Мистичен напиша:
Како прво, трговскиот дефицит неможе да се "финансира".
Трговскиот дефицит може да се создаде како резултат на разликата помеѓу размената на стоки и услуги кои се внесени и изнесени од државата.
Интересно, викаш дека може да се создаде трговски дефицит без ние стоковно/услужниот минус кон странците да го порамниме со испраќање на пари? А кој збор ти место финансирање би искористил за „употреба на пари за остварување на дадена активност“? Нормално, со „се финансира“ не мислам да кажам дека некој свесно дава пари за да се зголеми дефицитот.
Мистичен напиша:
И сега би сакал да прашам дали ние извезуваме повеќе отколку што увезуваме (их кога би било вака...), не се задолжуваме во странство (уулалааа...), али...проклетите печалбари се криви што внесуваат кешарица?
Не, туку ние извезуваме килаво што извезуваме, а успеваме да бидеме мандраци и повеќе да увеземе отколку што сме извезле бидејќи доаѓа „кешарицата од проклетите печалбари“.
У ствари, може дознаките и да немаат големо влијание на трговскиот дефицит. Можеби трговскиот дефицит е уште побезвредна статистика од тоа што до сега ја зборував. Прашањето е дали кај нас е полесно да се прошверцуваат работи во земјава, или да се затаи данок преку помало пријавување на домашното производство. Ако второто е полесно, тогаш би испаднало дека дел од дефицитот се објаснува со тоа што официјално есапиме поголем процент од увозот во однос на извозот.