Последната економска криза покажа дека големите сили сепак ќе преживеат и во глобална инфлација, а малите играчи (задолжените) го кркаат стапот. Механизмот е многу едноставен. Големите банки од богатите земји даваат многу заеми се додека дојдеш до фаза кога не можеш да ги вратиш. Е, после ти доаѓа на гости некоја „тројка“ и ти управува со државата-зголеми даноци, продавај земја на странци, продавај компании на странци, едноставно го губиш суверенитетот.
Барем годиниве се нагледавме вакви примери.Едноставно-глобализација.
Затоа заемите од странство не се најсреќно решение, и да се со најниска камата, ако знаеш дека ги трошиш непродуктивно.
Пропагандата дека сме ниско задолжени ништо не значи, ако парите зајмени ги потрошиме на плати (непродуктивно). Ако зајмените пари се употребеа за економски равој, пари кои ќе се оплодеа,ќе беше до некаде во ред.
А и уште еден факт, многу „чудно“ беше што кога владата се зајми во странство стотици милиони прво за „Скопје 2014“ , па подоцна и за сервисирање на дупки во буџетот (плати) , немаше реакциии од заемодавачите за непродуктивното трошење, поточно тоа им годи, знаат дека ја играш нивната игра.
За жал, кога ќе стигне сметката, тие што ја направија нема да бидат тука, сето тоа народот ќе го плати и тоа скапо....