Државниот апарат вработува 48.720 лица, просечната плата е 26.800 денари

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209


Митот падна: државниот апарат вработува 48.720 лица, просечната плата е 26.800 денари

19
АПР 2012​
14:06​

Просечната месечна нето-плата што се исплатува од централниот буџет на држава изнесува 26.800 денари, а вкупната сума наменета за нето-плати на буџетарите за годинава е 10 отсто од сите расходи на државниот (централниот) буџет, покажува анализата на МКД.МК на централниот буџет.

Буџетарската плата годинава, според официјалните податоци во централниот буџет, ќе ја добиваат 48.720 вработени на кои директно од централниот буџет им се исплаќа месечна нето-плата. Во анализата се вклучени исклучиво вработените во владата, министерствата, агенциите, установите, комисиите, судовите и другите органи што добиваат плата од централниот буџет. Од оваа анализа се исклучени вработените на општините, на јавните претпријатија и на државните акционерски друштва и сите вработени во јавното здравство поради тоа што тие добиваат плата од самофинансирање или по други основи.

Просечната буџетарска плата е за 27 отсто односно за 5.800 денари повисока од просечната нето-плата исплатена на национално ниво што ја пресметува Државниот завод за статистика што за јануари годинава изнесува 20.982 денари. Анализата на централниот буџет покажува дека македонската државна администрација има вкупно 48.720 вработени што се распоредени во 70 организациски единици (влада, министерства, органи, агенции, управи, судови и други единици). Фактите покажуваат дека државната адиминистрација нема над 100.000 лица и дека таа може да се пресмета со едноставна математичка операција што ја нуди содржината на централниот буџет на Република Македонија. Според официјалните податоци годишно за нето-плати на 48.720 буџетари се планирани 15,68 милијарди денари, односно 255 милиони евра. На месечно ниво за плати на државната администрација, платена од буџет, се потребни 21,25 милиони евра, кои треба да ги обезбеди Министерството за финансии пред сè од Царината и од Управата за јавни приходи што се задолжени за полнење на буџетот. За годинава за уплати на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување на буџетарите се планирани 100 милиони евра, односно 6,17 милијарди денари.
Мотивацијата за ова истражување произлезе од изјавата на Иво Ивановски, министерот за информатика и администрација, кој неодамна јавно соопшти бројка од околу 118.000 лица, кои ги оквалификува како јавна администрација. МКД.МК пред десетина дена достави барање до ова министерство да ја достави на увид структурата на вработени во администрацијата, која според официјалната изјава има 118.000 лица. За жал, досега МКД.МК не доби одговор од Министерството за информатичко општество и администрација.
http://www.time.mk/read/NONE/733cc7ac89/index.html

МКД.МК
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
118000 административци на 2000000....
со толку администрација граѓаните треба да бидат услужени како што треба, без гужви и редици.
Значи овој месец зедов три пати помала плата од административната просечна :) Cheers :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
118000 административци на 2000000....
со толку администрација граѓаните треба да бидат услужени како што треба, без гужви и редици.
Значи овој месец зедов три пати помала плата од административната просечна :) Cheers :D
Извади од овие 2 милиони само работоспособно население ако има некаде податоци. Па со оние кој не се пријавени, а земаат пари ќе испадне во РМ 50% работат во администрација :)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Браво за пајчартот е вака се работи германска школа уште да им најдеш колку трошат за тоалетна хартија и ќе си биде таман.

Но проблемот е многу поголем оваа е бетер од Сида системот прави ѓурултија
 
M

Muranyi

Гостин
Не знам од каде извадија просек 26 800 денари,не верувам дека е вистина.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1 299 574 вкупно население од 19 до 64 години.
http://www.stat.gov.mk/publikacii/2.4.11.14.pdf
Податоците се за 2010 година.
Активно работоспособно население 937 326, од кои вработени се 639 340, а невработени 297 986.
http://www.stat.gov.mk/pdf/2012/2.1.12.05.pdf
Од нив запишани студенти на додипломски се 63 250. На постдипломски се запишани 3 227.
Нефункционално население во годишни бројки на возраст до 26 години.

Значи математиката испаѓа вака:
Од 639 340 - 118 000 = 521 340
Од 521 340 - (стотици за кој неможам да најдам податок вработени во општини и здравство + непријавени волонтери и практиканти + лица вработени во државни фирми како Охис, ЕМО+ јавни претпријатиа како Собраќај пат загубар, железници загубар, кога може да е Градски паркинг загубар за другите да не зборам) = бројот на население кое работи во приватен сектор

Епа бројот на население кое работи во приватен сектор ќе падне произволно на 30-40%.Со се оние во делот на сивата зона. Епа неможе да ја рани аждеријава, затоа сме вечно во минус.
Плус плати во просек по 26 000. Во приватен сектор едвај допираат во просек по 12 000.
Вака држава неможе да функционира.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Aј нека извади некој споредба со Словенија..колку има таму ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Aј нека извади некој споредба со Словенија..колку има таму ?
Дојдов до ваков податок:
Полска само 0,89 отсто се државни службеници. Словачка преферира 2,3 отсто државни службеници, 3,6 отсто се во Летонија, 5,9 отсто во Чешка. Во Словенија 17 проценти од активното население се државни службеници, а во Малта дури 22 отсто“, наведува м-р Методија Димовски, во една анализа.

Од прилика можат слободно вода да ни носат сите земји во Светот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Дојдов до ваков податок:
Полска само 0,89 отсто се државни службеници. Словачка преферира 2,3 отсто државни службеници, 3,6 отсто се во Летонија, 5,9 отсто во Чешка. Во Словенија 17 проценти од активното население се државни службеници, а во Малта дури 22 отсто“, наведува м-р Методија Димовски, во една анализа.

Од прилика можат слободно вода да ни носат сите земји во Светот.
17 % у Словенија,да не си грешка ? Ондак ние на нив вода да им носиме :icon_mrgr:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Дојдов до ваков податок:
Полска само 0,89 отсто се државни службеници. Словачка преферира 2,3 отсто државни службеници, 3,6 отсто се во Летонија, 5,9 отсто во Чешка. Во Словенија 17 проценти од активното население се државни службеници, а во Малта дури 22 отсто“, наведува м-р Методија Димовски, во една анализа.

Од прилика можат слободно вода да ни носат сите земји во Светот.
Пољацине навистина удриле со сатар по јавна администрација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom