Евро 2012 - трето четвртфинале (Шпанија - Франција), 23/06/2012

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.452
Поени од реакции
13.900

23 Jun 2012, 20.45 CET
Donbass Arena, Donetsk

Referee:
Nicola Rizzoli (Italy)

Единствено во што можеме да бидеме сигурни е дека не очекува прав фудбалски спектакл, е сега дали ќе има голови или не тоа е друга работа. Бројките одат на страната на Франција, поточно не знам дали одат, али единствено што знам е дека Шпанија никогаш ја нема победено Франција во официјален натпревар.

Најважни натпревари:
1984 - Финале на ЕП баш во Франција. Платини постигнал гол од слободен после големата грешка на Арконада, а подоцна французите постигнаа уште еден гол.

2000 - Баш како и сега, четвртфинале на ЕП. Славеше Франција со головите на Џоркаеф и Зидан. Натпреварот го одбележаа Мендиета и Раул. Мендиета постигна гол од пенал и подоцна ја напушти играта. Пред самиот крај на натпреварот беше досуден уште еден пенал за Шпанија. Мендиета не беше во игра, Раул ја превзема одговорноста и шутираше во стилот на Серхио Рамос и Шпанија беше елиминирана.


2006 - Осминафинале на СП. Шпанците фино можеа да изгубат од Саудиска Арабија и да им го препуштат првото место на Украина и да играат со Швајцарија во осмина-финале, али сакаа да играат директно со Франција, Франција која едвај се провлече низ групите, со Того, Швајцарија и Јужна Кореа. Натпреварот започна добро за Шпанија, Виља погоди од пенал, и беше скоро јасно дека Франција ќе ги пакува куферите се додека Рибери не постигна гол пред крајот на првото полувреме. Подоцна Виера постигнува гол, Рамос се обиде да ја извади топката од голот али безуспешно. Точка на мечот на крајот стави Зидан.


Се сеќавам дека играа и во 2010 година во Париз и тогаш Шпанија славеше со гол на Рамос, не знам кој беше резултатот али знам дека Рамос постигна гол. Сега работите се поразлични, Франција не е наивна како некогаш, Шпанија не е сигурна како некогаш, поради тоа можеме да бидеме сигурни дека ова ќе биде супер натпревар.

Може тука да се очекува се и сешто. Што се однесува до мене, сеедно.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
Од кога се повлече Зизу(а и целата генерација што играше заедно со него) некако како да ги загубив симпатиите кон Француската репрезентација...како нешто да фали, ја нема таа хемија,победвеле или не сепак тимот како да немат карактер(за победничкиот зборвам)...
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.924
Поени од реакции
4.371
Од кога се повлече Зизу(а и целата генерација што играше заедно со него) некако како да ги загубив симпатиите кон Француската репрезентација...како нешто да фали, ја нема таа хемија,победвеле или не сепак тимот како да немат карактер(за победничкиот зборвам)...
Фо нема шармот :D:P
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Браво за воведот, немам што да кажам, за моите секако...
Vamos Espana!!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.135
Поени од реакции
21.048
Пред самиот крај на натпреварот беше досуден уште еден пенал за Шпанија. Мендиета не беше во игра, Раул ја превзема одговорноста и шутираше во стилот на Серхио Рамос и Шпанија беше елиминирана.

Ццц.. Ебате мадридистите.. Тоа ви е во крвта, да си ги уништувате вашите, и репрезентации и клубови. :icon_mrgr:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.733
Поени од реакции
9.856
Типувам дека Шпанците ќе бидат издувани како балон..и ќе се спуштат на земја.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.141
Поени од реакции
18.154
За Американците!
Ај да ме види бабо, прочитав Dumbass Arena :pos:
Ај бе еднаш да видиме продолженија и пенали, некако сеедно ми е овде, немам особени симпатии кон ниеден.Ама ај за Шпанија нека е, зш се шо истипував досега (со исклучок на Џерманците) отиде обратно :sneaky:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.967
Поени од реакции
84.428
Овој натпревар ќе биде најтежок за Шпанците. До сега немаат победа против французите во официјални мечеви. Не верувам дека ќе ја повторат играта од мечот со Хрватска ама не верувам ни дека Французите ќе ја повторат играта од мечот со Шведска. Време е за одмазда за СП 2006.

Vamos España !
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
70
Поени од реакции
20
На кој го интересира еве детална анализа на репрезентациите на Шпанија - http://bit.ly/LpwhKH и Франција - http://bit.ly/Lpwfma на Kajgana пред нивниот вечерашен дуел.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ова ќе биде можеби нај тешкиот натпревар за шпанија,франција не е репрезентација која треба да се потценува.Баш ме интересира дали дел боске има храброст да излезе, бес шпиц играч,што мислим дека у овој случај тоа нема да биде толку лошо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom