ЕП 2016 - Група 1 (Втора фаза) Краков

Кои две селекции ќе одат во полуфинале?


  • Вкупно гласачи
    85
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
По завршувањето на трите рунди од групите А и Б, трите најдобри селекции од секоја група се селат во втората фаза од ЕП, додека Србија и Исланд како последнопласирани во двете групи си ги спакуваа куферите. Македонија со гол во последната секунда се избори за пласман во 12-те најдобри на ова ЕП, но за жал во новата група нема да пренесе ниту еден бод. Изненадувачки, Исланд го заврши својот настап на ЕП уште во групната фаза и покрај победата во првиот дуел против Норвешка, па доколку ја победевме Полска или барем изигравме нерешено, сигурно ќе следевме многу поинтересна за нас, втора фаза од ова натпреварување. Нормално, шансите за полуфинале не се загубени, но пореално е дека дури ни три победи во група 1, нема да не донесат до најдобрите 4 екипи.

Македонија вкрстува со група која беше можеби најслаба во првиот круг од натпреварувањето. На огромно изненадување (барем за мене :D), Норвешка пренесе 4 бода во втората фаза, Хрватска која секогаш претендира за највисок пласман пренесе 2 бода, додека во иста ситуација како нас е Белорусија. Од нашата група Полска влегува со максимален број на поени и со тоа што е домаќин ќе има голема шанса за пласман во полуфинале, додека Франција беше прегазена вчера и доаѓа само со 2 бода. Иако, Норвежаните имаа 2 бода повеќе од Франција и Хрватска, сепак се очекува дека токму овие две репрезентации ќе го дадат вториот патник во полуфиналето. Со оглед на формата на Хрватската репрезентација и фактот што Франција секогаш игра послабо во првата фаза, би требало триколорите да бидат втората репрезентација која ќе оди во полуфинале.

Tabela1.png

Македонија отвара против Хрватска и со победа против големиот ривал, со сигурност ќе се кренат апетитите на Македонската ракометна јавност, особено што ни следуваат дуели со условно послабите Норвешка и Белорусија.

raspored1.png

За разлика од нашиот состав во кој на листата на стрелци доминираат Лазаров со 21 погодок и Манасков со 16, кај Хрватите Штрлек има 17 погодоци, а го следат двајца играчи со 12 гола и неколку со 10. Кај Белорусите траидицонално ударна игла е Рутенка со 25 гола, но и Шилович и Пуховски имаат солиден број од 18 односно 17 погодоци. Салдаценка на голот има 36% на одбрани што е многу подобро од 25% на нашиот Борко.
Норвежаните многу не ги познавам, па ќе оставиме да видиме дали и во оваа фаза ќе бидат најпријатното изненадување :D
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
најавата ти е реална и убава, ме изненади фактот за Белорусија многу малку топки имат потрошено и ниниот голман кој има 21 година има 36% одбрани......ќе биде интересна утакмицата со нив, реално Полска е веќе во полуфинале за второто ке се борат и хрватите и норвежаните и французите, шанисте се еднакви за сите, франција може пак да има лош ден се е можно
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Полска според мене е сигурен патник у полуфинале. Франција ќе крене форма и исто ќе бидат и они. Ќе се одлучува во дуелот со Норвешка , зошто сметам дека Хрватска неможат да им парираат со таа смешна одбрана , освен секако ако Норвешка не не изненади сите. Искрено ги немам гледано.

За нас реално е да иаме 2 победи. Ја поминавме првата фаза односно главната цел е помината , сега порастеретено може да се прикажат уште подобри игри. Со Исланд и Белорусија очекувам победи , зошто да не. Впрочем и ракометарите ја дадоа таа изјава. Е сега со Хрватска.. зошто да не искористиме што и они засега не импресионираат. Идемо лудоо , идемо јакооо .. Идемо ( кај се игра финалето ) нападамо злато :D

:oeoeoe:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Со Исланд и Белорусија очекувам победи , зошто да не. Впрочем и ракометарите ја дадоа таа изјава.
Каков Исланд, на Норвешка да не мислиш? И да збориш за Норвешка, незнам по која логика сметаш дека во секој случај се очекува да победиме...
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Каков Исланд, на Норвешка да не мислиш? И да збориш за Норвешка, незнам по која логика сметаш дека во секој случај се очекува да победиме...
Да бее моја грешка. Скроз се префрлив ццц. Реална победа вака против Белорусија само , со другите останува да се бориме па што биде биде.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Да бее моја грешка. Скроз се префрлив ццц. Реална победа вака против Белорусија само , со другите останува да се бориме па што биде биде.
Реално и со тие прашање како ќе поминеме, според мене појаки се него Србија така да прашање и со нив колку ќе извадиме.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Мислам дека Полска и Франција ќе изгубат по една утакмица, ама ние нема да ги тепаме сите три.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
пак лош распоред... сега ни требаше со ХР последна да биде, може ќе им беше доволен само бод и со б-ешалон ќе играа... овака ништо, а проблемот е што Норвешка има 4 бода, мора да ја тепаме и нејзе и Белорусија... Јас да сум Обрван ќе договарам со хрватите да ја одииграме џентлменска утакмица, со сите играчи, во егзибиционен стил со цепелини, без тепање и повреди, и со културна разлика да не акнат, а не како Исланд ...
И да не успееме, барем ќе фатат минутажа и помладите, а ќе се сочуват стартерите за со Белорусија и Норвешка..
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Нерешено против Хрватска, победа против Белорусија и пораз против Норвешка:misticen:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Да правиме реален муабет, нашата цел беше да ја поминеме првата група и тоа го направивме. Одигравме две одлични утакмици и со Полска и со Франција иако се очекуваше да губиме убедливо.

Реално гледано ако повториме изданија како со Полска и Франција може да совладаме кој било од наредните противници, но ако повториме издание како со Србија може да изгубиме од било кој. Нестварно е некои што очекуваат дека ќе ги победиме сите три натпревари, па и коцките ќе ни се наредат за полуфинале, sci-fi е тоа сценарио.

Хрватите иако без доста повредени играчи, сепак имаат доста подобар состав со неколку искусни играчи и со тоа што влегуваат со 2 бодови во оваа фаза, незамисливо е да испуштат бодови со нас. Норвешка можеби изненадувањето од таа група е претежно млад состав со доста млади и надежни играчи и сигурно доколку би не потцениле што и очекувам може да им се држиме во неизвесен меч. Белорусите искрено и никој не ги очекуваше во втората фаза, но ете ги. Имаат добри бекови, Рутенка, Шилович, Парахуски итн. Топовско месо ќе бидат за Полска и Франција, а сигурно можеби ќе бараат и победа со нас.

Се на се, на овие 3 утакмици треба Обрван да им даде повеќе шанса и на Филипче, Кузмановски, Ојлески и остали. Ако земеме да играме со истите 7 играчи ем ништо не ќе направиме, ем ќе испопаднат сите на терен. Реално целта е исполнета со влегувањето во втората фаза, сеа само треба да влезат со ладни глави во овие 3 дуели и без многу очекување, па и така ни се поголеми шансите да извадиме некој добар резултат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom