Дали сме копија на нашите родители ?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
Многу луѓе личат на нивните родители обично повеке на едниот, целта на темава не е физички колку и дали на кој родител личиме туку исклучиво сличноста на нашите карактери со родителите. Цртите на личноста (интелигенцијата, перцепциите итн.) највеќе зависат од нашиот личен раст и развој кон себе, но добар дел е и дело на генетиката односно темпераментот она непроменливото најдлабоко природното во нас најчесто ни е наследно.

Размислете со самонабљудување дали и колку сте како вашите родители и размислете колку е тоа добро. За мој вкус жална е нееволуцијата на децата од родителите односно ако децата не непреднат повеке од родителите.

Пошто јас ја почнав темава лично ке си признаам дека мојот темперамент повеке потсеќа на мајка ми одколку на таткоми. И тоа се движи во убав смер во последниве години.



(Епа форумџии колку сте вие исти во вашето јас со вашите родители ?)
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Сите кои ме познаваат мене и татко ми, ми рекле дека сум негова копија. Двајцата трпиме се, кога ќе пукне филмот може да отераме секого кај што нетреба, тешко се откажуваме од тоа што го сакаме и нонстоп си тераме некоја шала. Ако денот не ни е погоден, двајцата си траеме цел ден.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Карактерно не сум баш копија на родителите, има нешто и од чичко ми. Инаетлив, емотивен, избувлив и лутко како татко ми, а педантен и скржав како чичко ми.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ја личам на татко ми ама немам ниедна негова особина,ни па на мајка ми
 
G

Goldie

Гостин
Ликот (цртите), кожата итн ги имам наследено од мајка ми а гласот и карактерот 80% ми се копија на татко ми
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Jas ne sum kopia posto sum clen na forumov, a tie ne se. Toa mi e dovolen dokaz deka se razlikuvam od niv kako i drugi bezbroj raboti sto gi pravam a tie ne.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Секој човек барем малку физички наликува на еден од своите родители, а карактерно наликува и на двата родители, само на едниот помалку, а на другиот повеќе.

Да сме копија на нашите родители и да сакаме, неможеме, без разлика дали тоа било физички или карактерно. Секој родител вели дека детето треба да се разликува од својот родител по тоа што ќе биде поуспешно од него, но тоа само се гледа во оној смисол на успехот во животот. Но оние работи што навистина не прават поразлични од нашите родители се навиките и времето во кое што живееме/општеството.

Јас иначе имам карактеристики и на мајка ми и на татко ми, но тие карактеристики секако дека се во малку подруг облик, затоа што станува збор за друг човек израснат во друго време кое нуди други навики.

:)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Мене ме плаши оваа копија која е се поприсатна тука кај нас
татко успешен ХИРУРГ...синот(.........) ХИРУРГ, колку да се продолжи лозата, традицијата,еснафот а....
дали го бива за тоа и не е толку битно,Тате не оди во пензија,додека синот не седне на иста фотеља.
мајка ...............ќерка........ и.т.н.
Има ли некој пример татко (од вториот ред) а синот: Рудар,ѕидар, поштар, молер и.т.н..
 
A

aye

Гостин
Јас сум копија на дедо ми карактерно мислам, а физички врска немам на кој личам, од сите по малку имам земено изгледа.
 

Kajgana Shop

На врв