- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.482
- Поени од реакции
- 68.980
По завршувањето на трите рунди од групите А и Б, трите најдобри селекции од секоја група се селат во втората фаза од ЕП, додека Србија и Исланд како последнопласирани во двете групи си ги спакуваа куферите. Македонија со гол во последната секунда се избори за пласман во 12-те најдобри на ова ЕП, но за жал во новата група нема да пренесе ниту еден бод. Изненадувачки, Исланд го заврши својот настап на ЕП уште во групната фаза и покрај победата во првиот дуел против Норвешка, па доколку ја победевме Полска или барем изигравме нерешено, сигурно ќе следевме многу поинтересна за нас, втора фаза од ова натпреварување. Нормално, шансите за полуфинале не се загубени, но пореално е дека дури ни три победи во група 1, нема да не донесат до најдобрите 4 екипи.
Македонија вкрстува со група која беше можеби најслаба во првиот круг од натпреварувањето. На огромно изненадување (барем за мене ), Норвешка пренесе 4 бода во втората фаза, Хрватска која секогаш претендира за највисок пласман пренесе 2 бода, додека во иста ситуација како нас е Белорусија. Од нашата група Полска влегува со максимален број на поени и со тоа што е домаќин ќе има голема шанса за пласман во полуфинале, додека Франција беше прегазена вчера и доаѓа само со 2 бода. Иако, Норвежаните имаа 2 бода повеќе од Франција и Хрватска, сепак се очекува дека токму овие две репрезентации ќе го дадат вториот патник во полуфиналето. Со оглед на формата на Хрватската репрезентација и фактот што Франција секогаш игра послабо во првата фаза, би требало триколорите да бидат втората репрезентација која ќе оди во полуфинале.
Македонија отвара против Хрватска и со победа против големиот ривал, со сигурност ќе се кренат апетитите на Македонската ракометна јавност, особено што ни следуваат дуели со условно послабите Норвешка и Белорусија.
За разлика од нашиот состав во кој на листата на стрелци доминираат Лазаров со 21 погодок и Манасков со 16, кај Хрватите Штрлек има 17 погодоци, а го следат двајца играчи со 12 гола и неколку со 10. Кај Белорусите траидицонално ударна игла е Рутенка со 25 гола, но и Шилович и Пуховски имаат солиден број од 18 односно 17 погодоци. Салдаценка на голот има 36% на одбрани што е многу подобро од 25% на нашиот Борко.
Норвежаните многу не ги познавам, па ќе оставиме да видиме дали и во оваа фаза ќе бидат најпријатното изненадување