Јас имам уште едно мислење поврзано со ова прашање, и мислам дека споредено со претходните кои ги наведов во првиот пост е можеби најправилно и најобјективно.
Според мене, најсовршено нешто на светот се религијата и природата. Од нив нема ништо посовршено на светот. Имаше една убава мисла (од Ајнштајн мислам дека е) која вели дека одговорот на секое прашање може да го најдеме ако подбабински погледнеме и ја проучиме природата. Јас 100% се согласувам со ова мислење. А еве како ги поврзувам работите:
Природата е составена од растенијата, животните и човекот. Човекот заедно со растенијата и животните ја сочинуваат природата, и тој се разликува од нив само по тоа што има свест. Па така, тоа што им се случува на растенијата и животните, можеме (во најголема мера) да му го припишеме и на човекот.
Да ги разгледаме растенијата: едно растение ќе расте, ќе се развива, ќе ги пушти своите корени и ќе расцвета онаму каде има услови за живот (сонце, вода, воздух...). Ако за некое растение некаде нема услови за живот, тоа нема да расте таму. Еве на пример, ружите не растат во Сахара, оти таму нема успови за живот за нив, туку растат кај нас по дворовите. Значи тие си се прилагодиле на условите и функционираат онаму каде има услови за живот за нив. И еве да претпоставиме кај нас ако некогаш дојдат климатски услови како што се моментално во Сахара, тие ќе се исушат тука и повеќе нема да ги има, бидејќи нема да ги издржат тие температури. Значи тие се прилагодуваат на условите за живот. Ова е само еден од многуте примери. Ова се случува со сите растенија.
Да ги разгледаме животните: и животните одат таму каде има услови за живот. Еден волк на пример ќе оди онаму каде има храна, а ако некогаш снема за него храна во шумата, ќе се отиде да ја бара во селата. Ластовичките не напуштаат во есен и одат на југ бидејќи тие ако останат тука нема да ја преживеат зимата и ќе умрат. Значи во зима за нив нема услови за живот и затоа ја напуштаат оваа средина. Имам гледано и документарна програма за животните. Меѓу другото видов за пингвините. Тие кога ќе дојде времето да ги носат јајцата од кои се изведуваат мали пингвини, го напуштаат местото каде живеат и одат во потопли краеви бидејќи јајцата ќе им измрзнат а малите пингвини ќе им изумрат ако си носат во средините во кои тие живеат, бидејќи таму температурите се екстемно ниски. Некои животни како зебрите ( а и многу други) се во постојано дружење. Тие постојано се движат и бараат подобри услови.
Па исто е и за човекот – и човекот треба да оди онаму каде има услови за живот. Ако во една држава нема а во друга има подобри услови, нормално е тој да емигрира. Некои за тие што емигрираат ќе речат дека не се патриоти и дека не ја сакаат татковината. Јас ќе речам НЕ. Ние сме пред сè луѓе, и нас пред сè природата не создала. Поради тоа пред сè треба да функционираме врз основа на законитостите на природата. Ние пред сè и припаѓаме на природата, а после тоа сме македонци, срби, бугари, после тоа припаѓаме на некоја вера, припаѓаме на некој град, здружение, се делиме според пол, образование и на уште милион категории и поткатегории.
Заради ова ќе речам дека можеби е најпаметно да се емигрира, и дека нема да биде ниту успех, ниту неуспех туку нормална природна работа.