Драга,
одиш на твоето омилено место во еден од омилените градови. Чудни се зајдисонцата знаеш, душата ја лечат. Додека паѓа сонцето зад облаци чиниш паѓа цела тага на овој свет, завршуваат гадостите, сите тежини на душата се спуштаат... таму некаде. Во исто време се раѓа надеж, истото сонце кое го гледаш како зад облаци заоѓа - изгрева за некој друг, на некое друго место, можеби и во друга димензија...
а ти, ти само гледаш осветлени облаци, нечиј одблесок, туѓа радост...
и добро ти е. Знаеш дека има живот, знаеш дека има утре, дека надеж постои... едноставно знаеш.
Чуден живот, чудни зајдисонца, ја лечат душата...
п.с. вечерва повторно.