хе, фала Господине Анчо.., за миг ме вративте во детството
Ај сеа ќе пробам нешто: вратата на Свети Димитрија , па одиме ..дуќанчињата кои и денес постојат, па уличката на лево, мислам к'лдрмата уште ја има. Преку неа паркчето со потпорен ѕид и чешма на аголот како дел од ѕидот..на чиј врв беше ЦК-а.
Одиме по Караорман сега, на ќушето она подигнатиот излог со велосипеди, каршија амамот и дуќанот на Краш (Животинско Царство), па после дуќанот со кожа ,ѓонови и кондураџиски потрепштини ко у сутерен.. па Базар со текстилот со чудни ламби на петролеј кои јако светеа со некаква усвитена мрежичка( кога често немаше струја..), па слакарницата Пеливан (имаше во чаршија и Мал Пеливан и Баш пеливан ко ланец на франшиза беа......, браварот отварач на сефови, после на стрмата уличка нагоре, копчарот. На ќушето тој со шапките, па Лила слаткарница.
Од каршија Борово..(тие твоите неколку скали нагоре ме натераа на ова призивање на духови).
После одма се влегуваше во некој двор со некоја менза-кафана што ли беше , па казанџијата, веројатно ти се сеќаваш на неговиот нов дуќан од блокот дуќани кои го изградија многу подоцна, му го срушија стариот фамилијарен, па доби нов... кој сега пак го срушија изгледа.....
Беше покрупен не многу висок човек, стално мрачен ( со многу добра тажна причина) кој ритмички удираше по бакрот на една чудна наковална, седнат горе на понкот крст нозе и како никогаш да не си одеше дома. Пред него полека и необјасниво за мене тогаш.., од лимот се формираше казан...
Одма тука беше и берберницата каде првпат ме однесоа на шишање.
Каршија на самото ќуше бои и лакови.На крајот на тој дел на Караорман десно од страната на казанџијата....дуќан со венци и погребални сандаци, каршија Гранап..брашно,сол,шеќер, ориз,зејтин..се на кило, само дифката пакувана (дуќанот уште постои) под нозете на улицата која одеше до мостот.., зиданиот со тули свод на реката Серава, а преку улица фурна со ѕидана печка и за секогаш неповторливиот мирис на свеж топол леб.
Каршија паркчето..последното од големите дрва долго стоеше на местото каде е Скендер бег.
Куќите околу беа сите убави, некои и со витражи. На тој дел ептен добро се сеќавам, карши складот на Ауто Македонија и нивната голема американска лимузина, живеев до земјотресот. Мислам дека би можел во детаљи да го нацртам : работилниците на слаткарството Ванила, нивните две запрежни коли -фургони со арабаџијата напред под стреа ко кај Амишите..за развезување тулумби и остало, со огромните белгиски пиварски коњи.., па ливницата која лиеше ногари за машини за шиење, па калајџијата и гаражата за противпожарни возила, чешмата со каменото корито, ковачот едниот, па другиот погоре. Улицата Караорман одеше од Камени Мост па се до Стара Нова Бања во која еднаш како мал мајками ме зеде со неа и убаво се сеќавам на просторијата со камените клупи, канали за топла вода во нив и лимените лончиња за поливање.
Занимливо..., изгледа дека е точно тврдењето дека мозокот памети се, само ние ја немаме способноста да ги отвориме кога ни ќефне тие фајлови , освен во сон или кога некој Анчо ќе те поттикне на сеќавање.
Стари занаети??? ...не заебаајте секоја работа на овој свет има почеток, максимум и крај. Сеа нема можеби калајџии, јорганџии и слично , ама има веб дизајнери, мерчандајзери, маркетинг гуруи, контролори на летање. Можеби само курвите од сите видиви се едни па исти од век и веков , па дури постои веков