Дали таблетите за контрацепција влијаат штетно врз нашиот организам?

Член од
8 октомври 2007
Мислења
125
Поени од реакции
0
Таблетите за контрацепција влијаат штетно врз нашиот организам?
Му штетат на срцето?
Многу доктори го имаат кажано ова.

Што мислите вие?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Не ги пијајте.

Летс мејк бејбиииис :vozbud:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Многу штетат зашто , првин се хормонски и изостанува месечниот циклус, т.е. или го нема и потоа ќе дојде и ќе трае цел месец или пак ќе биде зачестено. Не пијам и нема да пијам зашто не сакам да штетам на организмот, има и други начини за заштита, а и не е најсигурниот начин.
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Не ги пијајте.

Летс мејк бејбиииис :vozbud:
:pos:

Не само на срцето, оралните контрацептиви имаат низа нус појави. Често девојките имаат прекумерна длакавост, потоа повраќање како реакција на несоодветни за нив и низа сериозни болести.
Пред користење обавезна консултација со доктор- гинеколог за да се одбера најдоброто, ама јас лично сум против. Не сум и нема никогаш да пробам. Прочитав прилично неубави работи, така да :nenene::toe:

Многу штетат зашто , првин се хормонски и изостанува месечниот циклус, т.е. или го нема и потоа ќе дојде и ќе трае цел месец или пак ќе биде зачестено. Не пијам и нема да пијам зашто не сакам да штетам на организмот, има и други начини за заштита, а и не е најсигурниот начин.

Не си во право воопшто. Оралните контрацептиви баш и се даваат кај нередовна менструација. Ти се хормонски, да, и баш затоа го регулираат тој проблем. Исто ги користат и девојки кои имаат проблем со акните само секогаш треба да се процени дали повеќе имаат позитивни отколку негативни дејства.

Кај нас сеуште се користат многу малку, меѓутоа низ светот се користат многу често и доколку се одберат правите пилули не би требало да има којзнае какви последици. Се зависи од организамот, кај некои не постојат никаккви контраефекти додека кај некои девојки делуваат и за тоа што треба и за тоа што не треба.

Инаку како честа појава кај истите е зголемување на тежината, што не верувам дека е некоја посакувана последица кај младите девојки.
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
Да, многу се штетни. Штетно влијаат врз работата на срцето.
Се користат и при нередовна менструација, за акни и сл. но сепак се штетни. А и како контрацептивно средство нема многу висок степен на заштита.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Митот за штетноста повеќе не постои! Да така можеби беше 60-тите години...од тогаш работите битно се сменија.

Отворете,прочитајте било кое медицинско списание, одете до гинеколог сите гарантираат 100% дека нема гајле од новите апчиња за контрацепција, дури ги препорачуваат.

Имено, не сум женско ама налетав на еден леток во аптека, за некои апчиња наречени Јасмин...Јасмина...така нешто (Пишуваше...Прашајте ја Јасмина) :) и убаво пишува дека многу работи се стабилизраат при конзумирањето отколку што се штетни.
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Да,има едни што се викаат "Yasmine",ама сепак треба да се посоветува со гинеколог,затоа што нема медикаменти без несакани појави.Горенаведените не придонесуваат во зголемување на тежината,ама бидејќи се на база на естроген,треба да не се пуши и да не се земаат после 30-тата година (како и сите други орални контрацептиви).
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Да, многу се штетни. Штетно влијаат врз работата на срцето.
Се користат и при нередовна менструација, за акни и сл. но сепак се штетни. А и како контрацептивно средство нема многу висок степен на заштита.

Кондомот е 97% заштита од бебиња, пилулата е 100%, кој те лажел дека нема висок степен на заштита кога тотално те заштитува од бебе. Единствена разлика е тоа што кондомот штити и од болести како сидата и сл, а таблетата не.

А за штетноста, штетни беа.....пред 10 години.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Контрацепција против рак
Пилулите за контрацепција не само што не ги зголемуваат шансите за заболување од рак кај жените, како што до сега се тврдеше, туку напротив, можат да помогнат да се намали ризикот од оваа смртоносна болест за 12 проценти.
Научниците од британскиот универзитет Абердин, кои ги проучиле здравствените картони на 46.000 жени во периодот од 36 години, откриле дека земањето контрацепциски пилули најмногу 8 години не доведува до зголемување на ризикот од канцерогени заболувања.

При анализата на истражувачите, половината од податоците биле за жени кои почнале да земаат пилули во 1968-ма година, додека останатата половина се однесувала на оние кои никогаш не го користеле овој вид средство за контрацепција.

Резултатите откриле дека заштитниот ефект на пилулите траел цели 15 години по последната употреба на контрацепциските пилули. Но, истражувањето покажало и големен ризик од рак кај оние жени, кои ги користеле пилулите подолго од 8 години.

Неколку претходни студии докажаа дека пилулите против бременост ја зголемуваат опасноста кај жените да заболат од рак на дојка, црн дроб и матка, но најновото испитување довело до сосема спротивни резултати кои укажуваат дека по прекинувањето на оралната контрацепција, шансите за рак на дојка и матка значително опаѓаат а по период од 10 години, го достигнуваат истиот степен на опасност забележан кај оние жени кои не пијат пилули.
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Значи се на се, штетни се. Жените за разлика од мажите имаат предиспозиции за развој на карциноми на матка, дојка итн. и тоа е поради лачењето на естрогени со до менопаузата.

А инаку за заштита, далеку помоќни од кондомите. Пред се кондомите може многу лесно да бидат нагризени од кселата содржина на женскиот секрет.

Размислете убаво за се. Болестите???
:toe:
 

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
Нее сум баш сигурна дали се штетни но затоа знам дека дебелеат
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Е па не се штетни, нормално како инаку ќе се трошат...Плус на сето тоа биле од корист...Ја мајката, е од кога тоа?
Е па ако е така , да ве прашам бре моми зошто девојките што ги користат со години многу потешко забременуваат кога тоа ќе го посакаат? Докажано е дека организмот навикнува на овој вид таблети , и во сета таа приказна се вклучува нервниот систем кој унапред на организмот му наредува да не доведе до оплодување на јаце клетката...Значи целата поента на контрацептивните средства е наредбата која стигнува до мозокот....
И друго нешто, девојки кои ги применуваат имаат затечени вени на градите, побрзо се дебелеат и сл.
 

Tetka biberce

Wild Child
Член од
18 октомври 2007
Мислења
78
Поени од реакции
0
Не сум користела,затоа што кога се збори од една страна дека се штетни,а од друга дека не се,најсигурно е да го прескокнам тој начин на заштита.
А веќе кога спомнувате дека не штитат од болести,да точно е тоа.Но затоа таков начин на контрацепција најчесто се користи во малку посериозни врски каде што знаеш дека партнерот нема никаква болест.Е сега ако шврља на страна тоа е друга тема веќе.
Како и да е,ако веќе се решите да користите ваков вид на заштита,не смеете на своја рака да почнете да ги пиете апчињата,туку обавезно треба да се консултирате со гинеколог.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Користам контрацептивни пилули, веќе подолг период. Нормално, со редовни гинеколошки прегледи.
Не сум забележала негативни појави од типот на волносување (и онака редовно се депилирам), лицето ми е почисто, менструацијата редовна и далеку побезболна и монеобилна. Килажата ми е непроменета. Не дека сум се мерела, ама го носам истиот број како и порано.
За погоре споменатиот проблем со забременување после подолга употреба на пилули - мислам дека важи спротивното. Ако не сакате да забремените, многу внимавајте во периодот кога правите пауза. Не зборувам за седумте дена околу циклусот.
Сепак, бидејќи мнозинствот на форумов се млади девојки, обавезно косултирајте се со лекар, пред да изберете кои и дали воопшто да користите пилули.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
Контрацепција против рак
Пилулите за контрацепција не само што не ги зголемуваат шансите за заболување од рак кај жените, како што до сега се тврдеше, туку напротив, можат да помогнат да се намали ризикот од оваа смртоносна болест за 12 проценти.

на официјален сајт за Yasmin пилулите кои се едни од популарните заради тоа што не ја зголемуваат тежината, освен што се пофалија за своите предности како што се: регулирање на менстуралниот цуклус, намалување на карлични грчеви, пократки и полесни циклуси, подобрување на предменстурални симптоми.

-Дополнителна здравствена полза која се однесува на намален ризик од рак на јајчници, рак на матката и помала честота на бениген тумор на дојката. НО, постои зголемен ризик од рак на дојка, за кој они велат дека е незначителен.

исто така при користење на таблети самите си кажуваат дека кај некои жени се јавува промена на расположение, промена на сексуален нагон, главоболки и проблеми со менстуралното крварење.

сум размислувала за контрацепција но после повеке консултации со стручни лица дојдов до заклучок дека е подобро да ги избегнам. сите со кои разговарав ме советуваа да не се решам за контрацепција освен ако сум сигурна дека немам друг избор. Да почнам да се трујам со апчиња на 19 години не ми изгледаше баш паметно. а факт е дека кое и да е апце кое го внесуваш во организам ти штети вака или онака.
За мене прифатлива контрацепција е прекин на односот(пред ејакулацијата) и задолзителен кондом или апстиненција во плодни денови. п.с. Истражувањата кажуваат дека овој начин има 90% ефикасност па сега вие одлучете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom