Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Духовниот потенцијал кај луѓето е крајно неискористен. Безмалку сувопарен. Драга Кајгана.
Се' почесто се доведувам до истиот заклучок дека сме ставени на земјава како експеримент. Дека сме збуцани на планета која е непријателски настроена кон нас и не' поплавува и смрзнува, ни генерира терминални болести и чуми и константно не тера да се адаптираме на временските непогоди.
Даден ни е патетичен животен век, а импринтирана ни е исконската потреба за живот. Лимитиран ни е дијапазонот на делување, а вградена ни е желба да сакаме...повеќе. Емоционалната датабаза ни е патетична, а згора на патетиката и френетична, па екстазираме над концепти како љубов, меѓусебно разбирање, наоѓање смисла на животот, трагање по Бог...и над тие илузии бараме катарза.
Да сево ова биде уште повеќе патетично, апологетиците на илузијата веруваат дека не сме сами на патот кон спознанието. Дека постои нешто наречено сродна душа, личност со која, фатени за рака, ќе го димензионираме хаосот по наш крој и ќе создадеме мала, автономна средина во која ќе ги надминеме нашите лимити. Во која ќе го победиме, барем за кратко, тој малициозен садист со добра смисла за хумор, тој космички кловн кој доживува катарза над нашата патетика и простодушност...
Тој...Бог.
Штета што нашите умови, нашите фасцинации и нашите побуди се трошат и се распаѓаат под тежината на времето. Со секој труд и секој напор, после секој успех и секоја среќа, само еден факт останува.
Старееш.
Колку и дали воошто се вредни моментите кога ние, лабараториските стаорци, успеваме духовно да се искрадеме од играта на боженственото...не би знаел. Знам само дека стареам.

Туку....заеби метафизика. Битно голем ми е. :vozbud:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич, зашо бе бејб вие девојките сте толку комплицирани а?
Btw денеска ни е слава на Свети Никола ( ин мај фемили) и те чекам да наминеш со се целава кајганерија.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга

Момциве угоре, многу инспиративни :)

Само тоа дојдов да речам.

А, да. И дека изедов две парчиња пица, капричиоза и кулен. И пола ритерспорт со цели лешници.

Грофтам ко прасе, среќна сум ко глуварче коа дува лек ветер.
Имало и бетер!

Ај ч.

М.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Утре највероватно видеа на Јутуб од прослава, гореа Маркови Кули а јас се смрзнав под ѕидина. Не можев куров да си го најдам од што ми беше смрзнат за да се измочам одвај сега дома се поврати малку во живот да го истресам на шоља.
Од пет и пол саатот под ѕидина до седум чекавме да ги запалиме факелите саат и пол температура минус горе на високо добро е шо ветар немаше. Само онај наркоманот предвреме ја запали добро е што само на таа остана после сите синхронизирано. Искрено повеќе од 150 факели немаше ама гореше планината :icon_lol:.

Прво видео ама не сум задоволен многу како изгледа нашето кога ќе го ставиме од сред настан, е тогаш :icon_lol:....

 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Драга Кајгана

Ќе дадам отказ од работа !!!

Не можам да издржам, еве иде Нова Година а јас се убивам од работа.
Порано работев како кучкар и ги шетав кучињата на богатите аристократи во Скопје покрај Кеј за пари пошто со овој факултетов не можам да најдам нормална работа . . .
И летоска додека ги шетав кучињата покрај Вардар ми пријде еден дечко со точак и ме праша дали сакам да работам за него, прво хонорарно за проба и сега сум вработен за стално кај него.
Работата не беше тешка од почетокот. Требаше само да му ја чувам жена му и двете ќерки додека он одеше покрај Кеј со точакот да се рекреира, ништо страшно, купував PUMPERS за децата, го фрлав ѓубрето и купував леб и за тоа добивав огромни пари и си идев дома.
Ама после тоа почнаа проблемите, работев до касно некогаш и по цел ден и станав вистински воркохолик, а дечкото почна многу често да оди на пат . . . Се зближивме со жената и еден ден отидов со неа во болница, ама докторката ме однесе во една соба и ме натера да го испразнам во една чашка. Мене не ми беше јасно што се случува ама жената ми објасни дека ми прават СПЕРМОГРАМ.
И тогаш ми почнаа проблемите, идев на работа и жената ме тераше да и свршам внатре за да и направам трето дете што ќе биде машко, наводно маж и не бил мајстор за машки деца.
Мене ми е жал за дечкото зашто беше многу фин со мене и ми даваше многу пари за да му ја чувам жената додека е зафатен постојано на службен пат, ете почна да оди и на некакви road-show-а, не се разбирам од тоа, ама ми е страв да не дознал нешто зашто последен пат кога беше на пат донесе дома некаква јапонска сабја-катана и ја закачи на ѕидот . . .
Леле што да правам Господе, добро се плаќа овде . . .
Ќе дадам отказ . . .
Не можам веќе.
Ватевер.
Среќна Нова Година на сите, Кајгана и сите форумџии !
Отидов јас уште сега почнувам да славам.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Никој не ме сфаќа. И ги мразам луѓето. Ги мразам затоа што нивната судбина е среќна а мојата не. Живеам кучешки живот. Што попрво да направам за 24 саата? Младоста ми оди туку-така. Стариот работи како коњ и напиња уште толку. Ја него го разбирам ама он мене не. Па и онаа па. Пу да ти ебам простачата. Толку да се немало во таа празна црпка бре! Без срам. Што ти значи образование и еманципирање. Па и интелигенција. Сево ова е заради неа.

Ах... а морам да се праам среќен пред другите луѓе. Пошо ако си стаам тажна фаца ќе ме напнат. Зашо си таков? Шо ти е? Кур ми е, пичка ти матер. Остави ме на мира. И да умрам, остави ме. Зарем премногу барам.

А толку многу се очекува од мене. Просто ме убива. Носам товар на градиве за 100 луѓе.

Сакам да се исплачам. А знам дека нема нишо да ми смени тоа. Пак во исти гомна ќе сум си.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Само почуствував потреба да му оддадам почит на човеков...

We horseman astride our horses, what do we know
about sowing? But any field that can be
plowed by horse hooves, any meadow that
can be galloped across,

We have trampled.
We do not stoop to build walls or temples,
but any town that will burn, with its temples
and walls,

We have burnt down.
We honor and cherish our women who are all of
high rank; but the others, those who can
be tumbled, spread apart and possessed,

We have taken.
Our seal is a spearhead; our ceremonial dress,
armor starred with dew, our silk is woven
from manes. The other kind, which is softer
and fetches a price,

We have sold...
 
S

Stivie G

Гостин
Драга
многу сум неровозен, утре полагам финансии а јас уште книга немам фатено, незнам како ќе поминам а и резултатот од првиот колоквиум ми е катастрофа, ќе ми треба голема среќа утре за да обезбедам опстанок
 
K

kalimer0

Гостин
Помислата дека утре сум втора смена и надежта дека поради куќна слава класниот ќе биде отсутен - ми ја прават оваа неделна вечер убава.
Гледам и снег надвор расположението ми е на позитивна нула :)
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Kaјги

Не сум реална. Братучед ми е брутално реален. Накај песимист. И ме удри од земја, буквално.
И се’ се сведува на некоја фиктивна моќ на презимињата на луѓето, и некои дебили ќе добиваат влијателни позиции во општествово, а единствена работа им е да си го дебелеат газот и да кршат фотелји. Нешто во конфигурацијата на сите нам ни е згрешено, итоа огромна грешка има. Да имав моќ ќе воведев клада на плоштад. А можда немаше ни да се замарам. Сега доаѓа делот каде што се тешам и се убедувам дека сум задоволна со малку. И дека е во ред да се живее по линија на помал отпор и скромно. Додека некој се к*рчи со туѓ труд. Не сум задоволна! И никому ништо. Пак копилињата ќе најдат пријатели и начини во овој мал град да те уништат. Човек не може да мрдне, од сите страни ќе го растргнат.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Пер, знаеш дека тужните постови уствари се најпочитувани? Уствари у све е така. Колку си поочаен, толку поеќе има луѓе кои ќе те поштуваат и ќе ти го вреднуваат тоа. Многу педерска работа. Демек леле трагедија, допира до моето срце. Ма заеби ти тоа, поштуваш само што е очаен човекот. Се ситиш, дека е полош од тебе или во најдобра ситуација - на исто рамниште и не си осамен во очајноста. А нешто му тргнало добро на чоекот, се фали дека е среќен - остај го, се фали, сака другите да видат дека е боље од нив. Нели се закон луѓево?

Јас иначе сум добар, онака. Дифолт.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
срцке,

тешко и напорно од утрото до ноќта.. брзо и лесно од ноќта до утрото..

на човек ќе му се даде шанса.. тие слепо и наивно ја одбиваат. камо да имаше некој што би посветил внимание на мене како што јас посветувам на други.
многу луѓе работите ги земаат здраво за готово, штета што тоа ќе го сфатат кога ќе го изгубат, и што не учат од грешките..
Убаво е да се посветуваш и да даваш внимание.. но
дали вреди да се сака некој доколку тоа не се покажува..?
луѓето се плашат да покажат чувства, дури.. мојата искреност некои ја сметаат за тролање, но .. еве мене ми значи и да знам дека ме лаже, и јас да речам кажи ми дека ме сакаш безразлика на тоа дека ме лажеш, кога ќе го слушнам тоа се осеќам поисполнето. убаво ми е ! лажи ме ќе ти верувам..
 
С

Сатори

Гостин
Најдрага,
јас ја обожавам мојата идна професија, сум комплетно посветена на факултетот, науката и се што е поврзано со неа. Но, нема но. :D
Нема ништо лошо всушност, само сакав да споделам дека и да бидам воркохолик, ќе бидам бар среќен човек.
Само уште 10 страни и сооооннн ... :)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Цуци буци.......снег....повеќе снег има на fb кај напалените тинејџерки (тенџерки) отколку надвор. Ваљда тоа е нивниот првут, кој паѓа на тастатура....
ок...снег...нема многу...овде онде....
а да....на мојо сакан Прилеп сакам да му го честитам празникот Свети Никола, за многу години.
и на сите Николи и Николини честито име....
***
и вие од околните места на Прилеп (Скопје, Битола, Крушево, Велес, Кавадарци) да ни дојте на сармички...
(си велам ч'има за сите)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom