Дали законот за пуштање македонска музика ќе донесе квалитет или квантитет?

G

garthok

Гостин
Долго време не слушам радио и топ ми е.
Едно време пуштав радио само за да слушам Балканска Ебанка со Викса и Докторот.
Ако пуштам веќе радио тоа би било исклучиво радиото Класик ФМ (мислам дека така се вика), пошто ми е совршено за спиење.
Златен Youtube, златни торенти. :love:
Oва знаеш колку ги курчи музичарите? Just sayin' да не ти се испушти друг пат.
 

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Oва знаеш колку ги курчи музичарите? Just sayin' да не ти се испушти друг пат.
Greshno me свати. :)
Не ми беше муабетот како на пример гледаш некоја цура што не ти е по кејф и му викаш на другарот „Добра е оваа за по риби.“. :)
Муабетот ми беше дека ја музиката најбоље ја восприемам пред спање, за време на спање или после спање. Знам да спијам со класична музика, со метал, со гоа транс или со некој добар чилаут (Шпонгл na primer). Башка слушање музика за време на спиење ја подобрува функцијата на мозокот.
Друг пат читај меѓу редови. :)
izvinete za off topic post.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.019
Поени од реакции
7.738
7 часа и 12 минути е времето што треба да се исполни, спомнато е дека сите тоа го прават во текот на ноќта, ги вртат песните што ги имаат какви и да се.
Ова го гледам јас од аспект на зачувување на јазикот, како и да гледаш концептот не им е променет многу многу, анетна 5 си го држи концептот со истите емиси, после 00:00 само менува на Македонско.
За добра музика треба добар пејач кој исто како и фудбалер или кошаркар во Македонија се раѓа ретко, мали сме за да имаме добра музика и премногу е мал пазарот на кој таа би се продавала.
Значи според мене нема никаков начин за подобрување на квалитетот на Македонската музика.
 

Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Ова го гледам јас од аспект на зачувување на јазикот, како и да гледаш концептот не им е променет многу многу, анетна 5 си го држи концептот со истите емиси, после 00:00 само менува на Македонско.
Го држи ама има промени.
Има промени и тоа доволно за да иритира. Пред околу 8-9 месеци (веројатно пред стапување во сила на законот), македонската музика започнуваше во 01:00 по полноќ. Сега, еден час порано. Предходно, во секој реален час имаше по една македонска песна и тоа пред вестите (xx:56 до xx:59 најчесто). Сега, има најмалку две македонски песни. Едната во истиот термин, и другата после рекламите во xx:30.

Кога ќе ги додадеш рекламите, информативна програма (вести, новости) останува малку време за странска музика . Многу се расипа форматот на радиото и многу помалку го слушам сега.

Јас да би бил менаџер би ги намалил бесплатните рекламирања кои ги даваат секој час за некои xx вестивали, би ги намалил малку и комерцијалните емитувања со истовремено покачување на цените, а информациите би се емитувале врз музиката во почетокот/крајот од песните.

Исто, многу предвидлива програма имаат.

P.S. Малку забегав од темата.
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Вака на хартија навистина е убаво но во реалноста кога ќе погледнеме е сосема трета работа. Бидејќи често патувам низ Македонија и слушам радио многу често сум забележал дека не се прати македонската музика или едноставно по некоја икс причина пуштаат повеќе најновите песни пример Лазано, тајзи онда иде џими џам - слаткар и потоа кристина арнаудова едноставно се повеќе радио станиците се стремат кон најновите песни кои не вредат повеќето ни 10 ден. Треба да се пушта музика македонска која навистина вреди да се слуша за законот да го добие она право светло вака ништо не бидува само се прави калакурница.[DOUBLEPOST=1406453667][/DOUBLEPOST]
7 часа и 12 минути е времето што треба да се исполни, спомнато е дека сите тоа го прават во текот на ноќта, ги вртат песните што ги имаат какви и да се.
Ова го гледам јас од аспект на зачувување на јазикот, како и да гледаш концептот не им е променет многу многу, анетна 5 си го држи концептот со истите емиси, после 00:00 само менува на Македонско.
За добра музика треба добар пејач кој исто како и фудбалер или кошаркар во Македонија се раѓа ретко, мали сме за да имаме добра музика и премногу е мал пазарот на кој таа би се продавала.
Значи според мене нема никаков начин за подобрување на квалитетот на Македонската музика.
Има македонски добри песни само работата е што повеќето станици ширум македонија пуштаат најновите песни кои не вредат ни 10 ден што би се рекло но доколку пуштаат навистина оние песни кои се македонски и кои многу долго скоро секој ги слуша сеуште тогаш ќе биде нешто.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Тогаш прилепско радио Меф ќе добие субвенции за македонска музика. Посебно за народно.
Нема да донеси квлаитет. И пред законот немаше некој квалитет. Повеќе оди на квантитет на печурки ѕвезди.
И онака наутро ги пуштаат или доцна во ноќта. Нормата ќе си ја одржат :)
 

Kajgana Shop

На врв