Да говориш дека нема сиромашија во Македонија е исто како да им се смееш во лице на луѓе кои едвај врзуваат крај со крај.
Безобразно до бескрај.
Има де, голем дел од населението е доказ за тоа.
Нивната мајка, има неверојатни бенефиции како на пример бесплатно здравство, бесплатно образование за нејзините деца, социјално итн.
Дали треба да жалам жена што ги тера своите деца на улица а не на училиште?
Знаеш колку мајки и татковци деноноќно работат за своите деца да завршат школо?
Дали треба да жалам татко шо парите од социјално и парите шо неговите деца ги собираат од питање наместо за моливи и бои ги троши на ефтин лепак и тромадол? Да жалам татко што безмилно ги тепа децата за да им ги земе парите?
Разумот во мене не дозволува трошка жал.
Ги жалам само децата шо нема некоја установа да ги прибере.