Електрични панели

Член од
22 август 2012
Мислења
238
Поени од реакции
170
Здраво

Заинтересиран сум за поставување на електрични панели, комплетен систем за напојување на куќа, па ме интересираат неколу работи околу ова. Прво знам дека не е најисплатлива инвенсциија но јас сакам да ги поставам бидејки малку од инаат по што ме иритираат од ЕВН, МЕПСО, Електрани на Македонија Регулаторна комисија и уште кој не зима непотребно пари од граганите преку сметките за струја непотребно. Конкретно живеам во куќа и во можност сум да инвестирам не повеќе од 8000 евра ( вкупно за панелите, батерии, конвертори, кабли, држачи, работна рака).
Значи дали некој знае:

1. Дали во Мадонија се иснталираат TESLA моделите http://www.teslamotors.com/powerwall
2. Дали таков систем или сличен ситем може да се постави на постоечката електрична мрежа во куќата (секако со некој минимални промени, додадвење на склопка после струјометор и слично.)
3,Дали има некој поточни статистики колку ке биде заштедување во летните и зимските месеци.

Позз
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ако се работи за куќа мислам дека ќе треба на цифрата 8000 да додадеш една нула од десно или друга цифра од лево. Нормално зависи каква куќа, не е исто за куќичка од 50 квадрати и хациенда на три спрата по 250 квадрати.

За да ти се одгвори на прашањето треба да дадеш технички спецификации за електричниот дел на куќата. Колку се инсталирана и едновремена моќност, колку KWh енергија користиш денвно во просек за секој месец во годината. Или ако не можеш ова да го одговориш тогаш дади податоци за тоа како ќе се ладиш и грееш, кои електрични уреди ги имаш и со која моќност, колку често планираш да ги користиш. Понатаму каква изолација планираш да користиш, каде се наоѓа куќата или кои се просечни месечни температури во последниве 10 години.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
До 8000 евра можеш да си инсталираш саглам панели од 2 квати, значи да произведуваат толку моментално, не 10 часа како што умеат да манипулираат продавачите.
Батерии со тие пари можеш да измонтираш 8 команди по 250 А.
И инвертер до 6 КВ, за куќа најдобро 2.5 КВ
Со ова можаш да вклучиш светла(штедливи, помоожност LED), телевизори, фрижидери, правосмукалки, некој мала клима. Никаков апарат кој работи со греење(бојлери, шпорети).
 
S

StormRage

Гостин
Фотоволтаикот уште не е „толку“ усовршен за такво користење. Реално е НЕисплатлива инвестиција. Провери Sonnenkraft панели, но би ти кажал од сега дека се прилично скапи, батериите имаат многу одржавање и остала срања. Плус што спомна регулаторна комисија, евн, курци палци и со нив ќе имаш некаков проблем. Имаше некои закони пред некое време, не знам колку уште важат истите.
 
Трошам околу 200 kwh (дневно 8-10kwh) стуја месечно летно време и до 300 kwh (до 15kwh дмевно) зимно време и зимно време се грејам на дрва но сепак трошам повеќе струја (нормлано). Инаку живеам во кука во Кочанско и мислам дека има доста сончеви денови.[DOUBLEPOST=1437061918][/DOUBLEPOST]
До 8000 евра можеш да си инсталираш саглам панели од 2 квати, значи да произведуваат толку моментално, не 10 часа како што умеат да манипулираат продавачите.
Батерии со тие пари можеш да измонтираш 8 команди по 250 А.
И инвертер до 6 КВ, за куќа најдобро 2.5 КВ
Со ова можаш да вклучиш светла(штедливи, помоожност LED), телевизори, фрижидери, правосмукалки, некој мала клима. Никаков апарат кој работи со греење(бојлери, шпорети).
Малку ме разочара но тоа е :)[DOUBLEPOST=1437061976][/DOUBLEPOST]
Фотоволтаикот уште не е „толку“ усовршен за такво користење. Реално е НЕисплатлива инвестиција. Провери Sonnenkraft панели, но би ти кажал од сега дека се прилично скапи, батериите имаат многу одржавање и остала срања. Плус што спомна регулаторна комисија, евн, курци палци и со нив ќе имаш некаков проблем. Имаше некои закони пред некое време, не знам колку уште важат истите.
Какви закони, мислес нема да ми дозволат да користам само за своја потреба.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
- 5kW панели ќе те коштаат околу 8000 евра,
- батерии за да складираш бар за еден ден енергија ќе те коштат околу 14000 евра
- DC/AC инвертор околу 2000 евра
- 4kW агрегат на нафта околу 1000 евра
- инсталација, работна рака и други непредвидени трошоци стави околу 2000 евра

Значи рачунај околу 27000 евра.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
разгледај овде[DOUBLEPOST=1437088579][/DOUBLEPOST]Можеш и поевтино да си поминеш ако си направиш комбинација според потребите односно да си пресметаш да може одеднаш да ти работи бојлер,рерна и клима односно 7-9 киловати ти се доволни
За во зимо мораш дополнување со ветерница и си комплетно независен од евн
 
Последно уредено:
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Здраво

Заинтересиран сум за поставување на електрични панели, комплетен систем за напојување на куќа, па ме интересираат неколу работи околу ова. Прво знам дека не е најисплатлива инвенсциија но јас сакам да ги поставам бидејки малку од инаат по што ме иритираат од ЕВН, МЕПСО, Електрани на Македонија Регулаторна комисија и уште кој не зима непотребно пари од граганите преку сметките за струја непотребно. Конкретно живеам во куќа и во можност сум да инвестирам не повеќе од 8000 евра ( вкупно за панелите, батерии, конвертори, кабли, држачи, работна рака).
Значи дали некој знае:

1. Дали во Мадонија се иснталираат TESLA моделите http://www.teslamotors.com/powerwall
2. Дали таков систем или сличен ситем може да се постави на постоечката електрична мрежа во куќата (секако со некој минимални промени, додадвење на склопка после струјометор и слично.)
3,Дали има некој поточни статистики колку ке биде заштедување во летните и зимските месеци.

Позз
Здраво
Сакаш да инвестираш 8000е , но треба да кажеш прво колку струја трошиш месечно/дневно и колку сакаш а надоместиш од потрошувачката?
Можеби треба да погледнеш и овде
За OFF-GRID систем , со батерии , контролери , панелии инвертер, НЕМА потреба од никаква дозвола од никого..
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
разгледај овде[DOUBLEPOST=1437088579][/DOUBLEPOST]Можеш и поевтино да си поминеш ако си направиш комбинација според потребите односно да си пресметаш да може одеднаш да ти работи бојлер,рерна и клима односно 7-9 киловати ти се доволни
За во зимо мораш дополнување со ветерница и си комплетно независен од евн
Според наведената потреба, минимумот му е да има 5kW во панели и рестото да го влече од батерии и агрегат, ама јас се сомневам дека ќе му бидат доволни. На понудата од твојот пост, варијантата дадена со оној системот JUMBO е парцијално доволен. Му фалат минимум 20% повеќе панели и бар 2 пати поголем капацитет на батериите за да може да има капацитет и ноќе и во зима и кога е облачно да задоволи минимални потреби. Агрегат секако е неминовно потребен. Му треба и помоќен инвертер(15kW) кој ќе може да се носи со пиковите (додуша не ги знам карактеристиките во тој од флаерот,.
Бојлерот ќе го реши со соларен систем за греење вода.
Ветерница кошта многу и не е тоа сончев панел па да може туку така да ја насади. Ветер не дува секаде и со доволна брзина за да може да го искорсити ветерницата.
Околу дозволата, доколку панелите ги нареди на кров не му треба дозвола. Доколку сака да ги насади во двор му треба комплет документација ко да гради централа.

Така да кога ќе ги направи сите неопходни работи 25-30К евра не му гинат. Тоа е инвестиција која со денешниве цени на електричната енергија и соларни панели ќе ја врати по 100 години или повеќе.
 
Морам да реагирам !!!
Секогаш се мешаат работите со KW и KWh!!
Пр. Може некој да му треба пик од 10 КW во времетраење од 5 минути и потоа 24 часа да троши по 0,5 KW.
Тоа не значи дека нему му треба систем од 10 КW , туку систем според кој :
0,5KW * 24 часа = 12 KWh ел.струја за тие 24 часа.
За кои што системот OFF GRID треба да ги добие преку панелите и зачува во акумулаторите кога има сонце ( преку ден).
А друга работа е крајниот дел од системот - инверторот кој треба да е за 10КW излезна снага , за да го совлада пикот од 10KW во тие 5 минути..
Затоа , кога барате проценка од мене или од друг , за Вашиот соларен фотонапонски OFF GRID систем , кажете :
-Кои апарати ги имате на број
- со која снага се ( во W)
- колку часа на ден ( за 24 часа ) секој од нив работи.
-колку апарати наеднаш се вклучени

И имате на ум дека секој ден сонцето не свети исто ,како што и секој ден не трошите потполно иста количина на струја
Можни се големи остапувања во двата дела.
Поздрав и секое добро

П.С. 25-30К евра се премногу , освен ако не сака да користи грење/ладење преку ваков систем!!!Може ималку да се :)
А греење со соларен фотонапонски систем е скоро невозможен , зошто кога е кочан ладно ,со магла и виулици , системот работи со 1-5% искористивост од онаа во лето
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Не знам од каде заклучокот дека мешам моќност и енергија. Можеби по дифолт е донесен затоа што повеќето луѓе не разликуваат напон, струја, моќност и електрична енергија.
Јас сум магистер и електро инжинер енергетичар и не ги мешам работите. :)

Околу тоа колку панели ќе му требаат, колку батерии и каков инвертер зависи се од она кое и двајцата го имаме кажано на темата, а тоа се уредите кои ги поседува и времето и начинот на кој ќе ги експлоатира. Поточно инжинерски тоа се едновремената и инсталираната моќност и потрошувачката на енергија во ефтина и скапа тарифа(бидејќи не верувам дека има дневен дијаграм на оптеретување).

Околу цената на чинење, не се само спецификациите валидни. Цените на панелите и на батериите варираат во зависност од производителот и квалитетот. Исто така треба да се земат во предвид и трошоците кои долгорочно ќе ги плаќа корисникот. Има панели кои се менуваат на 10 години, а има и на 20 години. Со батериите има помалку варијација за одреден вид, но во секој случај треба да се земе во предвид и нивниот животен век и капацитет по одредено експлоатирање.

ОФ Топик, во моментов во Македонија има иницијатива и се работи на тоа да се возможат дистрибуирани централи така што било кој корисник (домаќинство, фирма и било кој друг) ќе може да ја продава електричната енергија на снабдувач со кој ќе склучи договор. Така да и да се оди со повеќе од потребно панели ќе може вишокот да се продаде. За жал, со денешниве цени на ел. енергија нема многу математика.
 
Член од
22 август 2012
Мислења
238
Поени од реакции
170
Значи на кратко,

Сакам да ставам современ систем, не батерии од коли (акомулатори). Дали некој знае каде може да го набавам системот Тесла Powerwall http://www.teslamotors.com/powerwall (има таму некој цени за батеријата што и не е така прескапа)

Значи да не знаее некои дали они прават и панели и цел комплетен систем, и каде може да се набави во МКД :)
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Не знам од каде заклучокот дека мешам моќност и енергија. Можеби по дифолт е донесен затоа што повеќето луѓе не разликуваат напон, струја, моќност и електрична енергија.
Не беше тоа наменето за тебе , туку општо..
Прва работа која ја кажуваат кога сакаат да стават некаков систем е дека „им треба 5 КW струја“, па треба да се објаснуваме што и како .
Втора работа е дека имаат „100 квадрати стан “ и колку панели им треба за тоа ...
Не дека ми е проблем да објаснам со обични зборови , ама понекогаш станува проблем кога тоа треба да се објасни, особено ако некој нешто разбрал или му кажале погрешно ..

Јас сум магистер и електро инжинер енергетичар и не ги мешам работите. :)
Јас сум „само“ инжињер по Телекомуникации и електроника ;)

ОФ Топик, во моментов во Македонија има иницијатива и се работи на тоа да се возможат дистрибуирани централи така што било кој корисник (домаќинство, фирма и било кој друг) ќе може да ја продава електричната енергија на снабдувач со кој ќе склучи договор. Така да и да се оди со повеќе од потребно панели ќе може вишокот да се продаде. За жал, со денешниве цени на ел. енергија нема многу математика.
Знам за оваа работа од контакти со други луѓе во оваа област, а и самиот ја туркам оваа работа каде можам и колу можам.
Засега има најави дека ке биде и тоа наскоро ,но точно во кој облик , не знам ..
Јас ја знам онаа варијанта за +/- 10% од потрошеното на секој корисник , да може да произведува преку соларни ОН ГРИД системи ,со тоа што ке нема можност да се продава за пари вишокот .
И тоа е во ред според мене, ДОВОЛНО Е САМИОТ ДА СИ ПРОИЗВЕДУВАШ ОНА ШТО ТРОШИШ!!

Поздрав и секое добро[DOUBLEPOST=1437296134][/DOUBLEPOST]
Значи на кратко,

Сакам да ставам современ систем, не батерии од коли (акомулатори). Дали некој знае каде може да го набавам системот Тесла Powerwall http://www.teslamotors.com/powerwall (има таму некој цени за батеријата што и не е така прескапа)
Немој ни да помислуваш да увезеш било какви батерии во МК, бидејки ти се потребни еден куп дозоли ( еколошки и сл.) за да можеш да ги увезеш. Можеби една две за своја употреба , но за повеке , тешко.
Ако некоја фирма е добра во производство на нешто ( во случајот батерии ) , не значи дека прави и добри соларни фотонапонски панели, инвертори и др.Имаш еден куп докажани светски фирми во полето на правење на соларни ФН панели
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Според наведената потреба, минимумот му е да има 5kW во панели и рестото да го влече од батерии и агрегат, ама јас се сомневам дека ќе му бидат доволни. На понудата од твојот пост, варијантата дадена со оној системот JUMBO е парцијално доволен. Му фалат минимум 20% повеќе панели и бар 2 пати поголем капацитет на батериите за да може да има капацитет и ноќе и во зима и кога е облачно да задоволи минимални потреби. Агрегат секако е неминовно потребен. Му треба и помоќен инвертер(15kW) кој ќе може да се носи со пиковите (додуша не ги знам карактеристиките во тој од флаерот,.
Бојлерот ќе го реши со соларен систем за греење вода.
Ветерница кошта многу и не е тоа сончев панел па да може туку така да ја насади. Ветер не дува секаде и со доволна брзина за да може да го искорсити ветерницата.
Околу дозволата, доколку панелите ги нареди на кров не му треба дозвола. Доколку сака да ги насади во двор му треба комплет документација ко да гради централа.

Така да кога ќе ги направи сите неопходни работи 25-30К евра не му гинат. Тоа е инвестиција која со денешниве цени на електричната енергија и соларни панели ќе ја врати по 100 години или повеќе.
......е инвестиција која со денешниве цени на електричната енергија и соларни панели ќе ја врати по 100 години или повеќе се клучните зборови кои кажуваат се за вакви идими-доџими енергетски проекти. Сите тие функционираат само ако државата субвенционира доволно богато за да се излезе од црвените бројки, а некој да се најде во таква ситуација обавезно треба да е ракоположен или во некаква милост кај власта, било која, било каде во свет. Тоа од одма значи дека се однесува на мал број среќници....;)[DOUBLEPOST=1437297456][/DOUBLEPOST]
Значи на кратко,

Сакам да ставам современ систем, не батерии од коли (акомулатори). Дали некој знае каде може да го набавам системот Тесла Powerwall http://www.teslamotors.com/powerwall (има таму некој цени за батеријата што и не е така прескапа)

Значи да не знаее некои дали они прават и панели и цел комплетен систем, и каде може да се набави во МКД :)
....не сум многу сигурен дека спомнатиот " пакет " не е само една фина маркетиншка патка .
Од друга страна ништо не им фали, нормално , ако навистина сметаш дека еден ваков исклучително скап и за сега економски нерационален систем ти треба, на оловните батерии. Нормално оние со длабоко празнење, затворени и со гел електролит. Системот за дома не е осетлив на тежината на батериите, ниту режимот на работа му е како кај автомобилите. Битни се цената, капацитетот и ресурсот т.е. животниот век на баретиите..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom