Денес најдобар другар, а од утре не те познава...

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Кога завршуваш основно и одиш во средно, нормално е да се зближуваш со други луѓе. Исто така и кога завршуваш средно. Само со мал број можеш да останеш близок без разлика кај и да си. Има некои со кои не се дружам, не излегувам, но не забораваме роденден да си честитаме или нешто друго.
Ми се разминале патиштата со другарки од основно, ми се разминале патишта со другарки и од средно. Има некои не прават муабет по улица, а интересно е тоа што им текнува да прозборат ако те сретнат некаде каде што имаат корист од тебе. Тогаш знаат да прашаат како си и што правиш.
Најинтересни ми се оние школски кои веќе тераат колички пред себе и се прават важни.
Со тие со кои сум била блиска си имаме муабет и секогаш ми е мило да ги сретнам. А дека ќе земам да тргам некого за ракав за да ми рече здраво, секако дека нема. На кој му се прави муабет - бујрум. Другите нека си тераат како што им одговара.
 
N

navivacka

Гостин
Се случувало и ке се случува,таквите се секаде околу нас,имам таков случај со "другарка" во моментов...секој ден скоро бевме заедно јас кај неа таа кај мене,ја делевме храната,и позајмував алишта...се беше како во сон.Незнам после што се случи наеднаш со неа,отиде мајка и во Италија таа почна да се "лигави"и да не одбегнува нас цело друштво,и се јавувавме да дојде...имаше секогаш изговор а после кога излезевме другите без неа се лутеше или за случајност ја видевме со други,не се јавуваше со денови,со месеци се до вчера кога ми прати сигнал(виде дека не и обрнувам внимание),нормално дека не и вратив,не сакам да и дадам повод да мисле и да зборува "еј оваа едвај чека да и се јавам":tapp: па затоа и не се замарам веке со такви глупости...ако ти е вистинки другар/ка нема да прави така...ама како што вели некој-Денеска не постојат прави другарки/ки(во редок случај ги има)зашто секој гледа да ти "забоди нож"во грб.Пред тебе се праве светица зад тебе оговара,од таквите ми е преку глава.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Сум имал такви што со мене се дружеле само од корист и кои може да се рече сме биле најдобри другари-спиел кај мене јас кај него и после одреден период се губи почнува да ме избегава итн кога ке помине покрај мене ништо не ми вика...како најголем душман да сум му :vozbud:
Ама животот е суров суров како К----...:baeh:
 
Член од
16 јуни 2009
Мислења
10
Поени од реакции
2
Абееее, па на сите ни се има десено исто нешто, значи то е нормално, може типацот или типката си нашла некој што повеќе и одговара и со кого повеќе и оди муабетот.
Или пак несвесно му/и имаш згрешено па ради тоа не ти удира рецка.
Мене ми се деси исто нешто, имав другарка цело време заедно, ама таа почна да се дружи со една типка што не е баш саглам и јас и кажував дека ќе тргне по лош пат ако продолжи со неа да се дружи, ама ѓубре испаднав на крај, пошо ѓабе трубев цело време. Сега таа и е најдобра другарка, јас како да сум умрена, ич не ме рецка...
Искрејно многу ми фали, ама кој тиииит па, за нејзино добро и кажував, сага и не ми треба како другарка пошо почна цел град со прст да ја покажува и ако имам можност некогаш пак со неа да зборам, има да и кажам се, ама баш се на душа што ми лежи.
 

^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Ееее од такви " пријатели " преку глава ми е... Лицемери, болни од љубомора... :tapp:
 

_Perdika_

Proud To Be Macedonian!!!
Член од
7 јануари 2009
Мислења
77
Поени од реакции
11
Е истото ми се има и мене десено само дечкото не е позната личност, но како и да е со него се знаев што се вика од бебиња, цело детство го поминавме заедно и заедно учевме 12 години, едноставно бевме неразделни. Но се почна откако фатив женска со која почнав посериозно, после одредено време почна да се лути зашто демек повеќе време со неа сум бил и др. такви глупости се до пред некое време кога го гледам на улица и идам да се позз и он ми врти глава и ќути. Се обидов да разговарам со него да видам што е проблемот ама џабе он си тера по негово.:uvo:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Јас сум имала многу другарки (во наводници) со кои сум се дружела во некој период од животот. Сме се дружеле интензивно одреден период. Ама мене ми здосадуваат исти луѓе, исти муабети.

И да не станам славна можам безврска да престанам да се дружам со другарката. И затоа уствари избегавам такви дружења. А ако почне да отекува зошто веќе не пиеме кафе, на пример, почнува многу да ме нервира.

Не мислам дека некој мора да се дружи со мене или јас со некого, само затоа што некогаш сме се дружеле. У реду е да кажеш здраво, ама не знам зошто би било потребно повеќе.:toe:
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Ми се има сличено но не со позната ѕвезда.Причината може да биде секаква, големо влијание од друга особа која ја смета за покомпетентна поинтересна или не знам уште што по...Но на крајот и не е важна причината поради која "другарот\другарката " не те регистрира и се однесува како ништо да не се случило и како да не сте биле најблиски до пред краток период.
Лично мене многу ме повреди фактот и периодот низ кој минував кога ми се случуваше мене тоа.Но со тек на време се помирив и сфатив дека едноставно не вреди такви личности да имам во мојот живот.Оние кои навистина се другари се имуни на било какви персони, ситуации и што уште другари во вистинска смисла на зборот.Ретки се но среќна сум што имам такви..малку се но доволно е и тоа малку.
 
Член од
16 јуни 2009
Мислења
10
Поени од реакции
2
Јас сум имала многу другарки (во наводници) со кои сум се дружела во некој период од животот. Сме се дружеле интензивно одреден период. Ама мене ми здосадуваат исти луѓе, исти муабети.

И да не станам славна можам безврска да престанам да се дружам со другарката. И затоа уствари избегавам такви дружења. А ако почне да отекува зошто веќе не пиеме кафе, на пример, почнува многу да ме нервира.

Не мислам дека некој мора да се дружи со мене или јас со некого, само затоа што некогаш сме се дружеле. У реду е да кажеш здраво, ама не знам зошто би било потребно повеќе.:toe:
ПРАВИШ ГОЛЕМА ГРЕШКА ДА ЗНАЕШ КРИВО ЌЕ ТИ БИДЕ ШТО ТАКА СИ СЕ ПОНАШАЛА...МИСЛИ МАЛКУ:uvo:
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Другар ... точно знам како е и зш ја отвори темава (бар мислам)...
Е ај ко така ќе кажам само дека едно момиче ми беше другарка некаде 5 или 6 години, размислете како е со некого да одиш на плажа, да излегвиш навечер, да кажвиш и споделуваш се, да делиш се, да разговараш за се, да спијате едната кај другата и обратно едноставно да ти бидит како сестра, да ја научиш на многу работи кој се плашела да ги напрајт, да се префлиш во клас за да седиш со неа во истата клупа... и на крај за една мала ситница во која е таја крива да ја видиш еден ден и без да знајш зошто и како да не ти кажит здраво онака ја гледаш и ја причекуваш и во тој момент си продолжуват ... зошто ? не знам сеуште ... не ми објаснила зошто... само едно не знам како мојт да имат на совест се то, да сакат да кажит извини ама да не мојт и да кажвит на други извини до мене .. не сестро во чест на она порано дојди и кажи самата шо е и како е... ама знајте шо не ми е криво шо ја научив многу работи, шо поминавме ми беше преубо... нејзе и е крви и го знам то зш ја познавам доста бевме различни во то шо таја отсекогаш гледаше да имат една другарка која сега ја изгуби и самата е виновна, а јас отсекогаш сум учена да имам многу пријатели и со секого да иам муабет ... Не ми е криво ни шо се префрлив во друг клас заради шо сега после 3 години од тој клас толку многу ми значат децата во кој и моето друштво, не ми криво за ништо ... ако таја некогаш во нејзиниот живот престанит да испраќат пораки по други и да слушам секакво озборување ( а озборување стварно за кој и да е не сакам), секакви верзии и глупости од други личности, ако некогаш научит да кажит ИЗВИНИ тој ден се деси то и то ... тука сум

(ако случајно избегав од темата извините ама кажав се шо мислев)
 
Б

Бат Елохим

Гостин
ПРАВИШ ГОЛЕМА ГРЕШКА ДА ЗНАЕШ КРИВО ЌЕ ТИ БИДЕ ШТО ТАКА СИ СЕ ПОНАШАЛА...МИСЛИ МАЛКУ:uvo:
mislev малку... и ич не ми криво. дали правам грешка или не јас си знам :)
се дружиме додека ни е интересно. после што? не се обврзувам на доживотно пријателство со никого.
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Тргам од себе, но јас да бидам претседател на државата, не би си дозволила да испуштам повик од Викторија, но таквите пријатели се ретки, се друго е заменливо.

Тоа е она што е тешко да се прифати, дека си заменлив и дека веројатно и не си значел толку многу, но, пак, подобро е да знаеш дека некој не те гледа како битен за да можеш вниманието и времето да ги фокусираш на некој друг на кој што ќе му бидеш поинтересен и поважен.

не е тешко да се прифати дека некој е заменлив оти сите сме заменливи...така да нема ништо тешко тука...еден беше незаменлив..го нема и тој...а за значењето секој на свој начин поинаку си значи...секој има своја улога..
 
N

navivacka

Гостин
Ееее од такви " пријатели " преку глава ми е... Лицемери, болни од љубомора... :tapp:

Eeeee да ти кажам јас на тебе,дури вчера увидов дека не постои другар/ка на овој свет...цело време си пишувате си зборете за разни теми пола година а на крај?што се случи на крај...се пропадна во вода,од тоа "пријателство"да не остане ништо и да те заборави за некоја друга нова другарка...ама знаеш што-не вреди да се нервираш,го увидов тоа.Да не ти обрнува внимание,да не може да одвои секунда да се сети на мене...ама ккао што се вели-Се се врака се се плака.Тркалото кога тогаш ке се сврте,само да знаев дека тоа "пријателство"ке се завршеше така немаше да се зближам со таа особа.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Вистинско пријателство (според мене) е измислен поим.... залудни надежи дека во криза некој секогаш ќе биде покрај тебе, ќе ти помогне... во оган ќе се фрли за тебе... и ко ќе дојде кризата.... the friend is gone... го искористил од тебе максимумот и повеќе не му требаш... те остава на цедило... со тоа од тебе создава личност иста како него... дволична... не продолжувам понатаму:nenene:
 
N

navivacka

Гостин
Вистинско пријателство (според мене) е измислен поим.... залудни надежи дека во криза некој секогаш ќе биде покрај тебе, ќе ти помогне... во оган ќе се фрли за тебе... и ко ќе дојде кризата.... the friend is gone... го искористил од тебе максимумот и повеќе не му требаш... те остава на цедило... со тоа од тебе создава личност иста како него... дволична... не продолжувам понатаму:nenene:
Ете тоа токму ми се случи мене:nesum:таа личност ми се правеше прв другар а на крај што се вика не се секава на мене,како да не постојам.Само незнам со што го заслужив тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom