Дали е успех или е неуспех да се замине во странство?

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Секогаш ми се присерува кога ќе прочитам вакви татковинско-патриотски реченици
Тоа е реалност и факт. Доколку не беше така и луѓето од развиениот свет во голем процент ќе се отселуваа и ќе живееја на други места, но тие создале услови да успеваат во своите родни места.
Еден просечно богат и успешен Американец или Европјанин би можел било каде на Балканот и во останатиот "трет свет" да биде натпросечно "успешен" (вообичаено се однесува за материјално богатство), но тие избираат да живеат и работат во своите земји - бидејќи таму условите ги има и се зависи само од него.

Да ете јас сум пример дека не се чувствувам најдобро да сум Македонија иако сум пораснал таму.Многу подобро се чувствувам ако работам тоа што ми се допаѓа и можам да го изберам тоа без да се грижам дека нема да заработувам доволно да го поминам месецот.
Кажи им на многуте иселеници кои си го живеат пример Американскиот сон. Куќа со 4 спални и базен во предградие , децата на добри универзитети и менаџерски позиции во најголемите корпорации, не тие се неуспех за тебе оти избегале од кај нас. Миграцијата ја имало од секогаш и секогаш ќе ја има, и не е само кај нас на глобално ниво е.

И ти ни кажуваш дека тоа е неуспех и како што кажа Strenght , за тебе е успех да си Македонија и да поминиш 60 години во сиромаштија и ќе ти дадат орден на храброста :)
Ајде глупости. Не реков дека е неуспех тоа што таму ќе го постигнеш туку самата миграција (заминувањето во странство) е доказ за неможноста да успееш во својата држава, доказ дека си успеал овде. Притоа не велам дека вината е кај оние коишто се отселуваат.
Доколку она што го имаат таму имаат можност да го постигнат овде верувај ми далеку подобро и позадоволно ќе се чувствуваат во животот. Бидејќи кој што сака нека каже само дома си е дома. И најбогатите луѓе во светот после сите патувања се враќаат дома.
А така како што опишуваш живеат помал дел од македонските иселеници-гастербајтери. Повеќето се задоволни со тоа што можат да си приуштат побогата и пообилна кркачка и пијачка и посалам покрив над глава.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Тоа е реалност и факт. Доколку не беше така и луѓето од развиениот свет во голем процент ќе се отселуваа и ќе живееја на други места, но тие создале услови да успеваат во своите родни места.
Еден просечно богат и успешен Американец или Европјанин би можел било каде на Балканот и во останатиот "трет свет" да биде натпросечно "успешен" (вообичаено се однесува за материјално богатство), но тие избираат да живеат и работат во своите земји - бидејќи таму условите ги има и се зависи само од него.

Ајде глупости. Не реков дека е неуспех тоа што таму ќе го постигнеш туку самата миграција (заминувањето во странство) е доказ за неможноста да успееш во својата држава, доказ дека си успеал овде. Притоа не велам дека вината е кај оние коишто се отселуваат.
Доколку она што го имаат таму имаат можност да го постигнат овде верувај ми далеку подобро и позадоволно ќе се чувствуваат во животот. Бидејќи кој што сака нека каже само дома си е дома. И најбогатите луѓе во светот после сите патувања се враќаат дома.
А така како што опишуваш живеат помал дел од македонските иселеници-гастербајтери. Повеќето се задоволни со тоа што можат да си приуштат побогата и пообилна кркачка и пијачка и посалам покрив над глава.

Значи има повеќе типови на иселеници. Јас пример не сум ни пробал кај нас дали можи да успеам или не ниту сум побарал работа ниту сум отворил фирма па не успеала. И немам потреба воопшто со она што сум го заработил да доаѓам Македонија да се покажувам.

Другио тип е тие кој што заминале инсфрустрирани од фактот дека не успеале кај нас, и откако ќе се иселат и заработат солидна сума се враќаат назад да се покажат затоа што не се на интелектуално ниво со кое би се задоволиле со фактот дека личните цели се исполнети или дека имаат солиден живот и се препознаети од средината.

Инаку познавам многу Американци кој што заминале во други држави да живеат затоа што не им се допаѓа системот или сакале поинаков начин на живот. Причини за миграција ги има многу, кај нас поради лошата економска состојба тоа е и најчестата причина. Во други држави каде што економски се многу подобри други фактори се застапени . Пример некој од Норвешка ќе се пресели Австралија затоа што временските услови не му се допаѓаат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас имам уште едно мислење поврзано со ова прашање, и мислам дека споредено со претходните кои ги наведов во првиот пост е можеби најправилно и најобјективно.
Според мене, најсовршено нешто на светот се религијата и природата. Од нив нема ништо посовршено на светот.
Богами, посебно од религијата. Посовршена глупост тешко дека ќе пронајдеш.
 
A

Antigona

Гостин
Врзан сум од деловни причини овде инаку би заминал само ради луѓето пошто се простаци и тешка сељачана што слуша Аца Лукас.
(y)

Тоа е реалност и факт. Доколку не беше така и луѓето од развиениот свет во голем процент ќе се отселуваа и ќе живееја на други места, но тие создале услови да успеваат во своите родни места.
Еден просечно богат и успешен Американец или Европјанин би можел било каде на Балканот и во останатиот "трет свет" да биде натпросечно "успешен" (вообичаено се однесува за материјално богатство), но тие избираат да живеат и работат во своите земји - бидејќи таму условите ги има и се зависи само од него.
Така де, што има арапот да се сели во други земји кога овде извира нафта и си се збогатува во секој момент. Златна држава , милина, лукзус, да ти е грев да плукнеш на улиците од што е преубаво средено и допрва се гради и развива.

А на македончето што му пружи Мк ? Изгледа само нервози :(
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Значи има повеќе типови на иселеници.
Другио тип е тие кој што заминале инсфрустрирани од фактот дека не успеале кај нас, и откако ќе се иселат и заработат солидна сума се враќаат назад да се покажат затоа што не се на интелектуално ниво со кое би се задоволиле со фактот дека личните цели се исполнети или дека имаат солиден живот и се препознаети од средината.

Инаку познавам многу Американци кој што заминале во други држави да живеат затоа што не им се допаѓа системот или сакале поинаков начин на живот. Причини за миграција ги има многу, кај нас поради лошата економска состојба тоа е и најчестата причина. Во други држави каде што економски се многу подобри други фактори се застапени . Пример некој од Норвешка ќе се пресели Австралија затоа што временските услови не му се допаѓаат.
Јас лично ги почитувам повеќе тие кои би се вратиле и би вложиле/би пробале да успеат и овде, бидејќи нели најголемиот изговор кај нас е дека државата не прави ништо за да сме малку побогати инаку сите ќе бидеме Ајнштајновци и Рокфелеровци.

Значи иселеникот ќе си биде секогаш еден обичен имигрант во земјите во кои отишол, заради тоа што не успеал или немал шанса да успее овде (пак ќе речам можеби навистина не по негова вина). Но тоа што многу мал процент од гастербајтерите се решаваат да вложат назад откако ќе стекнат богатство кажува многу за нивните "способности".

Ако ти си отишол во странство по сопствен избор тогаш ОК, но 90% од Македонците не заминуваат доброволно туку од немајкаде. И не ме убедувај дека има и западњаци кои одат да живеат на друго место поради климата. Да знам дека има и такви, има дури и мажи кои што се облекуваат со женска облека, но колку се. Дали се одвај еден процент.
Во нормални држави каде мнозинството од населението се чувствува задоволно од животот во одреден степен иселувањето е минорно. Чувството на неуспех во сопствената земја е основната причина за иселување од економски причини.
 
Да во право си дека добро би било ако се инвестира назад во земјата би биле на многу подобро ниво, јас лично ако некогаш се одлучам да отворам сопствен бизнис , сигурно би инвестирал кај нас и би вложувал затоа што знам дека ако некој кај нас добива 2000 евра плата ќе работи многу повеќе од некој во земјите економски лидери за истите пари. Плус би се осеќај добро да инвестирам во земјата од која потекнувам иако не сум многу горд , но не е избор кај ќе се родиш. Нормално би инвестирал ако и земјата ми нуди поволности, ако политиката на Македонија е во контра однос со моите планови не би инвестирај од причина дека бизнисот ќе ми пропадни или ќе ми ја затворат фирмата затоа што владата се сменала и процениле дека јас немам партиска книшка.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120

Е поради овие причини не гледаш инвеститори како се тепаат да вложат во Македонија, ни странски ни домашни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom