Диети и слабеење

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За слабеење погодна е одвојувачка диета со 4 протеински и 3 јаглехидратни денови.
Во протеинските денови се внесува минимално количество на јаглехидрати (1 кришка леб или 100-200 грама ориз ) а во јаглехидратните денови малку протеини (чаша млеко/25 грама урда) .
Внесот на вода е висок : од 3-5 литри што повикува исто така на задолжително јаболко и кафе на дневна база бидејќи се антиоксиданти а кафето е воедно и деуретик (ќе ја исфрлите непроцесираната вода) .
Во рок од 2-4 месеци се слабее колку што на телото му е потребно , лично за 3 месеци 17 килограми ослабев (ми се подобри крвна слика и протеински состав на крвта )
Живо ме интересира што јадеше.
Ајде едно мени да видиме како ти изгледала неделата?
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Живо ме интересира што јадеше.
Ајде едно мени да видиме како ти изгледала неделата?
Протеински ден :
Доручек 1
2 варени јајца ( 1 жолчка само )
Сирење/Кашкавал
Печурки (опционално )
и овошје по избор (освен портокал )

Ручек
Варен стек(или било какво месо , помалце мрсно)
Салата (Зелка или Марула)
Урда/Сирење (место урда и сирење може да се вметне 100-200 грама ориз или интегрален леб (1 тенка кришка) )

Вечера
Чаша млеко/јогурт
Салата (може и шопска со сирење)
(може и Банана место салатата)

Јаглехидратен ден :
Доручек
Интегрален леб со мармалад/мед без путер(или овесни снегулки)
Сок од пороткал

Ручек
Ориз/Леќа/Грашок/Варен компир
Салата (краставица и патлиџан по можност , може и аспарагус)
Јаболки (1-2)

Вечера
Варен ѓеврек
Чаша млеко
Овошје по избор (освен банана)

Странични забелешки :
За време на протеинскиот ден : овошје , освен портокал , може да се конзумира кога и да ви се пријаде. Исто така за оние кој неможат без благо : чоколадо за готвење со висок процент на какао може да внесете до 25 грама .
За време на јаглехидратниот ден внесувајте бар половина литар повеќе вода од протеинскиот ден , овесни житарки (благите од типот на Vitanova) можете да земате како ужина . Зелените јаболки исто така се попрепорачливи за време на јаглехидратен ден од црвените , меѓутоа ако не ви се допаѓаат - и црвените ќе завршат работа.

Распоредот на деновите е :
Понеделник , Среда , Петок , Недела - Протеински денови
Вторник, Четврток , Сабота - Јаглехидратни денови.
После 2 недели сменете ги деновите за време на јаглехидратен ден така што ќе имате 2 јаглехидратни денови по ред . После 4 недели сменате ги на протеински ден .
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Мене ме интересира дали некој има користено шејк од herbalife? Го купив, почнав да го пијам, заменав за вечера и сега засега ослабев едно кило. Други искуства?
 
Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
DIETI I SLABEENJE : SE SE BAZIRA NA VEZBANJE I MRDANJE SO GLAVATA LEVO DESNO.KOGA NEKOJ KE VI PONUDI BILO STO ZA JADENJE VIE JA PRAVITE TAA VEZBA I ZA 2 NEDELI STE TOP :):)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Дебели многу сладолед ? XD
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Дебели многу сладолед ? XD
Ти пишува на пакетчето колку калории има сладоледот. Корисен извор на протеини се млечните сладоледи ама не треба да се претерува , некои од нив имаат калории како на целосен оброк .
Ако сакаш да си го пресметаш внесот на калории иде на принцип : посакувана тежина x 33 = број на калории кои терба да ги внесеш во текот на денот
Има отстапка секако ако вежбаш и спортуваш ќе треба минимално да ја зголемиш скалата на внес на калории , ама воглавно тоа е .
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дали има некој користено Clenbuterol? Веќе неколку дена го пијам, па ме интересира дали функционира доколку има некој што пиел од апчињава.
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
47
Поени од реакции
13
Мене ме интересира дали некој има користено шејк од herbalife? Го купив, почнав да го пијам, заменав за вечера и сега засега ослабев едно кило. Други искуства?
Значи од искуство на другарка ми она се стопи со шејков(16 кила за 2 месеца), го пиеше за доручек и вечера, а на ручек нормално јадеше, сега нормално мислам, баш во граници на нормала, ако имала дома ручек салата, супа, 1 танјир главно јаденје без десерт, ако пак надвор, тост, помал сендвич, Bake rolls со јогурт. Јас го пиев 1 недела симнав 3 кила и си го заборавив во Охрид на семинар, па викам дека денес, утре ке го купам пак и ништо од тоа, јас бев презадоволна и фала што ме потсети утре сабајле одам да си го купам.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437

Првпат слушам за ова.
Од аптеки се купува, right? И колку пари е?
Фала
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
47
Поени од реакции
13
јас го купив од Афродита С, во аптеки не знам дали го има, знам дека го продаваат и на други места, ама не знам кои, да не ширам дезинформации. Мене не ми текнува колку пари беше ама мислам дека околу 1600 денари???? не сум сигурна утре ке го земам, па ке пишам, јас го плакав заедно со многу други работи. Ама навистина функционира, и многу е лесно затоа што не треба да мислиш многу, само смисли си некој здрав и хранлив ручек.

п.с. одговоров е за
Индиско оревче
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Абе улави ли сте вие ?? Диети ... Јадите на секој 3 часа по малце , ќе го убрзате метаболизамот , ќе горите постојано калории а со тоа и масти ( сало ) , додајте малце физички вежби и кардио и ете ви докажан рецепт за слабеење . Без хемикалии , без диети , без ништо . Не очекувајте дека ќе најдете некоја волшебна храна или апче кое инстант ќе ви ја намали телесната тежина. Ако не се потрудите , нема да имате резултат.

п.с. Пијте и зелен чај 4-5 пати дневно , 4-5 шолји ( зависи од количината ) зелен чај топат 70 калории дневно преку термогенеза , израчунајте го тоа на неделна и месечна база , покрај горенапоменатото.
 
Па и тоа ти е еден вид на диета:helou:.
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
47
Поени од реакции
13
:) Епа зборот диета значи прехрана , така да се е диета што ставаш у уста .. ( ок не се де :) )
токму на тоа и мислев, и оние денови кога јадам се сто ке ми стигне до уста или ке посакам да каснам, јас сум си на некоја диета, не е здрава ама сепак е „диета“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom