Договорот меѓу СФРЈ и НР Бугарија

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Пиринците, и бегалците од Егејска Македонија, заедничка бројка.

Ајт поздрав:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=Aye8bS6jQco[/media]
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584





Ustav na VMRO obedineta od 1925 vo koj za cel imaat ramnopravno ucestvo vo idnata Balkanska federacija vo ramkite na geografskite granici na Makedonija

Георги Димитров, водачот на Отечествениот фронт и првиот пртеседател на НР Бугарија кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на Разлог, е единствениот бугарски државник кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен, македонскиот јазик како посебен, македонската историја и (Социјалистичка) Република Македонија како национална држава на Македонците, туку и се залагаше за целосно обединување на Македонија во рамките на Балканска Федерација.

Георги Димитров во своето писмо од 1934 година до МНС од Детроит вели:

" Јас се чувствувам нераскинливо врзан со судбината
на Македонскиот народ и како бугарски пролетерски
револуционер и како син на семејство што потекнува
од Разлог - долината на историското Илинденско
востание ... Македонското движење има многу
непријатели. Меѓутоа, најопасниот негов внатрешен
непријател се агентите на бугарскиот империјализам,
бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и, пред се
бандата на Ванчо Михајлов ... Не може да има успешна
борба против националното угнетување и за ослободу-
вање на Македонскиот народ без конечно изолирање
на Македонските маси од таа опасна банда, без полното
елиминирање на нејзината јудинска улога во Македонското
движење и во натрешниот живот на Бугарија (се мисли на
"ВМРО" на Ванчо Михајлов) ... Само единствената револу-
ционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со
работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција
може да доведе до победа на македонската ослободителна
револуциja. "

Овие свои ставови Георги Димитров подоцна и ќе ги потврди со формулирање на следниве три точки:

1. Признавање на Македонската нација како посебна словенска нација на Балканот и (С)Р Македонија како национална држава на Македонците.

2. Признавање на националните права на Македонците во Пиринска Македонија под управата на Отечествено-фронтовската бугарска држава.

3. Создавање пријателска атмосфера меѓу Југославија и Бугарија и готовност за создавање на јужно-словенска федерација во која би влегла и Бугарија како посебна единка со задолжително обединување на Вардарска и Пиринска Македонија која би била седма федерална единица во спомената федерација.

Врз основа на пописот од 1946 година, 70% од населението во Пиринска Македонија се декларирало за Македонци. Тоа било и своевиден плебисцит, па во училиштата во Пиринска Македонија почна да се изведува настава на македонскиот мајчин јазик, отворени беа македонски книжарници, а во Благоевград (Горна Џумаја) почна да работи Македонски народен театар и беше дадена директива да се изработи законски проект според кој таа културна автономија на македонците во Пиринска Македонија да се преобрази во територијална. Меѓутоа, со резолуцијата на Информбирото (заладувањето на одосите меѓу СФРЈ и Бугарија), смртта на Георги Димитров и доаѓањето на власт на Тодор Живков сето ова е забрането, поништено и прекинато.

 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Dodeka bese Gjorgi Dimitrov na vlast so odredeni spogodbi so Jugoslavija imamve nekoi kakvi takvi sansi da go vratime Pirinskiot del ama nisto od toa.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom