Енергетска зависност на Македонија

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Изгледав 20 минути од филмот и не можев повеќе.
Целиот филм се сведува на „ тешко нам во иднината “ - песимизам - песимизам
Томас Роберт Малтус (1766 - 1834 ), започнал со вакви теории
И денес има вакви теории. Вакви теории се сведуваат дека треба да има повеќе војни и природни катастрофи, за да се постигне „ рамнотежа “
Што се вели - благодарам - фала лепо- ај пријатно
Јас не верувам во вакви терории
http://mk.wikipedia.org/wiki/Томас_Малтус
Со помош на денешните технологии ова не очекува ако се измисли нешто револуционерно тогаш може да има подобрување. Не одам подалеку еве ќе кажам за мојот роден град Охрид до индустријализацијата имал 10 -15 илјади жители значи до 1950 нкаде. После со индустријализација и миграција врвот бил 60 000 (до деведесетите) таткоми бил рибар како млад фаќале по 10 кила пастрмка за сат време. Сега нема риба ни за лек а Охрид е паднат на нешто повеќе од 30 илјади жители и ќе си се врати пак на 15 000 како што бил со векови. Сакам да кажам се е финитно а ние го земаме здраво за готово ни со вештачко порибување неможе да го вратат пак фондот на риби што бил до пред 30 год. А да не збориме за ресурси што не се обновливи како на пример јагленот во темава. А податоците во филмот се реални не се теории тие се превземени од легитимни агенции и компании можеш да изгуглаш и да ги провериш пошо и јас не верувам додека не проверам од повеќе извори.[DOUBLEPOST=1402087036][/DOUBLEPOST]И друга многу важна работа што ја спомнува во филмот е примерот со Америка како технолошки најразвиена од целовкупното производство на електрична енергија од сонце, ветер и други обновливи извори произведува само 2,5% од вкупната потрошувачка. Од цел свет од сончевите панели се произведува колку две просечни термоцентрали. А да не зборуваме колку нафта треба да се потроши дури се произведат тие панели.[DOUBLEPOST=1402087154][/DOUBLEPOST]И на крај филмот се сведува не на катастрофа туку на локализација крај на глобализацијата.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Со помош на денешните технологии ова не очекува ако се измисли нешто револуционерно тогаш може да има подобрување.
Сам одговори на прашањето кое сам го постави.
Науката оди напред
Мојот Дедо е починат 1950 година. Во неговата куќа немало струја, ниту фрижидер, телевизија, да не набројувам.
Додека јас студирав, немаше дигитрон, телевизија во боја, Пи_Си, да не набројувам..
А тоа беше пред неколку децении
Инаку со делот во кој зборуваш за бројот на жители во Охрид, длабоко не се согласувам. Во Македонија сеуште има многу население кое живее во села. Во развиените земји само 2% од населението живее во село. Нас ни предстои урбанозација на селското население, значи очекувај дека бројот на жители на Охрид ќе се зголеми, само малку да се подобри економската ситуација
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
80% од ИДНИНАТА се базира на технологии кои сега само 20% ги наслутуваме....;)
..нормално , ако пред тоа не не мавне поголем камен од небото, некому испадне од рака и се скрши погрешна епрувета, или некој пијано дригиран стисне црвено копче...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Околу 81,2 проценти од енергијата од домашни извори
Во април, рекордно производство на домашна струја во Македонија
26 јуни 2015 - 15:57
Македонија во април годинава дури 81,2 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија ја обезбеди од домашно производство. Досега просечно во земјава околу 70% од потребите на струја се задоволуваат од домашни избори, а остатокот од увоз.

Инвестициите во енергетскиот сектор, особено во обновливи извори на енергија при што од сонце, ветер и вода се произведува електрична енергија веќе ги даваат првите резултати. Македонија во април годинава дури 81,2 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија ја обезбеди од домашно производство. Досега просечно во земјава околу 70% од потребите на струја се задоволуваат од домашни избори, а остатокот од увоз.

Покрај најголемиот производител на електрична енергија РЕК Битола со трите блока каде се произведува повеќе од 70 од вупната домашна енергија и големите хидроцентрали со учество од 20% во вкупниот колач, на контото на македонските енергетски капацитети се најдоа и 104 сончеви централи. Во производството на струја веќе повеќе од една година е вклучен и ветропаркот со 16 ветерници лоциран кај Богданци и годишно производство од 100 гигават-часови, како и 68 мали хидроцентрали.

На локацијата Ранавец кај Богданци работат 16 ветерници, а секоја од нив е со инсталирана моќност од 2.3 мегавати, а вкупната моќност е 36,8 мегавати. Лани преку искористување на благодетите на сонцето овозможено е да се произведат 16.813 киловат-часови електрична енергија.

Но за зголеменото производство на струја придонесе и добрата хидролошка состојба на акумулациите, но и ветропаркот Богданци исто така го надмина планираното произвоство. Значителни количини на струја од сончевите здраци светат во нашите домови.

Трендот на домашното производство од хироцентралите продолжува и овој месец и во вкупната произведена електрична енергија од домашни извори достигнува 25%.

Но и покрај тоа, најголемиот дел од производството во термоцентралите е од јаглен, бидејќи од вкупната потрошувачка на камен јаглен во земјава 97 проценти се употребени за производство на електрична енергија.

Зголеменото производство се должи и на тоа што изминатите години во земјава се инсталирани над 40 мегавати хидроенергија во мали хидроелектрани, 36 мегавати ветерни електрани и над 15 мегавати фотоволтаици. Но, во градба се уште околу 50 мегавати мали хидроелектрани или вкупно 130 мегавати снага, што е скоро колку хидроцентралите "Света Петка" и "Козјак" заедно.

За првите 4 месеци од годинава во ХЕЦ "Шпилје" се произведени околу 120 милиони киловат-часови електрична енергија, што е за десет отсто повеќе споредено со истиот период лани. Според надлежните, оствареното производство претставува 40 отсто од вкупниот план за 2015 година, кое согласно со енергетскиот биланс е над 300 милиони киловат-часови.

Зголеменото производство е резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, како и навременото и успешно реализиреање на планираните ремонти и ревизии на електромашинската опрема.

ХЕЦ "Шпилје# која работи според потребите на енергетскиот систем во последните пет години во просек произведувала по над 250 милиони киловат-часови електрична енергија.

Македонија ќе добие уште 20 мегавати струја од обновливи извори на енергија, бидејќи ќе почнат да се градат 19 мали хидроцентрали. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша договори со 12 концесионери за изградба кои треба да ги изградат овие хидроцентрали.

Истовремено уште 34 потпишани договори за концесија се во напредна фаза на обезбедување на потребните документи за добивање на одобренија за градба, со што ќе започне и изградбата на истите.

Државниот завод за статистика во континуитет на месечно ниво го анализира секторот Енергетика. Тие утврдиле дека во април годинава во земјава е потрошена 683.333 мегават-часови електрична енергија, 7.706 милиони нормални метри кубни природен гас, 546.021 тони јаглен и 85.416 тони нафтени продукти.
http://vecer.mk/ekonomija/vo-april-rekordno-proizvodstvo-na-domashna-struja-vo-makedonija

Во Пелагонија најмногу се произведува струја
Во Македонија за 3 години пуштени во употреба нови 84 енергетски капацитети
21 јуни 2015 - 14:29
Статистичките показатели само потврдуваат дека инвестициите во енергетскиот сектор, особено во обновливи извори на енергија вродија со плод и ги даваат очекуваните резултати.

Расте бројот на енергетските капацитети во Македонија кои се пуштени во употреба во периодот од 2012 година до 2014 година. Лани, доколку се спореди со 2012 година, бројот на енергетските објекти е побогат за нови 84 капацитети кои биле ставени во погон за изминативе три години.

Според статистиката, инсталирани капацитети за производство на електрична енергија во 2014 година биле 1.997 објекти, во 2013 година 1.038 објкти, а во 2012 година бројкатра се искачила на 1.913 капацитети.

Овие состојби во енергетиката се дел од новата публикација на Државниот завод за статистика насловена како Региони во Република Македонија која официјално е објавена на интернет страницата на оваа институција. Показателите само потврдуваат дека инвестициите во енергетскиот сектор, особено во обновливи извори на енергија вродија со плод и ги даваат очекуваните резултати.

Во 2014 година, најголем вкупен инсталиран капацитет за производство на
електрична енергија имало во пелагонискиот регион со вкупно инсталирана снага на
сите капацитети од 713 мегавати.

Порастот на инсталиран капацитет во југоисточниот регион се должи на
пуштањето во употреба на ветерните централи Ветропаркот "Богданци" кои започнаа со производство на втори април 2014 година. Во него се инвестирани 55,7 милиони евра и 16 ветерници со капацитет од 36,8 мегавати струја.

По региони лани во Вардарскиот регион имало 333 енергетски капацитети, во источниот регион 23 објекти, во југозападниот 266 енергетски објекти, југоисточниот -42, пелагониски регион - 713, полошки - 713, североисточниот само еден и во скопскиот регион се евидентирани 407 капацитети.
Статистичарите согледале дека потрошувачка на електрична енергија во индустриските сектори била најголема во 2011 година кога достигнала 2.693 гигават-часа. Во 2012 година потрошувачката била 2.365 гигават-часа и 2013 година таа постигнала 2.401 гигават-часа.

Потрошувачката на електрична енергија во индустриските сектори во 2013 година
беше најголема во вардарскиот регион со 35.5% и во полошкиот регион со 27.4%.
Дел од новите капацитети е и ХЕЦ "Света Петка". Хидроцентралата почна со работа на први август 2012 година, со што домашното производство на струја е зголемено за 66 гигават-часови. Овој енергетски објект за земјава е капитален енергетски проект и со нејзиното пуштање во погон целосно се заокружи водниот потенцијал на реката Треска.

Хидроцентралата е со инсталирана моќност од 36,4 мегавати, како и капацитет доволен за снабдување на преку 40.000 граѓани во земјава.

Производството на електрична енергија се зголемува и преку изградба на мали хидроцентрали. Тие се исто така дел од евидентираните објекти што се вклучени во статистичката анализа.
Според извори од ресорното министерство досега потпишани се вкупно 66 договори за концесија за вода за производство на електрична енергија со вкупно инсталиран капацитет од 60 мегавати и очекувано годишно производство од 230 гигават-часови.

Проценетата инвестиција се движи од 100 до 120 милиони евра, а од вкупниот број на потпишани договори за концесија, во моментот изградени се вкупно 17 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 12 мегавати за кои досега се инвестирани над 20 милиони евра.
http://vecer.mk/ekonomija/vo-makedonija-za-3-godini-pushteni-vo-upotreba-novi-84-energetski-kapaciteti

Се почитуваат ЕУ директивите
РЕК Битола се модернизира, а во Осломеј наскоро ќе се стартува
22 јуни 2015 - 15:37
РЕК Битола е во процес на модернизација, при што се запазуваат сите потребни еколошки аспекти. Со тоа појавата на азотен оксид е сведена на минимум, односно е усогласена со ЕУ директивите.

Како што информираат од Електрани на Македонија наскоро ќе почне и процесот на десулфуризација на термоцентралата, при што РЕК Битола ќе работи и ќе произведува електрична енергија по сите европски стандарди.

Со европските директиви е предвидено и ТЕЦ "Осломеј" да се модернизира, за да ги задоволи технолошките норми зашто во спротивно нема да може да работи.

Како што објаснија експертите ТЕЦ "Осломеј" до 2018 година може да се снабдува од постојните наоѓалишта на лигнит, а по модернизацијата што треба да се направи по 2021 година да користи увозен јаглен кој што е повеќе калоричен.

На ова тема деновиве се произнесоа од Фондацијата "Мрежа за промени на Југоисточна Европа" кои посочија дека според директивите на ЕУ би требало да се реновираат или затворат 13 термоелектрани во Југоисточна Европа.

Според истражувањето во Македонија ќе бидат реновирани две термоелектрани, во спротивно меѓу 2025 и 2030 година термоелектраните Осломеј и РЕК Битола треба да бидат реновирани или затворени. Но енергетската компанија велат дека многу порано од овие рокови термоцентралите ќе бидат реновирани.

На ова истражување се најдоа и 4 термоелектрани на "Морава", "Костолац", "Никола Тесла" и "Колубара", кои треба во периодот меѓу 2025 и 2030 да бидат реновирани или затворени. Три блока од термоелектраната "Косово" треба да бидат затворени до 2020 година, а останатите два до 2025 година.

Во Босна и Херцегоивина во периодот меѓу 2020 и 2025 година треба да бидат затворени или реновирани четири блока на ТЕ "Тузла", а до 2030 година ТЕ "Гацко", "Угљевик" и "Какањ". На оваа листа се и Хрватска до 2020 година треба да го реши прашањето со ТЕ "Пломин", додека Црна Гора со ТЕ "Пљевља".

Енергијата е тема со која секоја земја на евроинтеграцискиот процес треба да се соочи и земјите од регионот би требало до 2050 година да ја намалат емисијата на штетни гасови за 80 проценти.
http://vecer.mk/ekonomija/rek-bitola-se-modernizira-a-vo-oslomej-naskoro-kje-se-startuva

ЕЛЕМ бара консултанти кои ќе анализираат кои се енергетските перспективи
И треба ли на Македонија нуклерка?!
23 јуни 2015 - 15:16
Електрани на Македоноија (ЕЛЕМ) распиша оглас за набавка на консултантски услуги за перспективите за примена на нови технологии, вклучувајќи и нуклеарна енергетика

Дали на Македонија и е потребна нуклеарна централа која ќе го реши проблемот со недостаток на електрична енергија којашто во моменто се задоволува од узоз е честа тема на дебатирање меѓу енергетските стручњаци во земјава.

Македонските академици сметаат дека во земјава треба да се гради нуклеарна централа. Тие анализирале и согледале дека по 2025 година ќе има реални услови за изградба на ваков капитален енергетски објект. Овие анализи се составен дел од веќе изготвената енергетската стратегија до 2020 година со визија до 2030 година.

Електрани на Македоноија (ЕЛЕМ) распиша оглас за набавка на консултански услуги за перспективите за примена на нови технологии, вклучувајќи и нуклеарна енергетика.
Од компанијата укажуваат дека проценета вредност на договорот без ДДВ е 1.200.000 денари. Огласот е отворен до пладне 30 јуни годинава.

Енергетските експерти велат дека ова само потврдува дека веќе се размислува за изградба на ваков енергетски капацитет и дека има основа да се реализира визијата која е дело на Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали ИЦЕИМ-при МАНУ.

Но изградба на ваков капацитет е скапа инвестиција, бара доста време за да се реализира, а неопходно е да се подготви и квалитетен стручен кадар. Проценките на експертите велат дека ни се потребни најмалку три милијарди евра инвестиции за да по 10 години да добиеме ваков нов енергетски капацитет.

Професорот и енергетски експерт Константин Димитров вели дека треба да се размислува на оваа тема оти се работи за чиста енергија која не ја загадува животната средина.

-Да, треба да се гледа преспективно за 15 години. Но во меѓувреме треба да се инвестира во кадар, да се следат новите технологии оти развојот во овој сектор брзо се движи. Се работи за инвестиција која зависно од капацитетот е од три до четири милијарди евра, па затоа е реално може да се оствари преку јавно-приватно партнерство - објасни професорот Димитров
Изградбата на нуклеарна централа би имало големо стратешко прашање, не само за нашата држава, туку и за регионот, бидејќи ваков капацитет економски е оправдан.

Заради големината на инвестицијата таа не може да се реализира, без вклучување на странските инвестициони банки.

Што се однесува за изградбата на нуклеарната централа можно е околу 20 проценти треба да имаме сопствено учество, а 80 проценти инвестиција од крупен странски инвеститор.
Како можна локација се наведува мариовскиот крај, бидејќи во тој регион на Црна Река се планира изградба на големите хироцентрали при што може да се користи истиот систем и за ладење на реакторите на нуклеарката.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, во светот постојат 372 нуклеарни централи со вкупно 440 реактори. Најмногу нуклеарки има во САД и тоа 106, потоа во Франција 63, во Јапонија 55, Русија 32, Германија 20, Канада 18, а во Кина 11.

Долгорочните прогнози на меѓународни ескперти, очекуваат до 2050 година во светот треба да се изградат околу 1.250 нови атомски електрани. Тоа значи дека до половината на овој век во светот треба да има над 1.700 атомски централи, што е четири пати повеќе од сега.

Според статистиката 15 проценти од светското производството на електрична енергија се добива од нуклеарна енергија, а 66 насто од нафта гас и камен јаглен, 17 проценти од хидроенергија и 2 отсто од сонце и ветер.

Дел од македонските граѓани се плашат од нуклеарната енергија

Пред неколку години "Брима галуп интернешнл" спроведе анкета меѓу македонските граѓани и тогаш против нуклеарна енергија се изјасниле 71 отсто од анкетираните Македонци, 19 проценти ја поддржуваат, а 10 отсто немаат изградено мислење за тоа.

Од анализата се согледува дека мнозинството граѓани на Македонија се против употреба на нуклеарна енергија. Анкетата беше реализирана по катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија, и истекувањето радиоактивно зрачење од нуклеарната централа Фукушима.
http://vecer.mk/ekonomija/i-treba-li-na-makedonija-nuklerka
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Првпат електрична енергија од биогасните централи

Производството на енергија од биомаса е за нијанса поголемо од она на сончевите централи, но далеку под нивото на ветерниот парк во Богданци

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ОД БИОМАСА

Првите биогасни централи во Македонија во текот на април произведоа 3.901 мегават-час електрична енергија, регистрира Државниот завод за статистика. Ова е првпат во нашиот енергетски систем да биде пуштена енергија од овој тип на обновливи извори на енергија.

- Засега е пуштена во употреба само биогасната централа „Везе Шари“, додека другите сѐ уште не се во функција. Според мене, доколку ваквите централи се направат по прописи, се фантастични како обновлив извор. Централата „Везе Шари“ е направена по сите прописи и јас навистина сум задоволен што имаме таков објект во земјава. Ние во процедурата на воведување на производството од биогасните централи во системот сме последни, односно кога се пред пуштање ги ставаме во регистарот. Биогасните централи што се градат во битолскиот регион наскоро треба да почнат со производство, па така што може да очекуваме уште повеќе да се зголеми вака добиената енергија - објаснува директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски.

УСПЕШЕН БИЗНИС-МОДЕЛ

Лиценците за биогасните централи ги издава Регулаторната комисија за енергетика и тие имаат важност до 2050 година. Едната лиценца за производство на струја од биогасни централи е за друштвото за производство, трговија и услуги „Електро Шари“ од селото Требош, Желино, кое доби лиценца за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија од биогас добиен од биомаса.
Сопственикот на оваа централа истакна дека е презадоволен од новиот бизнис и дека од крајот на февруари, откако се почнати производството и предавањето на струјата во системот, е задоволен како се одвиваат работите.

- Сѐ се одвива според плановите, дури 98 отсто од капацитетот на централата е искористен. Немаме никакви проблеми во набавки на потребен материјал, отпад за производство на струја, дури има и вишок. Имаме договори со локалните фармери, плус откупуваме отпад и од винарницата „Сковин“. Нема никакви проблеми ниту со продажбата и плаќањето на предадената струја. Подобар бизнис досега не сум имал - истакнува Арбен Абдурахмани, сопственик на компаниите „Електро Шари“ и „Везе Шари“.
Проценетиот век за производство на струја на оваа централа е на 40 години, а оваа лиценца е издадена само за една производствена единица.

Лиценца му е издадена и на трговското друштво за производство на електрична енергија „Пелагонија енерџи“ од Битола за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од биогасната електроцентрала „Логоварди“, наведено е во соопштението на веб-страницата на РКЕ. Таа е за две производствени единици, со проценет животен век од 40 години.

НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА

Производството на енергија од овие ОИЕ за нијанса е поголемо од она на сончевите централи, но далеку под нивото на ветерниот парк во Богданци.
Извештајот на ДЗС исто така покажува дека има намалување на вкупно потребната енергија за 34,5 отсто, односно од 218.165 на 128.443 мегават-часа електрична енергија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 683.333 мегават-часа електрична енергија, 7.706 милиони нормални кубни метри природен гас, 546.021 тон јаглен и 85.416 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81,2 процент во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.
Вкупно бруто-производство на електрична енергија, април 2015

- Соларни електрични централи 0,4%

- Ветерни електрични централи 2,2%

- Термоцентрали 52,2%

- Хидроцентрали 44,6%

- Биогасни централи 0,7%
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7615103224&id=10&prilog=0&setIzdanie=23510
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089

До 2020 година целосна модернизација на ТЕЦ „Осломеј“

Со новите зафати, покрај тоа што ќе се зголеми ефикасноста на блокот, ќе се намалат и емисиите на јаглероддиоксид, сулфурдиоксид, азотмоноксид и прашина, во согласност со критериумите пропишани од ЕУ

СЕ АНАЛИЗИРА МОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ ПРИРОДЕН ГАС

ЕЛЕМ почна со активности за модернизација на ТЕЦ „Осломеј“ според највисоките стандарди за заштита на животната средина и продолжување на животниот век за наредните три децении.
- За да го продолжиме работниот век на ТЕЦ „Осломеј“ и да ги задоволиме еко-стандардите, изработивме студија за оправданост за модернизација на комбинатот, преку користење јаглен со висока калорична вредност, но се анализира и можноста за користење гас, како и локални резерви од висококалоричен јаглен - велат од компанијата.

Според нивните планови, во периодот од 2017 до 2020 година треба да биде извршена целосна модернизација на ТЕЦ „Осломеј“, продолжување на животниот век на електроцентралата и добивање поголеми количества електрична струја.

- Во согласност со студијата за оправданост, вкупната инвестиција за ревитализација на ТЕЦ „Осломеј“ е проценета на 126 милиони евра. Планирано е проектот да се реализира во периодот 2017-2020 година. Со реализацијата на овој проект се добива солидно избалансиран домашен капацитет со прифатлива цена на струјата, независно од негативните и турбулентни движења на акциите и промените на светскиот енергетски пазар. Со спроведувањето на овој проект се зголемува инсталираниот капацитет на ТЕЦ „Осломеј“ на 129,5 мегавати, а се продолжува и векот на електроцентралата за нови 30 години - велат од ЕЛЕМ.

Оттаму додаваат дека со новите зафати, покрај тоа што ќе се зголеми ефикасноста на блокот, ќе се намалат и емисиите на јаглероддиоксид, сулфурдиоксид, азотмоноксид и прашина, во согласност со критериумите пропишани од ЕУ.
- Ова ќе придонесе и регионот во кој влегува и градот Кичево да има стабилна економска состојба подолг временски период - додаваат од компанијата.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=77151019261&id=10&prilog=0&setIzdanie=
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
СЕ АНАЛИЗИРА МОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ ПРИРОДЕН ГАС
Веќе има термоцентрала на гас во Скопје, и работи со големи загуби. Македонија има најскап гас во Европа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ова исто е битно-од 13 термоцентрали на балканот, 2 наши РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј требаше да се затворат до 2030 заради застареност и неисполнување ЕУ стандарди. Тоа белким ги натера да почнат со реновација
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
И треба ли на Македонија нуклерка?!
23 јуни 2015 - 15:16
Електрани на Македоноија (ЕЛЕМ) распиша оглас за набавка на консултантски услуги за перспективите за примена на нови технологии, вклучувајќи и нуклеарна енергетика

Дали на Македонија и е потребна нуклеарна централа која ќе го реши проблемот со недостаток на електрична енергија којашто во моменто се задоволува од узоз е честа тема на дебатирање меѓу енергетските стручњаци во земјава.

Македонските академици сметаат дека во земјава треба да се гради нуклеарна централа. Тие анализирале и согледале дека по 2025 година ќе има реални услови за изградба на ваков капитален енергетски објект. Овие анализи се составен дел од веќе изготвената енергетската стратегија до 2020 година со визија до 2030 година.

Електрани на Македоноија (ЕЛЕМ) распиша оглас за набавка на консултански услуги за перспективите за примена на нови технологии, вклучувајќи и нуклеарна енергетика.
Од компанијата укажуваат дека проценета вредност на договорот без ДДВ е 1.200.000 денари. Огласот е отворен до пладне 30 јуни годинава.

Енергетските експерти велат дека ова само потврдува дека веќе се размислува за изградба на ваков енергетски капацитет и дека има основа да се реализира визијата која е дело на Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали ИЦЕИМ-при МАНУ.

Но изградба на ваков капацитет е скапа инвестиција, бара доста време за да се реализира, а неопходно е да се подготви и квалитетен стручен кадар. Проценките на експертите велат дека ни се потребни најмалку три милијарди евра инвестиции за да по 10 години да добиеме ваков нов енергетски капацитет.

Професорот и енергетски експерт Константин Димитров вели дека треба да се размислува на оваа тема оти се работи за чиста енергија која не ја загадува животната средина.

-Да, треба да се гледа преспективно за 15 години. Но во меѓувреме треба да се инвестира во кадар, да се следат новите технологии оти развојот во овој сектор брзо се движи. Се работи за инвестиција која зависно од капацитетот е од три до четири милијарди евра, па затоа е реално може да се оствари преку јавно-приватно партнерство - објасни професорот Димитров
Изградбата на нуклеарна централа би имало големо стратешко прашање, не само за нашата држава, туку и за регионот, бидејќи ваков капацитет економски е оправдан.

Заради големината на инвестицијата таа не може да се реализира, без вклучување на странските инвестициони банки.

Што се однесува за изградбата на нуклеарната централа можно е околу 20 проценти треба да имаме сопствено учество, а 80 проценти инвестиција од крупен странски инвеститор.
Како можна локација се наведува мариовскиот крај, бидејќи во тој регион на Црна Река се планира изградба на големите хироцентрали при што може да се користи истиот систем и за ладење на реакторите на нуклеарката.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, во светот постојат 372 нуклеарни централи со вкупно 440 реактори. Најмногу нуклеарки има во САД и тоа 106, потоа во Франција 63, во Јапонија 55, Русија 32, Германија 20, Канада 18, а во Кина 11.

Долгорочните прогнози на меѓународни ескперти, очекуваат до 2050 година во светот треба да се изградат околу 1.250 нови атомски електрани. Тоа значи дека до половината на овој век во светот треба да има над 1.700 атомски централи, што е четири пати повеќе од сега.

Според статистиката 15 проценти од светското производството на електрична енергија се добива од нуклеарна енергија, а 66 насто од нафта гас и камен јаглен, 17 проценти од хидроенергија и 2 отсто од сонце и ветер.

Дел од македонските граѓани се плашат од нуклеарната енергија

Пред неколку години "Брима галуп интернешнл" спроведе анкета меѓу македонските граѓани и тогаш против нуклеарна енергија се изјасниле 71 отсто од анкетираните Македонци, 19 проценти ја поддржуваат, а 10 отсто немаат изградено мислење за тоа.

Од анализата се согледува дека мнозинството граѓани на Македонија се против употреба на нуклеарна енергија. Анкетата беше реализирана по катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија, и истекувањето радиоактивно зрачење од нуклеарната централа Фукушима.
http://vecer.mk/ekonomija/i-treba-li-na-makedonija-nuklerka
Извини шо те цитирам малку покасно, ама ова со нуклеарните централи ми е еден од "по-кул" муабетите шо се вртат последниве децении.
Она што го има во Националната стратегија е интересна замисла, ама бега малку од рамките на реалноста во неколку сегменти.Стратегијата е повеќе визија одколку студија.
Имаме проблем со локација која ќе е подобна за изградба, која ќе има задоволувачки степен на сигурност во случај на несреќа, која ќе е пристапна за соодветен транспортен систем, која ќе биде доволно снабдена со вода.
Имаме сериозен проблем со кадар. Има години кога воопшто не дипломира никој на Институтот по Физика , одсек Нуклеарна физика. Се разбира, ситуацијата е разбирлива, ако се земе предвид вкупниот број запишани студенти. Сериозен недостаток има на инжинерии техничари од оваа област кој не е веројатно да се исполни во следните 20 години.
И врз ова натопорени ни се фактички безбедносни проблеми.

Во последниве 10 години немаме напреднато ни на едно од горенаведените полиња. Кај она последното, е таму ни го спопикаа пред некој месец.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Погледнете што се пишуваат:
Нуклерака...
Централа на гас
Еколoгија...
ЕУ рекла вака...

А јас прашувам:

Y a-t-il un pilote dans l'avion ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.968
Поени од реакции
14.721
До 2020 година целосна модернизација на ТЕЦ „Осломеј“

Со новите зафати, покрај тоа што ќе се зголеми ефикасноста на блокот, ќе се намалат и емисиите на јаглероддиоксид, сулфурдиоксид, азотмоноксид и прашина, во согласност со критериумите пропишани од ЕУ

СЕ АНАЛИЗИРА МОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ ПРИРОДЕН ГАС

ЕЛЕМ почна со активности за модернизација на ТЕЦ „Осломеј“ според највисоките стандарди за заштита на животната средина и продолжување на животниот век за наредните три децении.
- За да го продолжиме работниот век на ТЕЦ „Осломеј“ и да ги задоволиме еко-стандардите, изработивме студија за оправданост за модернизација на комбинатот, преку користење јаглен со висока калорична вредност, но се анализира и можноста за користење гас, како и локални резерви од висококалоричен јаглен - велат од компанијата.

Според нивните планови, во периодот од 2017 до 2020 година треба да биде извршена целосна модернизација на ТЕЦ „Осломеј“, продолжување на животниот век на електроцентралата и добивање поголеми количества електрична струја.

- Во согласност со студијата за оправданост, вкупната инвестиција за ревитализација на ТЕЦ „Осломеј“ е проценета на 126 милиони евра. Планирано е проектот да се реализира во периодот 2017-2020 година. Со реализацијата на овој проект се добива солидно избалансиран домашен капацитет со прифатлива цена на струјата, независно од негативните и турбулентни движења на акциите и промените на светскиот енергетски пазар. Со спроведувањето на овој проект се зголемува инсталираниот капацитет на ТЕЦ „Осломеј“ на 129,5 мегавати, а се продолжува и векот на електроцентралата за нови 30 години - велат од ЕЛЕМ.

Оттаму додаваат дека со новите зафати, покрај тоа што ќе се зголеми ефикасноста на блокот, ќе се намалат и емисиите на јаглероддиоксид, сулфурдиоксид, азотмоноксид и прашина, во согласност со критериумите пропишани од ЕУ.
- Ова ќе придонесе и регионот во кој влегува и градот Кичево да има стабилна економска состојба подолг временски период - додаваат од компанијата.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=77151019261&id=10&prilog=0&setIzdanie=

Тие што кажуваат дека ќе се донеси гас во ТЕЦ Осломеј или незнаат што кажуваат или многу лажат.

За да се искористи гасот најадекватно треба покрај блокот од 120 MW да се изгради гасна турбина со најмалку двојно поголемеа инсталирана можност (околу 300 MW) и двата блока да работат во паралела,при што издувните гасови од гасната турбина би го загревале сегашниот котел до некаде 280-300 степени а остатокот до 550 степени би се догревало(постојат различни концепти за тоа).

Значи покрај инвестиција во гасоводото до Осломеј,треба да се вложи пари за целосно нов блок од 300 Mw, што мора да признаеме е голем залак за нашето ЕЛЕМ во ваква состојба
 
Aко добро те разбрав - ти се залагаш за ново ТЕ-ТО
Но ТЕ-ТО е промашена мегаломамска инвестиција која никогаш нема да проработи
Еве повеќе информации
http://forum.kajgana.com/threads/Ќар-од-ТЕ-ТО-ќе-имаат-сите.58949/page-3
ТЕ-ТО е готово 6 години а еве не работи - дали ти е потребен друг доказ дека се работи за мегаломанска промашена инвестиција?
Ти предлагаш уште едно ТЕ-ТО сега во Кичево
Јас уште еднаш прашувам - Има ли пилот во авионот?
Y a-t-il un pilote dans l'avion ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.968
Поени од реакции
14.721
Вака да се разбериме пошто гледам дека и во свеопштата јавност има малку познавања за оваа област, па секој полуписмен политичар предлага гасификација на ТЕЦ Осломеј и Неготино.

Доколку само би се променило горивото на котелот од јаглен/мазут со гас тогаш цената на произведен киловат час би била два до три пати поскапа него најскапата увозна струја.

Затоа решението се гледа во градење на дополнителна гасна централа со најмалку двојно поголема инсталирана моќност, да комбинирајќи ги двата блока би се добило нешто на заштеда.

Во овој случај заштедата е котелот на ТЕЦ Осломеј примарно да се загрева до околу 280-300 степени од издувните гасови на новата гасна централа, а разликата до 550 степени да се обезбеди или со јаглен или со мазут ,евентуално со гас.

Но сепак заради исплатливост мора двата блока да работат паралелно,иначе како што кажав цената на киловатот ќе биди како да ја увезуваме од Нов Зеланд и тоа со бродови
 
Не помага ништо -
Гасот е скап.
European Union Natural Gas Import Price:
7.29 USD/MMBtu for Jun 2015
1 MMBTU ≈ 1 GJ

https://ycharts.com/indicators/europe_natural_gas_price
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom