Кеј,
Денес го запознав Влатко Стефановски. Фин, пријатен човек, одличен соговорник. Ништо надмено кај него, лежерни мали муабети за секоја слика и прилика.
Постовите на Коњаникот секогаш ми создаваат цела една бајка која магично ме понесува.
Денов прекрасно чуден. Избегнати погледи и намерни промашувања. Мали сомнежи. Уште правиш нешта кога ќе те замолам. И ти благодарам за тоа. Човечноста е присутна. Огнена усто нема да ме голтнеш. Од високите врвови до сините мориња, најди си ја среќата своја. Јас не ти ја кријам. Светот е твој, а јас ќе си останам у мое маало. Од ладните стапала до вжештената глава, бубамаркиве у стомак се најсилни. Радости детски на топлата чинија компир манџа со пролетна зелка. Со оцет, без лимон, кој треба да си го купам утре. И во исчекување на утрешниот ден. На старо-новите лица и ветените средби. Кога не треба да внимавам на своите зборови, кога сум со луѓе со кои немам маски и илјада лица зад кои сум приморана да се кријам. Кои ме разбираат, сакаат и не им е битно со кого се љубам. Се додека сум среќна. Ретки се премногу, но убаво е што во последно време се почесто наидувам на нив.
http://m.youtube.com/?#/watch?v=9ckv6-yhnIY