Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.
Е

експерт

Гостин
преска ми се деси чудна ствар ,
од нос наеднаш почна да ми тече нешто у некоја жолта боја , досега сум немал проблеми со крварење на нос , никогаш не ми се десило. а ова не беше крв туку беше жолто , после тоа некоја вртоглавица ме стегна не се осекав баш добро..и некоја минимална главоболка
енибади ?
се надевам не е нешто поврзано со мозокот како http://en.wikipedia.org/wiki/CSF_rhinorrhea, сигурно е синузитис или ринитис. А може и алергија.

Си имал неодамна настинка, инфекција на дишни патишта, или дали имаш некоја алергија?
И дали си имал некој удар во главата?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Ништо од тоа , а ова што ми го даде од википедија не го разбрав ич , ама нема везе ке идам на лекар за сваки случај да се проверам што е...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ништо од тоа , а ова што ми го даде од википедија не го разбрав ич , ама нема везе ке идам на лекар за сваки случај да се проверам што е...
Ај да ти појаснам :)
Линкот од википедија објаснува дека понекогаш се појавува исцедок од носот, кој може да биде течност од мозокот (знаеш, онаа што го штити мозокот, околу мозочната обвивка, а ја има и околу 'рбетниот мозок, од таа земаат примерок за менингитис кога тестираат). За да се провери тоа се зема од течноста и се тестира на глукоза и бета-2 трансферин. Доколку е позитивна, значи тоа е. Таков исцедок се појавува при скршеници на черепот. Треба внимателно да се следи состојбата, обично течењето престанува спонтано, а доколку не престане треба операција. Друг знак на скршеница (пукнатина) на черепот е и исцедок од увото, што може да има многу лоши компликации кај некои пациенти, бидејќи поврзаноста помеѓу носната шуплина и цереброспиналната (мозочната) течност и централниот нервен систем може да резултира со бактериска инфекција.
Најдобро е да си одиш на доктор и да провериш. Штом велиш дека не си се удрил, можно е да е секрет од носот како последица на алергија, но најдобро е да е провериш.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Бев на лекар и на испитувања и нема ништо, понекад, обично кога ќе се наспијам добивам остра болка што трае нецела секунда некаде околу слепоочницата над увото тој предел(лева страна).. Нема некои посебни интервали кога ми се јавува, обично е кога ќе се наспијам многу и сум пун енергија, или кога имам прилив на енергија послем трчање или возење.. глеав на нет бајаги луѓе го имаат истиот проблем, некои викаат дека се некои нерви лоцирани во тој предел на главата, а некои неможат да ја објаснат појавата .. стрејнџ.
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
Во последно време имам проблем со сува уста а плунката ми е некако тешка и густа , а понекогаш пенеста...Значи не ми е како порано што ми беше ,,нормална,,??
некој совет??
фала однапред
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во последно време имам проблем со сува уста а плунката ми е некако тешка и густа , а понекогаш пенеста...Значи не ми е како порано што ми беше ,,нормална,,??
некој совет??
фала однапред
Пиј повеќе вода, околу 2 литра дневно треба. Ако пиеш кафе или газиран сок, за секоја чаша сок/шоља кафе додади по уште една чаша вода. Ако ти е бљуткаво само вода да пиеш, направи си чај (овошен, зелен, бел), остави го да се олади и пиј го ладен така без шеќер. Џвакај обична мастика (без шеќер), или бонбона без шеќер, тоа поттикнува лачење на плунка. Прави гаргара со средство за гаргара што е без алкохол. Но, главно е да пиеш многу течности. Ако проблемот продолжи, оди на доктор зашто сува уста може да е знак на покачен шеќер во крвта.
 
C

cige

Гостин
Кои приватни болници во МК имаат оддел за Интерна медицина?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Кои приватни болници во МК имаат оддел за Интерна медицина?

Новата на Систина ги има сите одделенија ( но сеуште страната и е во изработка па ќе најдеш број за да прашаш). Сигурно имаат и други но се работи за некој мал интерен одел во самата болница.

Во зависност што ти треба.
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Една моја другарка веќе три недели има оток на стапалото и тоа тврд оток. не е од механичка повреда ниту пак некоја инфекција. не знам на колку лекари не отиде и дојдоа на крај до заклучок дека се работи за hemangioma или хематома.

Дали некој има слушнато или не дај Боже проживеано hemangioma или hematoma.
Тоа се две различни ствари, дали некој знае шо е разликата, некои детали околу тоа дали се работи за чир, тумор или сл. и како се лечи.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Се работи за мајка ми.Две или три утра кога ќе стане од спиење има вртоглавица.Вели како да ја турка наназад на перница,и подолго време и е потрбено за да се врати во нормала.И се случува,значи,кога ќе се разбуди,а на моменти се жали и на главоболка кај слепоочниците.Што би можело да биде?
ќе ве молам за помош
 
C

cige

Гостин
Новата на Систина ги има сите одделенија ( но сеуште страната и е во изработка па ќе најдеш број за да прашаш). Сигурно имаат и други но се работи за некој мал интерен одел во самата болница.

Во зависност што ти треба.
Болки во стапалата, глуждовите и колениците, отоци на тие делови и црвенила(црвенилата се жешки).
Лабораториски наоди:
1. AST-(NORM.VRED.223,000 IU/ML) наод 284,900 iu/ml
2. CRP-(NORM.VRED.10,000 MG/L) наод 12,980 mg/l
3. седиментација 42
ова се резултати на 26.04.10
 
Е

експерт

Гостин
Болки во стапалата, глуждовите и колениците, отоци на тие делови и црвенила(црвенилата се жешки).
Лабораториски наоди:
1. AST-(NORM.VRED.223,000 IU/ML) наод 284,900 iu/ml
2. CRP-(NORM.VRED.10,000 MG/L) наод 12,980 mg/l
3. седиментација 42
ова се резултати на 26.04.10
dali prima lekovi za ova? Ako ne e infekcija e avtoimuna bolest.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Пиеше вентор до тогаш, а сега Оспен и Андол 300мг, пронајдена дијагноза Oligoarthritis
Зошто мислам дека интерно одделение не би ти завршило многу работа со оваа поставена дијагноза. Ова е повеќе за реуматологија или грешам?
 
C

cige

Гостин
Зошто мислам дека интерно одделение не би ти завршило многу работа со оваа поставена дијагноза. Ова е повеќе за реуматологија или грешам?
Јас поима немам на кое оддление треба:smir:
нагласив интерно, затоа што мајка ми оди кај интернист, ама тој има премногу пациенти, и гледа само да ги помине сите што чекаат на ред, се однесува многу несериозно, па затоа одлучивме да се обратиме во приватна установа, каде што ќе си платиш ама ќе добиеш комплетна посветеност, е сега се двоумиме помеѓу Систина, Неуромедика и Ремедика. Едни пријатели ни ја препорачаа Ремедика од искуство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom