Енергетска зависност на Македонија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Професорот Константин Димитров тврди дека малите хидроцентрали нема да донесат пониски сметки за струја
Професорот Атанаско Туневски пак тврди нивното влијание е мало
http://www.makdenes.org/content/article/25095208.html
И понатаму има медиуми кои дури сега известуваа дека струјата наместо 4,48%, поефтинила само 3%
http://mkd-news.com/poskape-poevtunuvaneto-strujata-namesto-za-4-48-otsto-ke-poevtini-za-3-otsto/
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Професорот Константин Димитров тврди дека малите хидроцентрали нема да донесат пониски сметки за струја
Професорот Атанаско Туневски пак тврди нивното влијание е мало
http://www.makdenes.org/content/article/25095208.html
И понатаму има медиуми кои дури сега известуваа дека струјата наместо 4,48%, поефтинила само 3%
http://mkd-news.com/poskape-poevtunuvaneto-strujata-namesto-za-4-48-otsto-ke-poevtini-za-3-otsto/
А што предлагаат споменативе господа како алтернатива на 20-тина мали хидро електрани, кои нема да донесат поевтинување на струјата!? Па и жито поскапо произведуваме од увозното (од Србија на пример)... но тоа најмалку значи дека треба сосема да престанеме со производство на жито... Што како алтернатива?
Сигурно не оние смешни ветерници или огледала!?
Во посочениот текст професор Димитров говори и за бенифит од малите или микро хец:
„Но тие значајно помагаат во намалување на увозната зависност, затоа што од државата секоја година се зголемуваат потребите за потрошувачка на електрична енергија, така да тие да ги задоволат и тие неколку проценти кои се зголемуваат е добра работа, барем не се зголемува зависноста....‘‘
Но што како алтернатива?
Можеби да се вратиме на стариот предлог од пред 20-тина години, ми се чини понуда од http://www.westinghousenuclear.com/ па нека изградат една таму кај Гевгелија и со еден куршум два зајака да отепаме!? ;)
Албанија на пример е многу понапред од нас во овој сегмент од енергетиката, тие скоро деценија тераат вакви проекти, изградба на мали и микро хец, дури и како акционерски друштва се организираа инвеститорите. Еве и годинава за неколку електрани дале одобрување http://www.hydroworld.com/articles/2013/january/albanian-government-approves-construction-of-three-new-micro-hyd.html
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.073
Поени од реакции
11.441
А што предлагаат споменативе господа како алтернатива на 20-тина мали хидро електрани, кои нема да донесат поевтинување на струјата!?
Предлагаат изградба на големи хидро централи, како на пример Чебрен и ГАлиште што имаат моќност колку 100 мали хидро електрани.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Предлагаат изградба на големи хидро централи, како на пример Чебрен и ГАлиште што имаат моќност колку 100 мали хидро електрани.
Па ОК е! Не е спорно дека треба да има големи системи... секако малите не ги исклучуваат големите, ниту обратно!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.073
Поени од реакции
11.441
Да, ама заебот е што со малите го прикриваат неуспехот со големите капитални инвестиции.
Ова ти е исто со градењето на локални патчиња до Свирипичино за да се замачка неградењето на автопатишта (коридорот 8 пред се). А само изминативе неколку дена 4-5 луѓе загинаат на тој коридор.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Глобус најдов напис во које директорот на топлификација вели:
За Хаџимишев нема дилеми дека не чека страшната вистина за нашата енергетска независност ако падне рудникот Суводол. „А нема друго. Значи треба да се случи чудо - треба да излезе нафта одоздола. Знаете зошто? На РЕК „Битола“ му требаат седум милиони тони јаглен годишно.Во Суводол има уште 21 милион тони докажани во овој момент
Меѓутоа, сега за три години тој јаглен ќе го нема“- заклучи во својата расправа Хаџимишев. „И тезата дека со хидроенергијата ќе се извлечеме е промашена работа“ - смета Хаџимишев.
Тој на расправата се заложи во наредниот период да сметаме само на гасот, на подземните копови на јаглен и на нуклеарката, која е многу веројатна.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=C6488078EA6D6E4D9BA9DD021A475BA6
 
T

The Blob

Гостин
Написот е објавен на 23.03.2010 година. Значи оттогаш поминале повеќе од три години, а колку што гледам од тука електраната уште чади :) Плус тоа, работи и копот Брод Гнеотино, а и овие "процените" на Хаџимишев се од ракав вадени. Ама за едно е во право - Ако снема јаглен за РЕК Битола, без разлика од каде и да е ископан, ќе ни биде бааѓи темно ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Написот е објавен на 23.03.2010 година. Значи оттогаш поминале повеќе од три години, а колку што гледам од тука електраната уште чади :) Плус тоа, работи и копот Брод Гнеотино, а и овие "процените" на Хаџимишев се од ракав вадени. Ама за едно е во право - Ако снема јаглен за РЕК Битола, без разлика од каде и да е ископан, ќе ни биде бааѓи темно ;)
Условно го прифаќам Вашето мислење дека „ ќе ни биде темно “
Во денешно време струја се добива воглавно на два начини или од јаглен или од нуклеарна енергија
Јаглен има сеуште во Македонија. Веќе постојат рудници во Берово, Вевчани и Катланово,
А сеуште е можно да се истражуваат и отвараат нови наоѓалишта
Јаглен може и да се увезе
Најголемите залихи на лигнит во Европа се во Косовскиот базен, Во близината на Ќустендил се наоѓа и работи голем рудник за кафеав јаглен
Јаглен може да се увезе и од Австралија, САД, Јужноафриканската Република, Виетнам и од други места. Постои светска трговија со јаглен
Само треба да се оспособи железницата за да тој јаглен се превезува.
И нуклеарната електрана е можност, Сега се градат големи капацитети нуклеарни електрани, а бидејќи сме ние мала земја, можеме да се здружиме со некој од соседите и заедно да изградиме нуклеарка.
Ние можеме летно време да увезуваме струја, кога е ефтина а зимно време да ја трошиме кога ни недостасува. Само треба да изградиме реверзибилна хидроцентрала со сезонска акумулација.
Но ако веруваме на вакви „ визионери “ кои
проповедаат и се надеваат дека „ ќе ни биде темно “, навистина ќе ни биде темно
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Фактор е објавен анализа дека во првите 7 месеци е увезено струја за 73 милиони евра
http://faktor.mk/archives/74094?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ne-zapira-uvozot-na-struja-73-milioni-evra-se-odlejaa-samo-za-sedum-meseci
Во анализата се жали зошто е тоа така
Но јас не мислам дека е оваа толку лошо. Зависи по која цена е увезена таа струја
Ако е увезена по пониска цена, со цел да се заштедат домашните резерви во акумулациите, за да зимно време не увезуваме струја кога е најскапа - оваа е дури и добра вест
Најлошо беше кога во февруари 2012 ТЕ - ТО работеше и испорачуваче струја по цена од 170 евра за KWh. Тоа го плативме со тоа што струјата поскапе повеќе од 20%
Сега цената на увозната струјата е пониска од 40 евра за MWh. и претпоставувам дека зад оваа анализа стојат „ визионерите “ и „ експертите “ од Топлификација кои заговараат ТЕ - ТО да работи, и ако цената на увозниот гас е повисока од цената на увозната струја. Моменталната цена на гасот е 48 евра за MWh А од три MWh енергија содржана во гас се добива помалку од еден MWh струја.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ЖИВИНАРСKАТА ФАРМА „ВЕЗЕ ШАРИ“ ВО ТРЕБОШ ГРАДИ БИОГАСНА ЦЕНТРАЛА
ОД ИЗМЕТ НА КОКОШКИ ЌЕ СЕ ДОБИВА СТРУЈА

Зденка Павковиќ

Багери, камиони, ископ на земја и веќе изградени бетонски ѕидови за идниот склад на различни видови ѓубре од кои ќе се произведува струја. Веднаш до едниот изграден ѕид веќе се одложени околу три тони комиње од винарската визба „Сковин“, која до неодамна имала проблем што да прави и каде да го складира отпадот што останува по преработката на грозјето. Отпадоци останати по направената зимница почнале да носат и жителите од село Требош. Таму, во кругот на живинарската фарма „Везе Шари“, интензивно се работи на изградба на биогасна централа со која компанијата планира да го заокружи производствениот процес, од еднодневни пилиња, сопствена мелница за храна, преку производство на јајца и преработка на живинско месо во сувомесни производи, да се дојде до производство на струја и добивање висококвалитено биоѓубриво. Се работи интензивно и се брза, како што е зацртано од германскиот партнер во фармата, до крајот на годината да се изгради халата за да може во зимските месеци да се монтира опремата и веќе идното лето да се произведува струја.

- Мојот партнер бара што побрзо да почнеме со преработка на отпадоците, не толку заради самото производство на струја, туку многу повеќе за добивање на биоѓубривото, кое ќе биде седумпати компресирано и ќе се извезува во Германија. Ваквото ѓубриво е висококвалитетно за одгледување цвеќиња и воопшто во градинарството - вели Арбен Абдурахмани, сопственик на живинарската фарма „Везе Шари“.

Заокружен производствен процес

Абдурахмани на 16 години заминал за Германија, каде што во последните седум години од престојот работел во живинарската фарма на неговиот сегашен партнер, кој сега е сопственик на 51 отсто од фармата, фабриката за сувомесни производи „Лекер“ и на биогасната централа „Енерго Шари“. Тој објаснува дека идејата за изградба на ваква централа дошла токму од неговиот партнер уште во 2006 година. Во Германија, а и во речиси цела Европа долго беше правило покрај секоја фарма за каков било добиток да се изградат вакви централи, кои, од една страна, го решаваат прашањето на отпадот и имаат еколошко значење, а, од друга, произведуваат чиста зелена струја. Меѓутоа, во Македонија ова не беше законски регулирано, а со измените на Законот за енергетика и утврдените квоти за повластени производители на струја од обновливи извори, тие уште лани есента ги почнале сите подготовки.

- Постапката малку се одолжи бидејќи требаше време да се изврши пренамена од земјоделско во градежно земјиште. Инаку, немавме пречки во нашата идеја да изградиме ваква централа, за која камен-темелникот беше поставен пред еден месец - објаснува Абдурахмани.

Во суштина, од 2002 година, кога почна инвестицијата во живинарската фарма, заедно со германскиот партнер кој, како што вели Абдурахмани, има над 50 години искуство во одгледување живина, проблемите што се појавувале се решавале со нови инвестиции. И тие давале резултати. Па така, кога требало да се врши замена на кокошките несилки, како проблем се јавило што да се прави со нив.

- Ги дававме наваму-натаму, по пазарите во Тетово, Скопје и во други градови. И тогаш решивме да инвестираме во погон за преработка на пилешко месо и добивање сувомесни производи. Ја зедовме лиценцата „Лекер“ и сега кокошките ги колеме во кланици во Скопје и во Неготино, а месото го преработуваме во нашиот капацитет. Тој е инаку прв во Македонија кој го доби сертификатот ИСО 22000 за производство на сувомесни производи. На крајот како проблем се појави прашањето што со отпадот. Сега и за тоа најдовме решение - објаснува сопственикот на „Везе Шари“.

Чистач на животната средина

Биогасната централа, која ќе биде со инсталиран капацитет од 999 киловати и годишно ќе произведува 7,95 милиони киловат-часови, ќе троши 50 тони ѓубре дневно. Можат да се обезбедат 25 отсто од потребните количини од сопствени потреби. Во „Везе Шари“ планираат сегашниот капацитет од 120.000 кокошки и 60.000 пилиња да го зголемат на 240.000 кокошки и очекуваат од сопствени потреби да обезбедуваат 50 отсто од потребното ѓубре, во кое ќе бидат вклучени и отпадоците што остануваат по колење на кокошките.

- Од една фабрика за преработка на млеко и за производство на млечни производи едвај чекаат да почнеме да работиме за да ги спасиме од сурутката, која се јавува како нуспроизвод и со која не знаат што да прават. Ја испуштаат во река или по полиња и целата околина смрди, па жителите реагираат - вели Абдурахмани.

Во централата ќе се собира и отпадот од краварските фарми, кој, според познавачите, е особен проблем во полошкиот регион и интензивно ја загадува почвата. Kако суровина се планира понатаму да се користи и отпадот од рестораните, за што ќе се доставуваат посебни контејнери, а ќе ги собираат со посебни возила.

- Биогасните централи се чистачи на животната средина и мислам дека нашата многу ќе придонесе да се исчисти регионот од загадувачкиот и непотребен отпад, со кој не се знае што да се прави - додава сопственикот на идната гасна централа „Енерго Шари“.

НОВИ ВРАБОТУВАЊА
Kога заминав за Германија, каде што веќе беа двајцата мои постари браќа, си зацртав дека ќе се вратам назад. И се вратив. Денес и моите браќа се тука, а најстариот се врати токму да го води проектот за биогасната централа, вели Абдурахмани.

Во „Везе Шари“ и „Лекер“ се вработени 75 лица, од Требош, од околните села, но и од Скопје, Kочани. Kога ќе проработи централата, планираат бројот да се зголеми и во трите капацитети да бидат вработени вкупно 100 лица.

ПЧЕНКА СО СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА
Веднаш до оградата на живинарската фарма „Везе Шари“ расте пченка, која се одгледува со системот капка по капка. Огромни стебленки какви што ретко каде можат да се видат во Македонија даваат и огромен род, по 20 тони од еден хектар. Станува збор за проект што фармата го реализира заедно со УСАИД на површина од 6.000 квадратни метри, а чија основна цел е да се обучат земјоделците од околината како да одгледуваат пченка и да добиваат од неа високи приноси.

Иако производство на пченка е исклучително важно бидејќи со тоа би се намалил увозот на добиточна храна, Македонија има мало производство на оваа култура токму поради фактот дека за нејзино одгледување и за добри приноси е потребна вода. Затоа и УСАИД во повеќе региони во земјава почна проект за обука на земјоделците како со системот капка по капка и во климатски услови какви што има кај нас можат да се добијат исклучителни приноси.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=F8A96B5124290B4D9A64D069CEB9C226
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Неможам да го најдам линкот сега но го имав ова објавено во темата пик оил.
Според прогнозите на Светска банка, со ваквата енергетска поставеност во земјава, Македонија во 2019 година ќе увезува 90 отсто од потребите на струја, а двете термоцентрали ќе престанат со работа поради немање јаглен. Земјата е на пат да влезе во енергетска криза, бидејќи побарувачката за струја за десетина години ќе достигне 12.600 ггвч. годишно. Домашното годишно просечно производство изнесува околу 6.000 ггвч.

Струјата дека ќе поскапе ќе поскапе само дане дојде време и по 6-7 часа во денот да имаме струја.[DOUBLEPOST=1402062024][/DOUBLEPOST]
Ви препорачувам на сите да го гледате има доста инфо за енергијата (термо,ветер,сонце)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Неможам да го најдам линкот сега но го имав ова објавено во темата пик оил.
Според прогнозите на Светска банка, со ваквата енергетска поставеност во земјава, Македонија во 2019 година ќе увезува 90 отсто од потребите на струја, а двете термоцентрали ќе престанат со работа поради немање јаглен. Земјата е на пат да влезе во енергетска криза, бидејќи побарувачката за струја за десетина години ќе достигне 12.600 ггвч. годишно. Домашното годишно просечно производство изнесува околу 6.000 ггвч.

Ви препорачувам на сите да го гледате има доста инфо за енергијата (термо,ветер,сонце)
Изгледав 20 минути од филмот и не можев повеќе.
Целиот филм се сведува на „ тешко нам во иднината “ - песимизам - песимизам
Томас Роберт Малтус (1766 - 1834 ), започнал со вакви теории
И денес има вакви теории. Вакви теории се сведуваат дека треба да има повеќе војни и природни катастрофи, за да се постигне „ рамнотежа “
Што се вели - благодарам - фала лепо- ај пријатно
Јас не верувам во вакви терории
http://mk.wikipedia.org/wiki/Томас_Малтус
 

Kajgana Shop

На врв Bottom