- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.289
- Поени од реакции
- 4.694
Не сум работел, ама ќе ти одговорам како се тоа функционира од економска гледна точка, не од википедиа туку од мои лични истражувања за берзанско работење завршив средно економско ама темава ми е и повеќе од позната.ме интересира овие што си „играат на берзата“ на сајтови како EmpireOption, eToro или евентуално FxLider... итн..
дали и колку е „сигурно“ ова?
како уствари функционираат овие берзи.. ?
кои се условите за депозит/исплата таму?
*што конкретно (ќе) ви наштети новата одлука за казнување за оние што го работат ова?
дали и колку време реално треба да се учи за да се почне да се работи и да се заработи таму? (не ми е проблем да вложам почетнички колку и да е потребно...)
ако има некој што се занимава посериозно со ова - нека сподели мислење тука или на ЛП.. па и реф линкче...
Прво преку фхлидер не би требало да имаш проблем зашто е регистриран броќер за берзанско работење во државава, а државата ако комплетно го забрани берзанското работење од каде на пример ќе купува нафта.
Значи преку македонски брокер не те тангира многу многу тој закон, ама преку некој странски правиш казниво дело.
Е сеа за системот како тоа функционира, без разлика преку кого и да работиш ти се прикачуваш на една и единствена платформа преку која оперираат 4 најпознати берзи во светот (и другите функционираат на истата платформа ама имаш 4 кој се најбитни)
1.берзата на австралискиот пазар (мислам дека е во мелбурн, а може и сиднеј не толку битно али добро да се знае ќе ти пишам подоцна зашто)
2.азиската берза (главен центар тука е токио)
3.европската берза (лондон)
4.американската (NY)
Зашто е убаво да знаеш која каде е.
Временска разлика, во принцип секоја берза има работно време. Ама во пракса при онлајн тргување на берза истата работи 24 часа. Австралија се поклопува со америка и азија, како се ближи кон затварање истата азиската веќе фаќа во полн ек. Како се спрема за затварање азиската отвара европска. Европската ќе предаде на сад и добиваш целодневен циклус.
Е сеа колку време треба за да научиш како функционираат од неколку саати до неколку дена, зависи колку време ќе ти треба за да разбереш кое што значи на платформата и да стекнеш некои основни знаења за тоа што е pipe и слично. Одкако ќе ја совчадаш платформата ти следи следен чекор осознавање на вистинскиот живот во берзата, ќе наоѓаш многу тактики како да успееш но ниедна од нив не гарантира 100% успех. Без разлика која стратегија и да ја примениш целата работа се сведува на 2 основни правила. Интуиција и прави контакти. Интуиција кога и што да купиш, а кога да продаваш добиваш со искуство, а вистински контакти ти требаат за шпекулации. Ќе ти требаат страшно многу знаења од економија, да познаваш кој влијателен човек на кој дел од берзата влијае и некој такви работи.
Има уште многу да ти објаснувам за ова ама најбитните информации ти се презентирани во постов.
И сеа веројатно следи прашањето колку можеш да направиш, тоа се одговара со неколку параметри од кој најбитен е почетниот капитал, после тоа ти следува искуство, навремено осознавање на влијателни контакти и правилно следење на нивните информации и трудот или времето поминато на РАБОТА (колку си активен).
Со оглед на тоа дека најчесто при успешни зделки ќе заработуваш некоја сума изразена во центи (дури и помалку) по успешно акција. Излегува дека почетниот капитал е најбитната работа,и за успешна работа со солидна заработувачка ти требаат околу 10000$, нешто што се препорачува како минимум кој треба да го имаш за да почнеш со работа на овој принцип (збориме колку да вадиш на почеток некоја екстра пара, па како ти расне билансот ќе се зголемува и заработувачката). Ама како репер за пристојна заработувачка се 10000$ што ти пишав погоре се под тоа е за млатење празна слама.
Испратено преку македонски пошти