Права експлоатација се врши на лето во Охрид, кога не знам некоја плажа, кафич или ноќен клуб има дадено слободен ден, ако се погоди сезоната.
Си редат точно онолку работници колку треба, под претпоставка дека 60 дена ќе можат да работат секој ден без ден слободен, а во шпицот на сезоната да бидат уште поенергични за работа и по повеќе од 8 саати.
Сум работела и по 12 и по 15 саати, наводно ќе ми доплатеа, ме мафтаа дека сум осигурна се додека не се испосеков по рацеве и си платив приватно колку две дневници, добивав помала плата од останатите вработени пошо сум била "помошник" иако секогаш ја работев и нивната работа, чак и не знам со кој ентузијазам и мотивација сум била на тие години, ама дете
Е, на крајот веќе ми пукна филмот и ако сум помошник ќе си работам само тоа шо се имав првично договорено. Сега тука најмногу се лутеа и урлаа вработените, ама на крај на месецот тие земаа 18 000, а јас 12 000.
Имав и друга понуда за работа, за на плажа, сама да си платам превоз, јадење такви работи се знае на мој трошок, одиш од сабајле од 9 па се до вечерта дури да се допиел последниот, а ако немало работа денот немало ни дневница. Нормално ја одбив, па после ќе читаш секакви коментари дека на младите не им се работело. Да, не ни се работи на места каде шо повеќе ќе сме во минус, отколку некаква мизерна заработка.
А, особено ми се интересни пензионериве претежно ги слушам по автобусиве, како тие дури биле млади сите работеле, со ќејф оделе на работа, ниту еднаш не се пожалиле, а сега младинава била неработлива и мрзлива.
Да и мене да ми нудеа пристојна плата и работа откако ќе завршам средно, да не зборувам за факултет, да работев од 7 до 3 и да бев за викенди слободна, да шетав преку синдикатот низ соседните земји и да не мораш да крпиш од сите страни за да заминиш на едно летување, можеби да ќе бевме поработливи.