

И некои други еколошки мерки...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Прва сезона се грееме на гас, можам да кажам дека е одлично и солидно економично. Не може да се направи споредба ниту со греење на дрва ниту на струја. Бидејќи во Македонија гасификацијата се движи со брзина на полжав единствен проблем што може да се задржи повеќе време е цената на котлите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.417
Поени од реакции
29.941
нема такво искуство, т.е. практична проверка дека гасификацијата ќе ја намали загаденоста. Имено, познато е дека Скопје е загадено и во грејна и вон грејна сезона, а за да биде работата уште по трагикомична, најзагадени се населби (Лисиче, на пример...) кои немаат индустриски објекти.
Не си во право. Има практични примери за сето ова, на пример големиот смог од 1952ра во Лондон. После преземени мерки, забрана за горење јаглен и дрва за греење и во индустрија - состојбата е значајно подобрена.
Сега таму скоро исклучиво употребуваат природен гас. Провери колку е загаден Лондон, а колку се загадени Скопје и Тетово (па и Битола).

Во сите големи градови во ЕУ е забрането горење на дрва, јаглен, итн... Зарем затоа што тоа нема врска со загадувањето?

Ајде и со докази, еве ти резултати од загадување на печки кои работат на природен гас, наспроти печки кои работат со дрвени пелети, итн:
(патем пелетите поефикасно согоруваат и помалку загадуваат од греењето на дрва)

http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdf

а за да биде работата уште по трагикомична, најзагадени се населби (Лисиче, на пример...) кои немаат индустриски објекти.
А во исто време токму таму во ново Лисиче греењето со горење дрва (и што се не) е најзастапено. Барем 9 од 10 куќи се грееат на дрва.

Епа, 2+2 нели не треба да си професор по математика за да ги собереш?
Погледај ги графиконите со степенот на загадување во Скопје:
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4
Има и историја наназад да гледаш. Погледај и ќе видиш дека во работните денови загадувањето најголемиот скок го бележи од 4 попладне, па до полноќ. Тоа е затоа што тогаш луѓево се враќаат од работа и ги палат печките, потоа како се гасат огновите така и загадувањето се намалува.
Најчисто е рано наутро, пред да се распалат утринските огнови.

Дека индустријата загадува, секако дека загадува. Ама ете во Лисиче и нема толку индустрија, а од друга страна е најзагадена населба и сите се греат на дрва. Епа, собери 2+2...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Халата со големина од 200 квадрати ја греам со гас во боци од по 35 литри кои ги полнам на бензинска а месечно во просек трошам една ипол боца.

За дома бидејќи стариот не се слложуваше за соларни панели па самостојно на мојот спрат монтирав а планирам дека за 2-3 сезони ќе ми се врати инвестицијата
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прва сезона се грееме на гас, можам да кажам дека е одлично и солидно економично. Не може да се направи споредба ниту со греење на дрва ниту на струја. Бидејќи во Македонија гасификацијата се движи со брзина на полжав единствен проблем што може да се задржи повеќе време е цената на котлите.
Дали можеш да споделиш колку квадрати затоплуваш и колку плаќаш ( за ноември, декември, јануар и февруар )?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom