- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.296
- Поени од реакции
- 5.864
Целта на постоењето на темава е вашето мислење. Дали според вас е подобро човек да поседува земска, обична интелигенција или духовна возвишена свест и свесност. Ке дадам мој личен став и гледиште кон темава. Значи од мој аспект на видување повеќе вреди еден човек во животот да работи на тоа да влезе во себе буквално кажано... Значи да ги расталка причините за неговото постоење. Да расталка од кои виши работи навистина зависи неговата благосостојба, неговото постоење и неговата иднина. Многу битен момент по подолго време духовни учења е кога ученикот ке свати и ке прими се што напишав погоре и кога ке почне како последица на тоа да живее и да гледа на работите со повисок степен на духовна свест поточно правата свест. Лично ја почитувам земската обичната интелигенција како дар од створителот, но најчесто луѓето што ја имаат имаат и голем углед во општеството поради функцијата и работното место што го добиле со помош на подарокот од створителот и во 99% од случаите им се крева егото премногу и мислат дека нивните гледишта се најбитни, најпаметни и најсигурни. Таквиот начин на постоење е изолиран и затворен за нови учења а секој изолиран и затворен систем кратко трае. За кратко добиваат проблем на шестиот енергетски центар и тоа ја гасне интелигенцијата за многу кратко време а гордоста им ги гриза бубрезите буквално кажано. Толку од моето мислење. Чекам ваши аспекти на темава и објаснувања зошто тоа што ви се допаѓа ви се допаѓа повеке од она спротивното.