Дефицит од 574 милиони УСД во трговска размена!!!!

Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Минусот во трговската размена на Македонија со светот и годинава е блиску до ланското рекордно ниво. На половина од годината дефицитот изнесува 574 милиони американски долари. Во првите 6 месеци лани изнесуваше околу 590 милиони долари.

Ова покажува дека трендот на огромен минус во размената не стивнува и дека и годинава се заканува да стаса до фантастични една милијарда и двесте милиони долари. Дефицитот до пред 7 години беше двојно помал од сегашниот. Неговиот незапирлив раст почнува од 98-та година, а својот максимум го достигнува 2004-та.

Ова велат експертите, е логична последица на погрешната економска и буџетска политика, а во исто време и кочница за развојот на земјата. Кредитите и донациите од странство, место за стопанството, државата ги користи да ја покрива дупката во билансот.

Експертите и бизнисмените ќе предупредуваат дека негативниот однос во размената е застрашувачки и дека дефицитот немилосрдно ја уништува државата, исцицувајќи ги парите од неа.

Според статистичките показатели по оваа основа, 5,5 милијарди долари се одлеани од Македонија само во последниве седум години.


Работата е нека не чува Бог кога ништо друго не ни останува
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Петар Гошев, гувернер на Народна банка на Македонија:
Повисоките цени на нафтата го зголемија трговскиот дефицит за 50 милиони евра

* увоз на нафта го зголеми трговски дефицит

“Во периодот јануари-јули годинава вкупниот увоз на нафта и нафтени деривати изнесуваше 187,6 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година е пораст од 50,9%. Имајќи предвид дека увезената количина на нафта и нафтени деривати во периодот јануари-јули година во однос на истиот период од минатата година е повисока за 4,9% и за 5,5%, произлегува дека главна детерминанта на зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати е високиот пораст на цената на нафтата на светските берзи”, вели за “Капитал” гувернерот на Народната банка на Македонија, Петар Гошев.

Според гувернерот, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати имаше соодветен одраз врз продлабочување на трговскиот дефицит.

“Ако количината на нафта увезена во периодот јануари-јули годинава се увезеше по просечната цена на нафтата во периодот јануари-јули минатата година, се проценува дека трговскиот дефицит на Македонија би бил понизок за околу 50 милиони евра”, вели гувернерот Гошев.

* девизни резерви се поголеми за 93,7 милиони

Во поглед на влијанието на скокот на цената на нафтата врз девизните резерви на земјата, гувернерот објасува дека зголемувањето на цената на нафтата автоматски значи поголема побарувачка за девизи за увоз на нафта, и следствено поголем притисок на девизниот пазар од страна увозниците.

“И покрај растечкиот тренд на цената на нафтата, на девизниот пазар во изминатите седум месеци од годинава се регистрирани исклучително поволни движења, односно висок нето откуп на девизи од страна на Народната банка на Македонија. Тоа главно се должи на приливот од менувачкото работење, особено во летниот период, како сезонски ефект на зголемен девизен прилив од повратници од странство и годишни одмори, како и подобреното салдо во трговската размена со странство, односно поголемиот пораст на извозот во однос на увозот и следствено поголеми девизни приливи од извоз. Позитивните ефекти врз овие основи целосно го неутрализираа ефектот од побарувачката за девизи за увоз на нафта врз девизните резерви”, вели гувернерот Гошев.

Податоците од Народната банка покажуваат дека нивото на девизните резерви на крајот на јули годинава е повисоко за 93,7 милиони евра, во однос на крајот на минатата година.

* инфлацијата ќе биде во рамки на проектираните 1,2%.

Просечната стапка на инфлација остварена во првите седум месеци годинава изнесува 0,3%, покажуваат податоците од Народната банка. “Движењето на инфлацијата годинава е под влијание на неколкукратното зголемување на цените на нафтените деривати, согласно порастот на цената на нафтата на светските берзи, како и еднократниот ефект од зголемената акциза на тутунот и цигарите од почетокот на годината, во рамки на усогласувањето со Европските директиви. Од друга страна, намалените трошоци за исхрана, поради намалувањето на царините по влезот во СТО, делуваа дефлаторно. Треба да се има предвид доминантното учество на исхраната во структурата на индексот на трошоците на животот, наспроти скромното учество на категоријата сообраќајни услуги и трошоци за домување, каде е опфатен ефектот од порастот на цените на нафтените деривати”, објаснува гувернерот Гошев.

Интензивниот растечки тренд на цените на нафтата на светските пазари и на цените на нафтените деривати во домашната економија, вели гувернерот, постепено го неутрализираше ефектот од намалените трошоци за исхрана.

“Од јуни годинава ја напуштивме зоната на дефлација. Имајќи ги предвид можноста очекуваниот ефект од порастот на цените на електричната енергија (кој најверојатно нема да се случи до крајот на годинава) врз инфлацијата да биде компензиран со потенцијалниот ефект од порастот на цените на нафтата, како и ниската споредбена основа од минатата година (дефлација од 0,4%), до крајот на годинава може да се очекува просечната стапка на инфлација да биде во рамки на проекцијата од 1,2%”, вели гувернерот на НБМ, Петар Гошев за “Капитал”.
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Ова и порано го имам кажано тука. Плашењево со трговскиот дефицит е во основа глупост.

Странски инвестиции имаше многу овие 7 години? Немаше. Се имаме задолжено многу овие 7 години? Не. Епа од каде пари кои се одлеале? Од дознаки во странство.

Ако јас им оставам на моите 1000 евра при посета во Македонија, и тие после со тоа купат телевизор за 1000 евра, статистиката ќе каже дека трговскиот дефицит на Македонија се зголемил за 600 евра (што останува после данок, царина и домашна маржа) трговски дефицит. Реалноста е дека во Македонија дошла инвестиција во државни органи и сервисери за 400 евра.


humanoid напиша:
Според статистичките показатели по оваа основа, 5,5 милијарди долари се одлеани од Македонија само во последниве седум години.

Работата е нека не чува Бог кога ништо друго не ни останува
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Кул, значи се нема преглед во трансакциите.

Би требало суми поголеми од барем 500 евра да се уплаќаат и испаќаат единствено преку жиро сметка, а не на рака.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
PetarK напиша:
Странски инвестиции имаше многу овие 7 години? Немаше. Се имаме задолжено многу овие 7 години? Не. Епа од каде пари кои се одлеале? Од дознаки во странство.
Леле кикс еј!
СЕ немаме задолжено, на рабуш ни даваат! Вересијата е платежно средство во трговската размена според Петар Кеј!

Знаете ли што зборите?

Ајде еден мини преглед само да направиме од артиклите во еден супер маркет колку се од домашно производство, а колку се од увоз!

Да не ги спомнувам возилата, техничката роба, јужното овошје и други тракатанци кои се исклучиво увозна стока.

И после плашењето со трговскиот дефицит било глупост според Питер Кеј.

И после Јин Јанг Ху Џуанг ќе кулира...
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Не се сложуваш за тоа дека повиоски суми треба да одат преку жиро сметка Мистичен?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Се сложувам. И одат. Според законот, сите плаќања над 100 евра во денарска противвредност мораат да одат преку сметка.

Но, ова нема врска со примерот за трговскиот дефицит и реалноста. Многу некако не успокоивте.

Или?
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Тоа што јас го напишав беше како одговор на постот погоре.

Сакав да му посочам дека не е правилно да „им носи дома 1000 евра„.

Ме разбираш?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Разбирам. Но, и да го изземеме неговиот случај и сите случаи како неговиот кои влијаат на трговскиот дефицит како капка во море, што би бил заклучокот за трговскиот дефицит?

Дали Петар се шегуваше и можеби сакаше некоја метафора да смучка со изјавата дека
Плашењево со трговскиот дефицит е во основа глупост.

Странски инвестиции имаше многу овие 7 години? Немаше. Се имаме задолжено многу овие 7 години? Не. Епа од каде пари кои се одлеале?
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Па веројатно на се треба да се мисли.

Не верувам дека нешто „што е поситно” би требало да се занемари.

Исто како кога правиш сајт, ти бега текстот од маргините. Мала работа, ама битна.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Значи, доколку е 590 милиони долари, доколку момците како Пепо ја праќаат кешарицата преку сметка, колку би паднал? : )

Или би дошол на ниво кое не е за паничење? : )
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Јас сметам дека на СЕКОЈ проблем треба да му се посвети внимание. И на малиот и на големиот. И тоа е тоа.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
А конкретно за случајов? Сеј ит лауд енд клир грл, кам он, ју кен ду ит! : )
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Misticen , neznam sto mislel PetarK okolu "statistickiot" deficit, no vo eden del e vo pravo.
Iako MMF i ostanato drustvo postojano nesto zakeraat na toj plan , t.e NE EVEDNTIRANIOT protok na pari , koi posle na volseben nacin osamnuvaat vo legalnite tekovi , istite vednas posle izjavata ,ja vrtat glavata na strana.
Deka nesto e matno pokazuva i faktot deka dosega nisto ne se slucuva vo toj segment ,iako se raboti za masa luge i prostor kolku edno Minhensko predgradie, a vo finasiski smisol ne e ni pogolema bakalnica...
Duri i na vremeto, onoj ministerot meraklija na komar......Ivanov???? od Gevgelija koga insistirase forsiranje na bezgotovinsko plakanje , go smackaa kako kikiritka:):):)!!!!
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Дали правиш разлика помеѓу појава која самата по себе е лоша и појава која укажува дека некои други работи се лоши?

Трговскиот дефицит спаѓа во втората категорија, значи лош е дека укажува дека повеќе трошиме од што заработуваме, што значи дека или си јадеме од резервите или се задолжуваме.


Арно ама, ние сме постојано, колку што знам, од осамостојување до сега во тежок минус. Од каде се финансира тој минус??? Големи кредити немаме земено (ниту од ММФ-ови, ниту од банки, ниту обврзници, ниту од правење големи проекти на кредит - освен Козјак), девизи и злато немавме да ги потрошиме, за фирми и земјиште исто така многу малку пари добивме, освен за Телекомот.

Епа тогаш од каде парите за финансирање на овој дефицит? Јас викам дека се во голема мерка од дознаки од странство.

Ти од каде викаш дека се финансира трговскиот дефицит?????

Од друга страна, сигурно дека тоа што имаме постојан трговски дефицит укажува на лошата конкурентност на стопанството, ама неконкурентноста да ја мериме преку трговскиот дефицит е исто толку глупо како да одиш од Карпош до Чаир преку Црниче - може да се направи, ама има многу пократки и поефикасни маршрути.

И конечно, каква врска има тоа што гледаш странски производи на сегаде? Ние продаваме челични лимови, а купуваме возила. И пет пати повеќе лимови да извезувавме од што увезуваме возила, пак кај нас на улица се странски возила ќе гледаше.


Мистичен напиша:
Леле кикс еј!
СЕ немаме задолжено, на рабуш ни даваат! Вересијата е платежно средство во трговската размена според Петар Кеј!

Знаете ли што зборите?

Ајде еден мини преглед само да направиме од артиклите во еден супер маркет колку се од домашно производство, а колку се од увоз!

Да не ги спомнувам возилата, техничката роба, јужното овошје и други тракатанци кои се исклучиво увозна стока.

И после плашењето со трговскиот дефицит било глупост според Питер Кеј.

И после Јин Јанг Ху Џуанг ќе кулира...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom