Заборавени(изумрени)професии

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Мислам дека нема ваква тема, а можеби (вас)младите и ќе ги интересира за овие стари еснафи-занаети кој ги имаше многу во нашево подневје,посебно во 19-20 век.
Јас бидеиќи живеев-пораснав така да речам во чаршијата,се уште ги слушам ударите на чеканите на казанџиите,тука на влезот на чаршијата од десната страна,нешто понатаму беше „Борово“,подигната 3-4 сакли од калдрмата.Таа музика на обликување на бакарот во казан за ракија не се лесно заборава.О колку се погреши што тие си „заминаа“ и на тоа место имате сега 10 со кромид. А колку би било сега тоа атракција во чаршијата за странските туристи.
Морам пак да го спомнам тој звук на чеканите,таа музика,тоа мајсторство,тој еснаф.
Но понатаму низ чаршијата имаше и многу други еснафи-занаети,работилници и мајстори кој сега ги нема,а на нивно место имате(за жал)менувачници,чајџилници и „шверц“-златари.
Се уште се држат неколку лимари,се уште има побарувачка за нивните производи како олуци но со појава на пластиката дали по едно -две корита или кофи продаваат во годината.
На крајот таму пред пазарот и е изгледа единствениот ковач или има уште еден и толку. Тие се секако потребни поради: Секирите,мотиките,ашовите, и сл. но ковање на потковици е сепак реткост, а за тоа треба голема умешност-мајсторство, од право парче челик до производ.
А самарџии, е самарџии нема а ги имаше неколку по чаршијата и сите имаа полно работа.
На кого сега самар би му продал, почнавме со фичовци и шкоди а сега со тојоти и мечки се возиме и кога треба и кога не треба,море и по тутун на нивите се оди на 4 тркала.
На неколку места имаше и откуп на сирови кожи од питоми и диви животни.Сега нема ни 1.
Не ги спомнав: кујунџии,сарачи,грнчари,качари
(за дрвени буриња)ташнари,бојаџии,крзнари,терзии,бозаџии.
Овие еснафи беа некако фамилијарни и пренесувани од колено на колено,но имаше и кај нив чираци кој го учева тој занает тука во дуќанот,ковач или казанџија не се станува седејќи во клупа,треба да се фати чеканот,да се има мерак-воља и да се учи со работа.
Скоро на сите овие еснафи и сега кога шетам по чаршијата им го знам местото - дуќанот.
-------------------
Но има и други еснафи - помодерни,оние што се учева во школијата,како мене на пример во она каубојско школо „Коце Металец“- бравари,дреари,електричари,заварувачи и др.
Е ама имаше и некој еснафи-занаети кој ги немаше во чаршијата а ни во школијата.
-------------------
Изумрени професии: СТАКЛОДУВАЧ
За да бидеш стаклодувач треба да имаш вешти раце и усни,а баш такви беа мајсторите во скопската стакларница па затоа почнаа стакларниците од Шведска да ги бараат и поради тоа во средина на седумдесетите години од минатиот век,дошло-дојде до недостиг на стаклодувачи во оваа скопска фабрика.Тие во скопската фабрика(во која сум бил тоа време и сум ги гледал како од вжештената течна стаклена маса со дувачките стапчиња)ги правеа светски познатите вазни и ги обликуваа во разни форми со современ дизајн.
Тие години имаше недостиг на СТАКЛОДУВАЧИ и таа професија беше дефицитарна. Имаше и акција да се вратат СТАКЛОДУВАЧИТЕ од Шведска но никој не се одзва и врати, иако и овде почнаа да се даваат подобри услови.На пример плата од 7000 динари ( 77-78 година).
Во заводот се организираше тие години и едногодишен курс за СТАКЛОДУВАЧИ,но и покрај добрите услови никогаш не се потполни бараната бројка,од барани 34 кандидати,едвај се пријавуваа-оспособуваа 20, па потоа повторно се објавуваше нов оглас за курсисти за СТАКЛОДУВАЧИ но младите изгледа ја избегнуваа оваа професија „тогаш“, и покрај тоа што за цело време на курсот им се нудеше и стипендија од 1750 динари и превоз.
Сега-денес нема потреба од СТАКЛОДУВАЧИ бидеиќи некој арамии ја запустива фабриката меѓу првите со онаа првиватизација.
Колку ли само вазни,пепелници и шишиња отишле со налепница „Маде ин Шведен“ а направени-издувани од македонски СТАКЛОДУВАЧИ (можеби КУЛ да најде-истражи)
тоа беа стварно врвни мајстори на занатот, е кога некој би се јавил и да раскаже подобро за оваа изумрена професија СТАКЛОДУВАЧ, сега се сите тие во пензија и во поодминати години,па прашајте ако најдете некој од тие еснафи дополнете ја прикаскава.
Продолжете сега со некој други изумрени професии - занаети од вашето место.
 
Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Мислам дека пред некој месец се отвори ваква тема, таа беше за поопширно во целиот свет. На пр. како оние што луѓето ги буделе наутро за на работа, сечачите на мраз, палачите на улични светилки и сл.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Чичко Анчо прво лајк ти стаив па го прочитав воведот. :D
Интересна тема. (y)

Поздрав.:)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Професионално заболување кај стаклодувачите била кила :)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Мислам дека пред некој месец се отвори ваква тема, таа беше за поопширно во целиот свет. На пр. како оние што луѓето ги буделе наутро за на работа, сечачите на мраз, палачите на улични светилки и сл.
Да и јас се сеќавам на таа тема(КУЛ таму даде неколку примери) но овде да разговараме-пишуваме за нашите занаети,за занаетите на нашите дедовци и таткови кој не беа програмери и претприемачи. Значи за еснафите од нашата чаршија.
А кој за жал ги нема повеќе.[DOUBLEPOST=1410814264][/DOUBLEPOST]
Чичко Анчо прво лајк ти стаив па го прочитав воведот. :D
Интересна тема. (y)

Поздрав.:)
Во ред знам,ме радува тоа.(а има и што да се прочита ако се сака) а не во оние теми без врска каде и јас се мешам,а кој се скојдневно отвараат а се со иста тематика, дали сте :drk:во голубарник,во штала,во плевна...море и во кладионица.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Налбантин... или потковувач... Изумрен занает.
Налбантин ти е на струмички.
Човек кој потковува коњи.
Мислам дека изумреа и сарачите. Тоа беа луѓе кои изработуваа опрема за коњи... узди, амути, седла...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Има џамбази уште?
Ова мислиш на трговци на коњи и други домашни животни ? Да, ги има, само што од ветерина се затворени сите сточни пазари во моментов па бизнисот (леганиот) им е затворен :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ова мислиш на трговци на коњи и други домашни животни ? Да, ги има, само што од ветерина се затворени сите сточни пазари во моментов па бизнисот (леганиот) им е затворен :)
Да,знам дека се затворени,и знам дека се тговци со стока (коњи најповеќе) ама дали се како што биле,купуваат многу коњи ако се диви ги смируваат со многу ќотек и ги продаваат.Тие на пазар што излегуваат се 90% обични сточари :)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Има џамбази уште?
Па да ги спомнеме и мечкарите,ако веќе ги спомнавте џамбазите, но дали тоа спаѓа во еснаф незнам,но сепак тие луѓе живееле од таа професија која сега ја нема.
Мечкари сум гледал многу пати ги имало по улиците на Радовиш,Кавадарци и сигурно и во други градови(и Струмица).
Тоа беа обично Роми кој водеа една мечка (богами и доста голема) врзана-зауздана со еден стап и ја тераа да игра на две нозе а со дајре удараше најчесто некоја во широки шалвари. Мислам,сум слушал дека и некој болести се лечело со овие мечки како на пример за реума и слични требало да те изгази мечката,но не сум сигурен не сум видел кој знае повеќе нека напише.
-----
Баш пред некој ден видов повторно мечкари по улица овој пат ги носат-шетат за сликање(ама не кај нас).
 
Чичко Анчо дали знаеш како се учени тие мечки да играат?
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Ова лето бев во едно Бервско село да си купам волна...и си купив 10 вреќи волна, од наша автохтона овца шарпланинка и овчеполка... Обработката на волна е тежок процес, едвај најдов влачарка за да ја извлачам и луѓето ја пуштија само за мене...но желбата да се креира е голема...
Значи влачарството може да се каже дека е изумрен занает и скоро никој не влачи волна, а во светот сеуште се ценат волнените производи...
Валавичарството исто...
Научив како да ја бојам со природни растенија...но порано имало специјални бојаџилници...бојаџиството исто може да се смета за изумрена професија...
За ова порано не знаев многу, но со тек на време учам...
Сакам да работам со волна како медиум, и да го вратам сјајот на тој прекрасен материјал...
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Чичко Анчо дали знаеш како се учени тие мечки да играат?
Не верувам дека мечките знаева да играат. Еве јас како се на тоа сеќавам а беше пред 50 години,од тогаш и не сум видел мечкари,сигурно сега и не е дозволено,па сега и на куче бараат да има заштитна маска а не пак мечка да дозволат.
Секогаш одеше мечкарот со мечката ама и Ромката веројатно негова сопруга со дајре во рацете и кога ќе се собереше народ или неколку луѓе таа почнуваше да удара на дајрето и да„ свири“.
Мечката на муцката со алка имаше врзано еден стап од 1,5 м,а другиот крај го држеше мечкарот,баш тука е преварата,да е врзана мечката со ланец или ортома би требало сама да игра,ама овака мечкарот со стапот ја „подига“ па потоа ја врти и подбутнува и се чини дека така сама мечката игра по звуците на дајрето.Сите даваа по некој динар за играњето.
Овака тие мечкарите го шетаа целиот град а посебно одеа кога се пазарни денови во тој град................................................... Picture 1783.jpg пред некој ден во Албанија на плажа со полно народ,мечкар ја шета мечката за сликање.Носи со себе и апарат но може и за ситна пара да се сликате со мечката и со ваш апарат.
Во Драч пак видов исто така мечкари и тоа навечет вака ги шетаат по тротоари и шеталишта,незаштитени со ништо за сликање[DOUBLEPOST=1410821358][/DOUBLEPOST]
Ова лето бев во едно Бервско село да си купам волна...и си купив 10 вреќи волна, од наша автохтона овца шарпланинка и овчеполка... Обработката на волна е тежок процес, едвај најдов влачарка за да ја извлачам и луѓето ја пуштија само за мене...но желбата да се креира е голема...
Значи влачарството може да се каже дека е изумрен занает и скоро никој не влачи волна, а во светот сеуште се ценат волнените производи...
Валавичарството исто...
Научив како да ја бојам со природни растенија...но порано имало специјални бојаџилници...бојаџиството исто може да се смета за изумрена професија...
За ова порано не знаев многу, но со тек на време учам...
Сакам да работам со волна како медиум, и да го вратам сјајот на тој прекрасен материјал...
Бојаџии имаше во нашата чаршија(до скору се уште имаше уште еден) фарбаа-ја вареа волната во големи казани,јас сум носел таму некој работи на фарбање,порано беше немаштија не се фрлаше ништо, старите џемпери се расплетуваа и потоа се носеше таа волница или волна на бојаџии и поворно се плетеа џемпери.
Сега ми текна ама некој што повеќе знае ќе спомне за свилената буба ( дудинки,гасеници, произвоство и т.н.)
А памук,па памук нема повеќе ни еден корен во Македонија,а Овче поле се белееше од тие насади и тоа произвоство.[DOUBLEPOST=1410821657][/DOUBLEPOST]
Арно ги спомна калајџиите,јас ги изумив.Тие послератни години во слободна Македонија,покрај тоа што имаше калајџии во чаршиите,имаше и такви а и повеќето беа такви што одеа со добици натоварени со алатот и тавите по селата и таму викаа по долно и горно маало но најчесто на сред село кај селската чешма ги калајдисуваа садовите или дома кај стопаните-селаните.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom