Емоционална Champions League

Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.049
За ова со Пандев сум урлал дома како Јунајтед да поминале :D

Руни во 90-та против Милан во полуфинале за победа ама на првата утакмица беше ова после не треснаа 3-0.

2010, 1/4 финале Јунајтед - Баерн првата тепаше Баерн во 90+ со голот на Олич -.-, на реваншот почнува Јунатед фуриозно за 10 минути 2-0 Нани со пета им го даде тогаш и после даде уште еден за 3-0. Баерн даде гол пред полувреме и се беше ок додека Рафаел не јадеше црвен во второ уште во 50 и некоја минута, после ова само се бранеа Јунајтед и се знаеше ќе падне гол кога тогаш. Али каков гол ни здрвија...
Не ми се става видео од ова пошто уште го осеќам моментот ко вчера да беше кога ако видам како Робен ни шлапнува волеј...


Во врска со финалињата, јаки беа и шпанското и германското, но може малце пристрасно дека Јунајтед освој против Челзи во ама утакмицата беше врв. Чех ги спасуваше на неколку наврати Челзи од сигурен гол и еднаш од гол линија мислам ја извадија. На другата страна исто и Едвин правеше чуда и плус 2-3 пречки здрвија Лампард и Дрогба, среќа у гз. Не падна темпото цел натпревар за на крај пред пенали Дрогба црвен да јаде, и на крај пеналите беа врв.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Се слагам дека ова беше квалитетно финале, али во поглед на ритам и набој, Реал-Атлетико беше нијанса подобро. Ко што беше ова напнато оти се ривали од иста лига, мадридското финале беше уште појако зошто играа градски ривали. Посебно у многу моменти, ривалство, тепање, гол во 93та...
Не се сложувам,иако имаше набој и тепање сепак утакмицата не беше така интересна како Манчестер-Челзи во 2008 и Баерн-Дортмунд во 2013..овде на овие два натпревари немаше тактизирање како во Мадритското финале,немаше бранење и калкулирање...во Германското финале имаше буквално офанзивен фудбал без респект од двете страни и двете екипи се решија да се пробаат и да докажат кој е кој..права фудбалска забава беше Германското финале кое според мене беше најквалитетно досега и ретко дека било кои екипи ќе играат така офанзивно и без тактизирање во финале на ЛШ..

Во 2014 едноставно интересно беше тоа што Реал Мадрид бркаа цел натпревар и постигнаа гол во судиското продолжение за израмнување,ама реално немаше којзнае каков интересен фудбал...во 2013 фрчеа шанси бе,буквално глата си ја дупнаа..голманите Нојер и Вајденфелер глата не знаеа кај му е
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.564

2003 четвртфинале Барса - Јувентус. Првиот натпревар во Торино заврши 1-1, на овој повратниот во Барселона е истиот резултат, само разликата е што Давидс попи црвен картон пред да заврши регуларниот дел од натпреварот. Ќе мораше Јувентус да игра дополнителни 30 минути против Барса со играч помалку... и класика италијанска, го постави Липи катанаџото, цело време се бранеа, за да по една скратена топка, одма организираат контра Јувентус, Бириндели нафрла од скоро пола терен и наеднаш гол на Залајета. Затишје на Камп Ноу.... уфф :pipi:

Втората истата година, но полуфинале со Реал, дома во Торино.... Ма нема што да коментирам, гледајте го видево со италијански коментатор, ерупција на Деле Алпи... Дел Пиеро, Трезегол и Недвед (Првиот натпревар во Мадрид заврши 2-1 за Реал)



И третиот што ќе ми остане навистина во срце е голот на Емерсон во 90+ против Вердер Бремен за пролаз понатаму :pipi:

 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709

Како деца,сите навиваа или за Реал или за Манчестер. Оваа е меѓу првите утакмици ЛШ што ми е у убаво сеќавање(9 години сум имал). Првата Реал тепаа 4-2,јас напален за Реал тогаш,поведуваат 1-0 нагости со Раул и после-шок. Колку ми беше криво дека Реал излегоа,толку ми беше мило и за Мориентес кој ми беше еден од омилените играчи а го набркаа како куче :D Денес сум фан на Арсенал,а знам дека почнав да ги симпатизирам после утакмицата баш со Реал нагости во сезона 2005/06 кога Анри си ги работеше како сака,така да тие 2 утакмици и нормално изгубеното финале на Арсенал ќе ми останат вечно во сеќавање поради тимовите.


Од другите утакмици..Финалињата Ливерпул-Милан и Реал М.-Атлетико поради пресвртите..Манчестер-Рома 7-1,знам имаше јаки дискусии дента дека Рома може да изненади,потоа Ливерпул-Реал 4:0,беше огромно изненадување за мене..Дуелите на Реал Мадрид против Лион кога Жунињо,Карев(Карју,Кару,whatever..) си ги дупеа у здрав мозок. :D Дуелите на Челзи и Барселона од сезоната 2004/05 и голот на Роналдињо..има уште нештео ама не ми текнува,ќе допишам :D

 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Под емотивни утакмици ги сметам оние поврзани со Милан, секако и добри и лоши.

Добри, хммм :

1. 2003та финалето, уф кој мераци беа тоа. А и пречката на Конте, priceless.
2. 2007ма исто така финалето.
3.Милан - Ајакс, полуфинале 2003та. Ова беше можеби најчудната и најлудата разврска на едно полуфинале.
4. Баерн-Милан 2007ма, уф какво мочање сред новоизградената Алианц Арена.
5.Ставањето у џеб на Роналдо од страна на Гатузо 2007ма.
6. Милан - Интер двете дербиња беа многу јаки. Страшен фудбал падна на тие 4 текми.

Лоши(тажни моменти)
1. Епското финале, едно и незаборавно 2005та. Ах шева шева уши да си јадеш.
2. Полуфиналето 2006та со Барселона каде што Милан беа единствените таа година кои успеаа да го неутрализираат Роналдињо. Плус поништениот гол на Шева од слободен, од груби 35 метра.
3. Кобната утакмица со Ла Коруња, кои имаа супер тим за нивни стандарди, и проклетиот Валтер Пандиани.


А овака епик моменти од други клубови, би ги издвоил :
1. Пандев за 2-3 сред Алианц Арена, уф каква радост, цел кафич ечеше. Ѕвероња.
2. Голот со шпиц на Роналдињо, со еден збор брилијантно.
3. Зидан волејот.
4. Оливер Кан 2001 потегот кога одма после клучната одбрана отиде да го утеши Канизарес. Тој фер плеј потег и таа човечност и по 15 години уште не е надмината.
5. Не се заборава и Челзи-Барса кога буквално ќе го затепаа судијата кој не досуди 2 пенала. И голот на Иниеста. Не ми текнува на годината ама мислам 2009 да беше, не сум сигурен.

Реално дали до сентимемталноста и еланот што ги имав како пубертетлија, но искрено до 2010 имаше многу многу подобри финалиња отколку задниве 5 години.
Ako oва е неутрализирање...
И поништениот гол на Шева не беше од слободен, беше удар со глава.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.159
Поени од реакции
107.594
Како никој не ја спомнал утакмицата меѓу Дортмунд и Малага, каков инфаркт меч, кога го дадоа Дортмунд голот мислам дека ќе се срушеше цел стадион, каква еуфорија беше тоа... Цело време напаѓаат Дортмунд, Малага две контри и им збрца два гола али на крај Дортмунд акна два комада за 2 минути. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Манчестер-Депортиво 2-3 thanks to Barthez :D
Депортиво два пати го победи Манчестер по групи, ама Јунајтед врати со две победи во четвртфинале. На реваншот Душер го искина Бекам и беше прогласен за херој во Аргентина, бидејќи се очекуваше Бекам да го пропушти дуелот Аргентина-Англија на престојното СП. Бекам се врати на тој меч, погоди пенал за победа на Англија од 1-0 и елиминирање на Аргентина уште во групна фаза. Депортиво и Ман Ју имаат по 3 победи во меѓусебните дуели во ЛШ, барем од тоа што јас сум проследил :D

Баерн Минхен-Депортиво 2-3
Пред Макај да ги тресе мрежите во дресот на Баерн, умешно ја тресеше мрежата на Кан во три наврати :icon_mrgr:

Арсенал-Депортиво 0-2
Арсенал ретко губеше на домашен терен, но не можеа да го запрат моќниот Депор :icon_mrgr:
Депортиво го доби и реваншот, со идентични 2-0.

Јувентус-Депортиво 0-1
Пред да биде елиминиран Милан, Депортиво во осминафиналето го елиминираше Јуве. Две победи од 1-0, но гостинската беше зачинета со прекрасен гол на Пандиани.
http://www.dailymotion.com/video/x2mrzp9_juventus-deportivo-0-1-9-3-2004_sport
Молина рога во противничка половина, Пандиани мајсторски ги изигрува противничките играчи и пласира крај немоќниот Буфон.


Депортиво-Милан 4-0
Првиот меч заврши со 4-1 за Милан, ама реваншот... :D
По победата трчав по гаќи низ цела населба, како дел од провокацијата за сите што навиваа за Милан и ме ребраа по првиот дуел :icon_mrgr:
Плус што Милан секогаш ми биле еден од најомразените клубови... :icon_mrgr:
Веќе ставија видеа од овој дуел, па нема да постирам пак.
Интересно, ова не беше единствено враќање на Депортиво при толкава разлика. Губеа од ПСЖ 0-3 на полувреме, но победија 4-3 на крајот во 2001 година.
Милан имаше една слична победа од 4-0 против Депортиво и тоа на Риазор, но во претходната сезона ако не се лажам. Во таа сезона Депортиво возврати на Сан Сиро и славеше со 1-2. Натпреварот го даваа како реприза на МТВ, па не го знаев резултатот и кога го гледав вечерта, ги разбудив сите од радости :icon_mrgr:

Највеќе сум тагувал на поразите од Порто во полуфинале, и од Јуве кога погоди Тудор за елиминација на Депортиво во втората фаза во последни секунди. Болни беа и поразите од Монако, 8-3 и 0-5 :D

Поразот од Монако брзо се заборави, бидејќи Депортиво играше полуфинале таа сезона.

Ама поразот од Порто...
Од тогаш го мрзам Мурињо :D На првиот дуел, нашиот најдобар дефанзивец Андраде (@Stefan-kobe :icon_mrgr:) доби смешен црвен картон откако го потчукна на заебанција неговиот другар од репрезентацијата Деко. На реваншот, неговата замена идиотот Цезар направи фаул кој можно е да беше вон шеснаесетник, ама судијата досуди пенал па Дерлеи ни ја скрои судбината.
http://www.dailymotion.com/video/x31x790_deportivo-de-la-coruna-oporto-el-mayor-robo-de-la-historia-en-semifinales-de-champions-y-de-mourinho_sport

Се да им ебам на Мерк и Колина :D
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Има многу утакмици, ама онака емоционална у секоја смисла на зборот, ми е Рома - Баерн , на 21 Октомври 2014 , кој ќе го паметам само по лошо.
На тој ден татко ми , го прават опрација во Скопје, која е опасна по живот.Сите у Скопје, јас дома, чекам, ѕвонувам цело време у Скопје да дознаам што како е ситуацијата, има ли новости или не.И така после 8 саата операција, ми се јавува мајка ми, кажува операцијата заврешна успешно, татко ми вон животна опасност, и одма се израдувам, а има уште 2 саата до почеток на утакмица.Одам зимам пива , чипсови, да се прослави успешната операција, а и добриот фудбал,Добар линк на нет, и викам и овој пат ќе се држеме на Баерн, нема да им се дадеме лесно.Арно ама така не мислеше Баерн и виолината на клупа и Рома ја полнеа онака ќејфски.Телефонот се здроби ѕвонувајќи, инбоксот на фејсбук ми беше преполн со пораки, сите ме заебават, а јас низ каков сани пекол поминав пред уктамица, па уште ваков дебакл.И кога мислев дека неможе да биде полошо, прочитав за смртта на татко и син,Стефано и Кристијан, романисти кои се враќале од натпреварот кој го гледале заедно на Олимпико, како и секогаш.Како и да е, таа дата, ќе ми осатане како најцрна дата во досегашниот тек на мојот живот.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Како никој не ја спомнал утакмицата меѓу Дортмунд и Малага, каков инфаркт меч, кога го дадоа Дортмунд голот мислам дека ќе се срушеше цел стадион, каква еуфорија беше тоа... Цело време напаѓаат Дортмунд, Малага две контри и им збрца два гола али на крај Дортмунд акна два комада за 2 минути. :D
Тој натпревар мислам дека едниот помошник судија не крена офсајд на голот на Малага за 1-2,а другиот помошник исто така се направи слеп на голот на Дортмунд и не крена очигледен офсајд за 3-2 па така страничните судии поклонија по едно голче за да биди поинтересен натпреварот :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.905
Поени од реакции
84.307

На видеово мислам го нема, али уште го памтам русото расплакано детуле со дрес на Челзи на крај на натпреваров.

Како почна утакмицава ептен му се курчев на татко ми "aaa финалеее" а он ми кажа "Чекај, уште прво полуврме е има време за се.." Ма не бе...нема шанса...кои се Монако да се вратат.....колку врска сум немал :D

После знам во школо наставничката ни кажа да напишеме за домашно што сакаме текст....и напишав 5-6 страни за утакмицава :ROFLMAO: небаре ме платиле од магазин за Челзи (или Монако)

И нормално најјакото нешто икада


Мислев дека само фан на Челзи или Баерн може да ужива во утакмицава.....ама сега па шо знам....еве да не го гледаш прво полувреме и да почнеш од второ..ова ќе испадне супер меч и за не фанови. А за фанови на Челзи...утакмичиште....поништени голови, пенали, драматично израмнување, домашни солзи, поранешен играч на Челзи со пенал против нив....има многу јаки приказни што може да се извадат од мечов.



Иначе не ми е воопшто емоционален мечот, не се сеќавам на ништо ни дали сум го гледал или не, али ептен јак двомеч испадна Ла Коруња-Милан :ROFLMAO: едино што памтам е дека луѓево се бунеа зашто МТВ во пренос ќе го даваат реваншот кога Милан секако дома нема да прокоцка предност против факинг Ла Коруња... :D и еве 10+ години подоцна..уште се бунат луѓе за преноси на МТВ...еволуцијата на Македонија на дело :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom