Жените од Дубаи немаат избор,за разлика од тие во Европа,што ги спомнуваш.Огромна разлика има помеѓу тие две категории на жени.
Инаку,во Дубаи не само што нема слобода на мислење и говор,туку се е цензурирано.Цензура има дури и кога зборуваш на телефон,при спомнување на одредени зборови се уклучува звучен сигнал.За интернет да не правиме муабет,ебати државата каде што не можеш да отвориш еден мочан порно сајт,да го млатнеш како човек.
Дека имаат пари,имаат,ама јас таму не би живеел ни за милиони евра.
За тоа болдираното се согласувам,сами треба да се изборат ама во земји како Дубаи,Катар,СА и слични,тоа е речиси невозможно.
Јас сум студирал со арапкињи од УАЕ и затоа имам поделено мислење, на сите нив треба да се гледа индивидуално.
Од друга страна преку работа запознав неколку Чехињи кои преминале на ислам доброволно поради мажот им муслиман и се потврдокорни практиканти и застапници на исламот отколку овие правите, на работа одат забулени. Од друга страна сведок сум на многу религиозно мешани бракови каде секој е на своето.
Точно дека според стриктно држење до шеријатските закони во арапските земји како УАЕ, слободата не само за жените туку генерално земено е многу ограничена во споредба со немуслиманските земји, но од друга страна практикувањето на најстрогите шеријатски казни не е така вообичаена работа колку што се прикажува на западните медиуми.
Особено кога станува збор за
странски државјани, освен во драстични примери на нарушување на законот, слободата воопшто не им е ускратена, а тоа е резултат на бизнисот кој таму се прави и потребата за флексибилност.
Пример за тоа што го зборев:
Видео
Иначе, ако погледнеш колку напредувале правата на арапските жени во УАЕ во изминативе 2-3 децении ќе видиш дека ништо не е невозможно, над 20% од жените се вработени, возат коли и се’ почесто завршуваат со високо образование на западни универзитети.
Е сега, ако целта ни е да се гледа порно и отвара свингерски клубови во сите земји на светот, тогаш веројатно никогаш не сме излегле од пубертетот или станува збор за друг нешто.
[DOUBLEPOST=1417126247][/DOUBLEPOST]
Jа би да уништам, али не како што ти си замислил. Ја би да ги уништам сите вери, без исклучок. Сите тие се само за да се контролира простата раја. А во денешно време се помалку има проста раја. Да се едуцираат луѓето, да научат многу повеќе од тоа што го нуди едно бедно книжуле. Да се има право на избор како ќе го живеам животот и што ќе правам со него. Тоа ниедна религија не го нуди, особено монотеистичките. За другите кои се безгласна буква во споредба со овие нема потреба да дискутирам сега овде.
Ердоган е идиот кој ја носи Турција во пропаст, ја враќа во 5-ти век, ..... срамота е тоа од школуван човек во 21-ви век. Пропаста на Турција е во тоа што ќе ја изгуби соработката од цивилизираниот свет, а во исто време е и црна овца во исламот.
Ете како не мора јас ништо да уништам, сами си се уништуваат.
А за Хитлер, тоа беше само споредба, ама тоа “мераклија“ само зборува за твојот капацитет на изразување.
Не можеш тоа да го оствариш на начинот кој замислуваш се додека има луѓе подготвени да гинат за својата вера, никој не е најпаметен да им суди на оние кои своето право на избор го искористиле да бидат верници.
Или тоа право на избор не им следува?
Верските учења кои ги познаваме во формата во која ни се предавани, се преработени од луѓе со цел да си овозможат привилегии и власт над останатите, т.е. злоупотребени учења.
Било кој правен систем, вредносно морален и сл. ги има за основа верувањата во праведноста, во љубовта, во грижата и не може така лекомислено да ги отфрлиме сите овие досега постигнати работи.
Исламот оставен сам на себе ќе се реформира како што тоа беше случајот и со христијанството, само доколку се изолираат одредени профитерски групации кои се обидуваат да го злоупотребат исламот како што тоа го правеле христијаните во верските походи на останатите континенти.
Од друга страна, феминистичките движења се потребни да ја подигнат свеста на жените, но се’ до оној момент додека не се радикализираат и злоупотребуваат во спроведување на своите агенди како што тоа го прават радикалните исламски групи. Ниту еден екстрем не е добар, но одвреме на време потребен е судир меѓу двата за да произлезе рамнотежа.