Ердоган: Жените и мажите не може да бидат еднакви

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
Вакви исламофоби и туркофоби, како членкава погоре, навистина не ни требаат на форумот. Се надевам дека надлежниот ќе санкционира (за доброто на односите помеѓу двете братски земји).
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
Posle postot na Profemina, ja razbiram izjavata na Erdogan. Maz nikogas ne bi mozel da pise post od koj frstat tolku frustracii:вонзем:
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Изборот на жените од Дубаи е да живеат во склоп со религиозните убедувања. Ќе речеш дека во Дубаи или другите муслимански земји нема слобода на мислење и говор, но од друга страна имаш рапидно растечки број на муслимани во Европа кои воопшто не се обидуваат да се ослободат од религиозните стеги, туку напротив, сакаат да ги пренесат со себе каде и да одат.

Апсурдно е борбата за правата на муслиманските жени да ја водат атеисти или припадници на други религии.


.
Жените од Дубаи немаат избор,за разлика од тие во Европа,што ги спомнуваш.Огромна разлика има помеѓу тие две категории на жени.

Инаку,во Дубаи не само што нема слобода на мислење и говор,туку се е цензурирано.Цензура има дури и кога зборуваш на телефон,при спомнување на одредени зборови се уклучува звучен сигнал.За интернет да не правиме муабет,ебати државата каде што не можеш да отвориш еден мочан порно сајт,да го млатнеш како човек.
Дека имаат пари,имаат,ама јас таму не би живеел ни за милиони евра.

За тоа болдираното се согласувам,сами треба да се изборат ама во земји како Дубаи,Катар,СА и слични,тоа е речиси невозможно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Posle postot na Profemina, ja razbiram izjavata na Erdogan. Maz nikogas ne bi mozel da pise post od koj frstat tolku frustracii:вонзем:
Затоа што ниту еден маж не бил системски и институционално репресиран само заради тоа што е маж, за разлика од жените во делови од светот, каде не смеат ни да имаат свои мисли, а камоли тие мисли јавно да ги преточат во ставови.
Не се согласувам често со голем дел од ставовите на Профемина, но постов не ти е на место. Прочитај малку што се случува низ светот и како се жените третирани, оваа тема и тие случувања треба секого да го изреволтираат и да сфати колкави неправди има низ светот, не е ова конкретно битка на половите, туку битка за основни човечки права.

Bill Gates recalls once being invited to speak in Saudi Arabia and finding himself facing a segregated audience. Four-fifths of the listeners were men, on the left. The remaining one-fifth were women, all covered in black cloaks and veils, on the right. A partition separated the two groups. Toward the end, in the question-and-answer session, a member of the audience noted that Saudi Arabia aimed to be one of the Top 10 countries in the world in technology by 2010 and asked if that was realistic. “Well, if you’re not fully utilizing half the talent in the country,” Gates said, “you’re not going to get too close to the Top 10.”
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ти си Хитлер-мераклија,а?
Ердоган тоа што го кажал, во споредба на тоа ти што си пишал, е изјава на најслободољубив човек на светот.
Ти би да уништиш се што не ти се бендисува и не мисли како тебе?
Jа би да уништам, али не како што ти си замислил. Ја би да ги уништам сите вери, без исклучок. Сите тие се само за да се контролира простата раја. А во денешно време се помалку има проста раја. Да се едуцираат луѓето, да научат многу повеќе од тоа што го нуди едно бедно книжуле. Да се има право на избор како ќе го живеам животот и што ќе правам со него. Тоа ниедна религија не го нуди, особено монотеистичките. За другите кои се безгласна буква во споредба со овие нема потреба да дискутирам сега овде.
Ердоган е идиот кој ја носи Турција во пропаст, ја враќа во 5-ти век, ..... срамота е тоа од школуван човек во 21-ви век. Пропаста на Турција е во тоа што ќе ја изгуби соработката од цивилизираниот свет, а во исто време е и црна овца во исламот.
Ете како не мора јас ништо да уништам, сами си се уништуваат.
А за Хитлер, тоа беше само споредба, ама тоа “мераклија“ само зборува за твојот капацитет на изразување.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Жените од Дубаи немаат избор,за разлика од тие во Европа,што ги спомнуваш.Огромна разлика има помеѓу тие две категории на жени.

Инаку,во Дубаи не само што нема слобода на мислење и говор,туку се е цензурирано.Цензура има дури и кога зборуваш на телефон,при спомнување на одредени зборови се уклучува звучен сигнал.За интернет да не правиме муабет,ебати државата каде што не можеш да отвориш еден мочан порно сајт,да го млатнеш како човек.
Дека имаат пари,имаат,ама јас таму не би живеел ни за милиони евра.

За тоа болдираното се согласувам,сами треба да се изборат ама во земји како Дубаи,Катар,СА и слични,тоа е речиси невозможно.
Јас сум студирал со арапкињи од УАЕ и затоа имам поделено мислење, на сите нив треба да се гледа индивидуално.
Од друга страна преку работа запознав неколку Чехињи кои преминале на ислам доброволно поради мажот им муслиман и се потврдокорни практиканти и застапници на исламот отколку овие правите, на работа одат забулени. Од друга страна сведок сум на многу религиозно мешани бракови каде секој е на своето.
Точно дека според стриктно држење до шеријатските закони во арапските земји како УАЕ, слободата не само за жените туку генерално земено е многу ограничена во споредба со немуслиманските земји, но од друга страна практикувањето на најстрогите шеријатски казни не е така вообичаена работа колку што се прикажува на западните медиуми.
Особено кога станува збор за странски државјани, освен во драстични примери на нарушување на законот, слободата воопшто не им е ускратена, а тоа е резултат на бизнисот кој таму се прави и потребата за флексибилност.

Пример за тоа што го зборев:
Видео

Иначе, ако погледнеш колку напредувале правата на арапските жени во УАЕ во изминативе 2-3 децении ќе видиш дека ништо не е невозможно, над 20% од жените се вработени, возат коли и се’ почесто завршуваат со високо образование на западни универзитети.

Е сега, ако целта ни е да се гледа порно и отвара свингерски клубови во сите земји на светот, тогаш веројатно никогаш не сме излегле од пубертетот или станува збор за друг нешто. :)[DOUBLEPOST=1417126247][/DOUBLEPOST]
Jа би да уништам, али не како што ти си замислил. Ја би да ги уништам сите вери, без исклучок. Сите тие се само за да се контролира простата раја. А во денешно време се помалку има проста раја. Да се едуцираат луѓето, да научат многу повеќе од тоа што го нуди едно бедно книжуле. Да се има право на избор како ќе го живеам животот и што ќе правам со него. Тоа ниедна религија не го нуди, особено монотеистичките. За другите кои се безгласна буква во споредба со овие нема потреба да дискутирам сега овде.
Ердоган е идиот кој ја носи Турција во пропаст, ја враќа во 5-ти век, ..... срамота е тоа од школуван човек во 21-ви век. Пропаста на Турција е во тоа што ќе ја изгуби соработката од цивилизираниот свет, а во исто време е и црна овца во исламот.
Ете како не мора јас ништо да уништам, сами си се уништуваат.
А за Хитлер, тоа беше само споредба, ама тоа “мераклија“ само зборува за твојот капацитет на изразување.
Не можеш тоа да го оствариш на начинот кој замислуваш се додека има луѓе подготвени да гинат за својата вера, никој не е најпаметен да им суди на оние кои своето право на избор го искористиле да бидат верници.

Или тоа право на избор не им следува?

Верските учења кои ги познаваме во формата во која ни се предавани, се преработени од луѓе со цел да си овозможат привилегии и власт над останатите, т.е. злоупотребени учења.

Било кој правен систем, вредносно морален и сл. ги има за основа верувањата во праведноста, во љубовта, во грижата и не може така лекомислено да ги отфрлиме сите овие досега постигнати работи.

Исламот оставен сам на себе ќе се реформира како што тоа беше случајот и со христијанството, само доколку се изолираат одредени профитерски групации кои се обидуваат да го злоупотребат исламот како што тоа го правеле христијаните во верските походи на останатите континенти.

Од друга страна, феминистичките движења се потребни да ја подигнат свеста на жените, но се’ до оној момент додека не се радикализираат и злоупотребуваат во спроведување на своите агенди како што тоа го прават радикалните исламски групи. Ниту еден екстрем не е добар, но одвреме на време потребен е судир меѓу двата за да произлезе рамнотежа.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Jа би да уништам, али не како што ти си замислил. Ја би да ги уништам сите вери, без исклучок. Сите тие се само за да се контролира простата раја. А во денешно време се помалку има проста раја. Да се едуцираат луѓето, да научат многу повеќе од тоа што го нуди едно бедно книжуле. Да се има право на избор како ќе го живеам животот и што ќе правам со него. Тоа ниедна религија не го нуди, особено монотеистичките. За другите кои се безгласна буква во споредба со овие нема потреба да дискутирам сега овде.
Ердоган е идиот кој ја носи Турција во пропаст, ја враќа во 5-ти век, ..... срамота е тоа од школуван човек во 21-ви век. Пропаста на Турција е во тоа што ќе ја изгуби соработката од цивилизираниот свет, а во исто време е и црна овца во исламот.
Ете како не мора јас ништо да уништам, сами си се уништуваат.
А за Хитлер, тоа беше само споредба, ама тоа “мераклија“ само зборува за твојот капацитет на изразување.
Ти би да уништиш нешто ама не како јас што сум замислил.
Ти го разбираш ли зборот уништување,или по дома си го употребувате ама никогаш не сте го сватиле неговото значење?
Ти МИСЛИШ дека религиите се лоши ама другиот не смее да МИСЛИ дека религијата е добра.
Ти МИСЛИШ дека е тоа за проста раја ама тие не смеат да МИСЛАТ дека си ти глупава раја која така МИСЛИ.
Ти сакаш да имаш право на ИЗБОР, ама тие не смеат да имаат право на ИЗБОР зошто ти МИСЛИШ дека тие не МИСЛАТ.
Ти Мислиш дека Турција се враќа назад ама тие МИСЛАТ дека Турција оди напред,.
Хитлер исто ко тебе бил полн со зборовите за демократија слободи и права,он милсел дека тој има монопол врз мислите и дека само неговите мисли се исправни и вистинити.
Исти ти.
Таквите ко тебе исклучиви кои исклучуваат се што не мисли како нив се многу полоши и многу повеќе зло нанеле и ќе нанесат на овој свет.
А такви ги има и меѓу верските и меѓу демонкратските фанатици,само што немаат огледало да се видат па единствено што можат да видат е тоа што го прави другиот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Jа би да уништам, али не како што ти си замислил. Ја би да ги уништам сите вери, без исклучок. Сите тие се само за да се контролира простата раја. А во денешно време се помалку има проста раја. Да се едуцираат луѓето, да научат многу повеќе од тоа што го нуди едно бедно книжуле. Да се има право на избор како ќе го живеам животот и што ќе правам со него. Тоа ниедна религија не го нуди, особено монотеистичките. За другите кои се безгласна буква во споредба со овие нема потреба да дискутирам сега овде.
Ердоган е идиот кој ја носи Турција во пропаст, ја враќа во 5-ти век, ..... срамота е тоа од школуван човек во 21-ви век. Пропаста на Турција е во тоа што ќе ја изгуби соработката од цивилизираниот свет, а во исто време е и црна овца во исламот.
Ете како не мора јас ништо да уништам, сами си се уништуваат.
А за Хитлер, тоа беше само споредба, ама тоа “мераклија“ само зборува за твојот капацитет на изразување.
Имаше една идеологија која беше на власт минатиот век, која искористи начини на кои може и инквизицијата да им позавиди да ги уништи верите.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
4
Поени од реакции
2
Шо правиме ако мажот, поради здравствени причини, не е во состојба да заработува? Жената станува газда? Или во општ случај кога жената заработува повеќе од мажот?Шо ќе правиш ти во таква ситуација? Ќе ја викаш "шефе"? Газда?:icon_lol:
.
Знам дека ќе бидам off, ама ке ти одговорам, после модераторот ако сака нека ги избрише или префрли и прашањето и одогворот..,

Ако мажот е физички не способен, тогаш тој спаѓа во гурпата на сиромаси или невољници,а таа е онаа група која во Шеријатски правна држава добива материјална помош од оние кои имаат многу.
Тоа е строга верска обавеза за Муслиманите, оние богатите да му дадат на сиромасите, за да колку толку биде избалансирано опшеството.

Ако пак жената заработува, мажот не е физички способен, жената нормално дека смее да го помогне или материјално да ја снабдува фамилијата.Но е важно да се напомене дека не е „задолжителана„ да го прави тоа, и никогаш жена не може да биде над мажот.

Ако пак жената заработува повеќе пари од мажот, и во овој случај мажот е строго задолжен да ја снабдува фамилијата со основните материјални потреби.Жената може да си ги троши своите пари на она што сака, злато, недвижнини, да му подари било што на мажот, да дава на сиромаси, нормално да троши на својата фамилија..и.т.н.

Уште една битна работа е таа што, мажот и жената никогаш не ги мешаат, и не ги ставаат во заедничко материјалните богатства(недвижнини,пари,злато,стока и.т.н).На сето ова,и мажот и жената, поединечно, се подложи на годишен данок (зекат) од 2.5 %, ако нивните материјални богатства, поединечно ја надминуваат границата на вредност од нешто повече од 90 грама злато.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Абе реално имам почин кон сите религии, ама дека Христијанството и Исламот е проблем за светот е едноставно треба да се модифицираат малку...

Инаку јас сум Евреин по вера и драго ми е што се регистрирав на овој форум..
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Значи според тебе најубаво е да се уништат сите религии во светот, и да се живее вo нов атеистички свет..
Атеизам и полигамија (по 5 џенџки на сите)
Абе реално имам почин кон сите религии, ама дека Христијанството и Исламот е проблем за светот е едноставно треба да се модифицираат малку...

Инаку јас сум Евреин по вера и драго ми е што се регистрирав на овој форум..
Стварно треба да се модифицираат.
Дај сега парите.

На темава; јас мислам дека жените никогаш немаше да бидат репресирани доколку си седеа мирни во кујната, ама тоа е тоа некој пункерки од Украина ги лажат нашите хипстерки имајќи да споделиме по некој рецепт...
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Абе реално имам почин кон сите религии, ама дека Христијанството и Исламот е проблем за светот е едноставно треба да се модифицираат малку...

Инаку јас сум Евреин по вера и драго ми е што се регистрирав на овој форум..
Добредојде на форумов.
Јас сум христијанин, и мислам дека ваков каков што е, Јудеизмот треба да се модифицира зошто е главен проблем за светскиот мир и социјална правда.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Добредојде на форумов.
Јас сум христијанин, и мислам дека ваков каков што е, Јудеизмот треба да се модифицира зошто е главен проблем за светскиот мир и социјална правда.
Не ме интересира кој сте или што сте, било што да си те почитувам,но каде виде дека Јудеизмот прави проблеми ? И тоа социјална неправда ? Инаку антисемитизмот не е добра работа..
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Има нешто што е наречено секуларизам. Истиот принцишп подразбира одделување на државните институции и мандатари кои ја претставуваат државата и религиозните институции и свештеништвото. Овој принцип најчесто е утврден со уставот на државата и практично се применува. Бар во "нормални" држави.

Биди ти припадник на која религиозна група сакаш или не биди на никоја, твоја работа. Се додека не се испречува во државната работа.
Ватикан не е секуларна држава. Теократија е. Русија и Турција, иако со устав се секуларни држави во последно време без проблем го газат овој принцип, најверојатно поради некакви носталгични или попоулистички побуди.
Можеби сега ќе се договарат нешто за жените :icon_lol:
Почнува тридневната посета на папата во Турција

http://alsat.mk/index.php/vesti/svet/11825-почнува-тридневната-посета-на-папата-на-турција.html
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
Не ме интересира кој сте или што сте, било што да си те почитувам,но каде виде дека Јудеизмот прави проблеми ? И тоа социјална неправда ? Инаку антисемитизмот не е добра работа..
:pos: Самиот рече дека Христијанството правело проблем и дека треба да се модифицира. Кога Христијанин го изложи своето потполно исто мислење за твојата религија, ти го прогласи за антисемит. Дали по таа аналогија ти си антихристијанин?
И во тој случај, зошто антисемитизмот би бил лоша работа, а антихристијанството не?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom