Електрични панели

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Знам за оваа работа од контакти со други луѓе во оваа област, а и самиот ја туркам оваа работа каде можам и колу можам.
Засега има најави дека ке биде и тоа наскоро ,но точно во кој облик , не знам ..
Јас ја знам онаа варијанта за +/- 10% од потрошеното на секој корисник , да може да произведува преку соларни ОН ГРИД системи ,со тоа што ке нема можност да се продава за пари вишокот .
И тоа е во ред според мене, ДОВОЛНО Е САМИОТ ДА СИ ПРОИЗВЕДУВАШ ОНА ШТО ТРОШИШ!!
Сакам да сум анонимен на форумов. До сега само се дискутираше на таа тема, но сега има покренато конкретни чекори, а првиот чекор ќе биде направен оваа недела(Мислам дека оваа среда веќе има закажана подготивтелна седница за промена на Пазарните Правила меѓу кои е и ова со дистрибуираните виртуелни централи). На инцијатива на мојата екипа, а во соработка со ОДС и РКЕ, ќе се овозможи да дистрибуираните производители, т.е. оние на дистрибутивната мрежа да можат пред да добијат решение за привремен производител и производител или повластен производител да можат да ја продаваат енергијата на снабудвач со кој ќе склучат договор (само со еден снабдувач) по цена која ќе ја договорат или пак на ОДС(оператор на дистрибутивен систем) по регулирана цена. Во првиот случај снабудвачот ќе ја номинира енергијата како влез од виртуелна централа и ќе ги плаќа сите законски пропиашни такси како било кој друг влез на енергија. Во вториот случај, кај ОДС енергијата од дистрибуираните производители ќе се користи за покривање на загубите во дистрибутивниот систем и нема да се номинираат што значи нема да се наплаќа пазарна такса и надомест за повластените производители.
Со ова отвараме рамка да може било кој, значи и домаќинство да произведува енергија и да ја дава на снабдувач со кој ќе има билатерален договор, а сите обврски поврзани со балансирање и номинирање ќе ги превземе снабдувачот.

Ако те интересираат детали пиши ми ПП.

......е инвестиција која со денешниве цени на електричната енергија и соларни панели ќе ја врати по 100 години или повеќе се клучните зборови кои кажуваат се за вакви идими-доџими енергетски проекти.
Има случаи каде изградбата на мрежа чини повеќе од поставување на ваков систем. На мој другар му скоцкавме решение за осветление на хала(плус компјутер и телевизор) која е оддалечена 15km од 10kV мрежа и преку 8km од 0.4kV мрежа. Во неговиот случај приклучокот ќе кошта неколку пати повеќе од решение со независна сончева централа со батерии и агрегат.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Сакам да сум анонимен на форумов. До сега само се дискутираше на таа тема, но сега има покренато конкретни чекори, а првиот чекор ќе биде направен оваа недела(Мислам дека оваа среда веќе има закажана подготивтелна седница за промена на Пазарните Правила меѓу кои е и ова со дистрибуираните виртуелни централи). На инцијатива на мојата екипа, а во соработка со ОДС и РКЕ, ќе се овозможи да дистрибуираните производители, т.е. оние на дистрибутивната мрежа да можат пред да добијат решение за привремен производител и производител или повластен производител да можат да ја продаваат енергијата на снабудвач со кој ќе склучат договор (само со еден снабдувач) по цена која ќе ја договорат или пак на ОДС(оператор на дистрибутивен систем) по регулирана цена. Во првиот случај снабудвачот ќе ја номинира енергијата како влез од виртуелна централа и ќе ги плаќа сите законски пропиашни такси како било кој друг влез на енергија. Во вториот случај, кај ОДС енергијата од дистрибуираните производители ќе се користи за покривање на загубите во дистрибутивниот систем и нема да се номинираат што значи нема да се наплаќа пазарна такса и надомест за повластените производители.
Со ова отвараме рамка да може било кој, значи и домаќинство да произведува енергија и да ја дава на снабдувач со кој ќе има билатерален договор, а сите обврски поврзани со балансирање и номинирање ќе ги превземе снабдувачот.

Ако те интересираат детали пиши ми ПП.

Има случаи каде изградбата на мрежа чини повеќе од поставување на ваков систем. На мој другар му скоцкавме решение за осветление на хала(плус компјутер и телевизор) која е оддалечена 15km од 10kV мрежа и преку 8km од 0.4kV мрежа. Во неговиот случај приклучокот ќе кошта неколку пати повеќе од решение со независна сончева централа со батерии и агрегат.
се појавија овде неколку нејасни поими, очигледно ти се познати и би можел да ни ги појасниш:
-дистрибуирани виртуелни централи
-дистрибуирани производители
-привремен производител
-повластен производител
-оператор на дистрибутивен систем
-снабдувач
-Со ова отвараме рамка ??да може било кој, значи и домаќинство да произведува енергија и да ја дава на снабдувач со кој ќе има билатерален договор???, а сите обврски поврзани со балансирање и номинирање ќе ги превземе снабдувачот???.

Осветление на хала???? o_O
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Дистрибуирани централи се оние кои се наоѓаат на разно-разни локации на дистрибутивната мрежа
Дистрибуирани производители се оние кои имаат вакви централи
Виртуелна централа е збир од повеќе дистрибуирани централи кои се прикажуваат како една, се со цел поедноставно да се водат, прогнозираат и балансираат
Повластен производител на електрична енергија од обновливи извори е производител со решение од РКЕ со кое дражвата, т.е. од АД МЕПСО му ја откупува енергијата по регулирана повластена цена (согласно решението од РКЕ) на одреден временски период.
Привремен производител е оној кој има технички прием и приклучок на мрежа, а сеуште нема решение од РКЕ за повластен производител
Оператор на дистрибутивен систем е оператор на дистрибутивен систем, во случајов ЕВН Македонија како најголем и ЕЛЕМ Енергетика кои имаат мрежа во кругот на МЗТ.
Снабдувач е снабдувач со електрична енергија
 
Prestapnik, ...благодарам....:)
.. а би можело ли појаснение на:
.................................да може било кој, значи и домаќинство да произведува енергија и да ја дава на снабдувач со кој ќе има билатерален договор???, а сите обврски поврзани со балансирање и номинирање ќе ги превземе снабдувачот???.

..имам некој шпириус дека ова , ако е она на кое мислам што отвара врата кон занимливи можности....
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Во иднина и домаќинствата, т.е. физичките лица ќе можат да произведуваат енергија и истата да ја продаваат. Кој дел не е јасен?
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9

Не знам дали е возможна следната варијанта :
Произведувачот , во случајот физичко лице - домакинство , да може да постави панели и поизведува струја само онолку колку што во просек троши ( +/- 10% ) .
Да може ЕВН да се јави ( или некој друг ,не е битно кој ) како откупувач на произведената струја ..
На крај на месец , квартал или година да се прави порамнување на тоа колку кој потрошил и произвел и да се плати или одбие разликата ?
Мислам дека вака би било поедноставно и за производителите ( нема да плакаат скоро ништо ) а за откупувачот ( па и не знам баш како тој би се однесувал ,бидејки струјата што се купува на пазар е поевтина од онаа која нам ни се продава:unsure:)..
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Нема потреба да се меша производството со потрошувачката, ниту пак да се става било какво ограничување. Мислам дека сите нови броила на ЕВН мерат двонасочно(а и да не мерат ќе се смени броило ако има потреба), па така секој месец кога ќе се чита за потрошувачка ќе го читаат и производството.
Делот од производство како податок ќе го занима снабдувачот со кој производителот ќе склучи договор за откуп на произведената енергија. Согласно произведеното секој месец ќе му плаќа на производителот. Потрошувачката од друга страна ќе ја регулира со оној со кого има склучено договор за снабување. Тоа не мора да биде истиот снабдувач кој му ја откупува енергијата, но и различен.
И само да разјасниме, ЕВН Македонија е една од фирмите на ЕВН во Македонија која има повеќе улоги. Главната улога е ОДС чија функција е сервис - поврзување на мрежа. Втората е фунцкија Снабдувач на тарифни потрошувачи, преку која во моментов се снабдуваат сите домаќинства и мали стопанства. И третата е снабдувач во краен случај, како последна варијанта за снабдување на домаќинствата кога ќе имаат можност да одат на отворен пазар.
Покрај ЕВН Македонија, постои ЕВН Снабдување, фирма ќерка која е снабдувач на отворениот пазар; ЕВН Трејдинг, фирма ќерка која служи за трговија со енергија и ЕВН Малихидроелектрани, фирма ќерка која ги поседува малите хидро-електрани добиени со приватизација на ЕСМ.
Во случајов ОДС ќе дава сервис на корисникот, а корисникот договри за продажба и снабдување ќе си има со снабдувачите.
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
25
Поени од реакции
9
Мислам дека сите нови броила на ЕВН мерат двонасочно(а и да не мерат ќе се смени броило ако има потреба), па така секој месец кога ќе се чита за потрошувачка ќе го читаат и производството.
Моментално мерат апсолутна вредност : се’ што „влегува и излегува “од броило , се мери како потрошено ( како да„ влегло„... Инаку само треба да се препрограмираат и ке бидат двонасочни...

И само да разјасниме, ЕВН Македонија е една од фирмите на ЕВН во Македонија која има повеќе улоги. Главната улога е ОДС чија функција е сервис - поврзување на мрежа. Втората е фунцкија Снабдувач на тарифни потрошувачи, преку која во моментов се снабдуваат сите домаќинства и мали стопанства. И третата е снабдувач во краен случај, како последна варијанта за снабдување на домаќинствата кога ќе имаат можност да одат на отворен пазар.
Покрај ЕВН Македонија, постои ЕВН Снабдување, фирма ќерка која е снабдувач на отворениот пазар; ЕВН Трејдинг, фирма ќерка која служи за трговија со енергија и ЕВН Малихидроелектрани, фирма ќерка која ги поседува малите хидро-електрани добиени со приватизација на ЕСМ.
Во случајов ОДС ќе дава сервис на корисникот, а корисникот договри за продажба и снабдување ќе си има со снабдувачите.
Не знаев дека толку многу ги има :)

Да видиме што ке донесе РКЕ.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Колку што знам броилата и Искрините и Елстерите имаат по 3 и повеќе сета регистри кои можат да се користат за една и за друга насока.

Што се однесува до РКЕ, нема многу да направат ако некој друг не им ја заврши работата. За среќа има кој да се занимава. Пакетот промени на кој се работи во моментов има за цел да реши други проблеми, но како нус производ ќе биде и можноста да домаќинствата произведуваат и да го продаваат тоа што ќе го произведат. За ова прашање се зборува и во Министерство за Економија и има позитивен фидбек од оние кои треба да дадат амин, па така јас сум оптимист дека до крај на годинава ќе ја имаме и таа можност.
 
Искрините ја имаат таа можност , но се поставени да мерат апсолутна ведност.

Што се однесува до РКЕ, нема многу да направат ако некој друг не им ја заврши работата. За среќа има кој да се занимава. Пакетот промени на кој се работи во моментов има за цел да реши други проблеми, но како нус производ ќе биде и можноста да домаќинствата произведуваат и да го продаваат тоа што ќе го произведат. За ова прашање се зборува и во Министерство за Економија и има позитивен фидбек од оние кои треба да дадат амин, па така јас сум оптимист дека до крај на годинава ќе ја имаме и таа можност.
Од твоја уста во Божји уши :).
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Колку што знам броилата и Искрините и Елстерите имаат по 3 и повеќе сета регистри кои можат да се користат за една и за друга насока.

Што се однесува до РКЕ, нема многу да направат ако некој друг не им ја заврши работата. За среќа има кој да се занимава. Пакетот промени на кој се работи во моментов има за цел да реши други проблеми, но како нус производ ќе биде и можноста да домаќинствата произведуваат и да го продаваат тоа што ќе го произведат. За ова прашање се зборува и во Министерство за Економија и има позитивен фидбек од оние кои треба да дадат амин, па така јас сум оптимист дека до крај на годинава ќе ја имаме и таа можност.
...зошто сме на ниво : позитивен фидбек?? ..тоа треба да биде акламатавна одлука без размислување.
Но ќе се појави проблемот со инвестицијата, на ниеден потрошувач ,ако е веќе тоа...не му се исплати да инвестира во никакво производство , кое нема да го продаде по повластена цена. Тоа значи дека се произведено ќе продава , а ќе си купува за себе поевтина струја од добавувач...нема логика да троши прескапа "фотонапонска" струја.
Или намерата на оние кои треба да дадат амин е да се дигне цената до таму , да биде исплативо производство и со овие цени на панели и опрема???
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Од твоја уста во Божји уши :).
Од моја уста во Пазарни Правила. ;)

...зошто сме на ниво : позитивен фидбек?? ..тоа треба да биде акламатавна одлука без размислување.
Но ќе се појави проблемот со инвестицијата, на ниеден потрошувач ,ако е веќе тоа...не му се исплати да инвестира во никакво производство , кое нема да го продаде по повластена цена. Тоа значи дека се произведено ќе продава , а ќе си купува за себе поевтина струја од добавувач...нема логика да троши прескапа "фотонапонска" струја.
Или намерата на оние кои треба да дадат амин е да се дигне цената до таму , да биде исплативо производство и со овие цени на панели и опрема???
Со сегашниве тарифи, а посебно за централите над 50kW, прашање е дали и со повластена тарифа ќе си ја испалтиш централата.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Од моја уста во Пазарни Правила. ;)

Со сегашниве тарифи, а посебно за централите над 50kW, прашање е дали и со повластена тарифа ќе си ја испалтиш централата.
........за едно 10-15 години ќе има панели со доволно висок степен на корисност и со доволно ниска цена и ќе почне да се исплатува. Не е лошо законски да се среди, барем како поттик народ да гледа можност во таква инвестиција....
 
Член од
28 август 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Во иднина и домаќинствата, т.е. физичките лица ќе можат да произведуваат енергија и истата да ја продаваат. Кој дел не е јасен?
Од било кој обновлив извор, на пример когенерација (CHP) од биомаса или ќе важи само за фотоволтаични централи?
Кои би биле трошоците за целосната процедура за приклучок на вакви системи на мрежата е многу важен детаљ, јас лично живеам во куќа и доколку има законска можност би инсталирал когенерација на пелети или дрвен чипс отприлика 10Kw електрична 20Kw топлинска моќност.
Дали би била потребна нова енергетска согласност,
бидејќи како семејна куќа веќе имам максимална одобрена моќност од 30Кw ??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom