Дали е успех или е неуспех да се замине во странство?

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Секако дека е успех, сите што заминале во странство (со исклучоци) кога се вратиле кај нас се сметале за богати луѓе кои од ништо станале нешто............., но кога сме кај тоа дали да се остане засекогаш јас би рекол не, зошто секогаш ќе ти недостига родната земја :)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Крајно време е некој под итно да престане да ги гледа рекламите на владата најпрво за свое сопствено добро, а потоа и за доброто на оние околу него. Македонија лидер во информатичките технологии :pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Што е следно бе, Мирка мис бикини?
 
Член од
14 мај 2010
Мислења
109
Поени од реакции
18
Јас имам уште едно мислење поврзано со ова прашање, и мислам дека споредено со претходните кои ги наведов во првиот пост е можеби најправилно и најобјективно.
Според мене, најсовршено нешто на светот се религијата и природата. Од нив нема ништо посовршено на светот. Имаше една убава мисла (од Ајнштајн мислам дека е) која вели дека одговорот на секое прашање може да го најдеме ако подбабински погледнеме и ја проучиме природата. Јас 100% се согласувам со ова мислење. А еве како ги поврзувам работите:
Природата е составена од растенијата, животните и човекот. Човекот заедно со растенијата и животните ја сочинуваат природата, и тој се разликува од нив само по тоа што има свест. Па така, тоа што им се случува на растенијата и животните, можеме (во најголема мера) да му го припишеме и на човекот.
Да ги разгледаме растенијата: едно растение ќе расте, ќе се развива, ќе ги пушти своите корени и ќе расцвета онаму каде има услови за живот (сонце, вода, воздух...). Ако за некое растение некаде нема услови за живот, тоа нема да расте таму. Еве на пример, ружите не растат во Сахара, оти таму нема успови за живот за нив, туку растат кај нас по дворовите. Значи тие си се прилагодиле на условите и функционираат онаму каде има услови за живот за нив. И еве да претпоставиме кај нас ако некогаш дојдат климатски услови како што се моментално во Сахара, тие ќе се исушат тука и повеќе нема да ги има, бидејќи нема да ги издржат тие температури. Значи тие се прилагодуваат на условите за живот. Ова е само еден од многуте примери. Ова се случува со сите растенија.
Да ги разгледаме животните: и животните одат таму каде има услови за живот. Еден волк на пример ќе оди онаму каде има храна, а ако некогаш снема за него храна во шумата, ќе се отиде да ја бара во селата. Ластовичките не напуштаат во есен и одат на југ бидејќи тие ако останат тука нема да ја преживеат зимата и ќе умрат. Значи во зима за нив нема услови за живот и затоа ја напуштаат оваа средина. Имам гледано и документарна програма за животните. Меѓу другото видов за пингвините. Тие кога ќе дојде времето да ги носат јајцата од кои се изведуваат мали пингвини, го напуштаат местото каде живеат и одат во потопли краеви бидејќи јајцата ќе им измрзнат а малите пингвини ќе им изумрат ако си носат во средините во кои тие живеат, бидејќи таму температурите се екстемно ниски. Некои животни како зебрите ( а и многу други) се во постојано дружење. Тие постојано се движат и бараат подобри услови.
Па исто е и за човекот – и човекот треба да оди онаму каде има услови за живот. Ако во една држава нема а во друга има подобри услови, нормално е тој да емигрира. Некои за тие што емигрираат ќе речат дека не се патриоти и дека не ја сакаат татковината. Јас ќе речам НЕ. Ние сме пред сè луѓе, и нас пред сè природата не создала. Поради тоа пред сè треба да функционираме врз основа на законитостите на природата. Ние пред сè и припаѓаме на природата, а после тоа сме македонци, срби, бугари, после тоа припаѓаме на некоја вера, припаѓаме на некој град, здружение, се делиме според пол, образование и на уште милион категории и поткатегории.

Заради ова ќе речам дека можеби е најпаметно да се емигрира, и дека нема да биде ниту успех, ниту неуспех туку нормална природна работа.
 
Член од
11 септември 2013
Мислења
33
Поени од реакции
17
Дали е успех или неуспех да се замине во странство?

Лугето се рагаат и умираат, исто така и нациите, народите, државите.
Дури и животинските видови се појавуваат и исчезнуваат.


Заради ова ќе речам дека можеби е најпаметно да се емигрира, и дека нема да биде ниту успех, ниту неуспех туку нормална природна работа.
+1
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Мојата годишна плата што и не е така мала во Канада ја земаат за еден месец до 2 максимум. Мислам дека понатаму апсурдно е да се разговара на оваа тема. Инаку да, станува збор за луѓе кои што го работат истото што и јас.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Дефинитивно неуспех.
Човекот секогаш се чувствува најдобро кога живее и може да се реализира во својата средина, таму каде што пораснал. Заминувањето е самопризнание за неуспехот со кој сме се соочиле во својата родна земја.
А дали си успешен таму треба да судиш по тоа колку висока е платата по тамошни стандарди не да ја споредуваш со македонската плата.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Дефинитивно неуспех.
Човекот секогаш се чувствува најдобро кога живее и може да се реализира во својата средина, таму каде што пораснал. Заминувањето е самопризнание за неуспехот со кој сме се соочиле во својата родна земја.
А дали си успешен таму треба да судиш по тоа колку висока е платата по тамошни стандарди не да ја споредуваш со македонската плата.

Taка е... 90 % од народот кај нас е горд и успешен (y)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Не би рекол. Обратно е, затоа и поголемиот дел заминуваат.

Мислев ќе ми го сватиш постот. На никој не му а гајле дали ти ќе бидеш горд или пак си го избрал полесниот пат.

На 60 години нема никој да дојде да ти рече браво издржа во сиромашна земја ти си човек борец. Тоа само на слики и на филмови реален живот е сосема друго. Секој си живее за себе и секој ќе го памти животот онаков каков што тој си го проживеал.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Дефинитивно неуспех.
Човекот секогаш се чувствува најдобро кога живее и може да се реализира во својата средина, таму каде што пораснал. Заминувањето е самопризнание за неуспехот со кој сме се соочиле во својата родна земја.
А дали си успешен таму треба да судиш по тоа колку висока е платата по тамошни стандарди не да ја споредуваш со македонската плата.
Кога за време на одмор си го ладиш на Бахамите и знаеш дека имаш уште еден куп пари на сметка, многу е тешко да се убедиш себеси дека си неуспех.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Неуспех за државата, уште поголем успех за поединецот. Надвор тој ќе се реализира (зависно колку е способен), а нема да има сопки од типот роднини, партија, педигре и сл.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Бегањето од проблемите наместо нивно решавање не го сметам за успех сигурно, како и да е одењето во странство за некои е едно од полесните решенија како да си го средат животот и нема зошто да им се замерува на истите.. нивни избор.

А успех е тука да успееш, во државата/местото каде што си роден! :)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Кога за време на одмор си го ладиш на Бахамите и знаеш дека имаш уште еден куп пари на сметка, многу е тешко да се убедиш себеси дека си неуспех.
Ако си на Бахамите и си го ладиш и сеуште имаш еден куп пари на сметка - може и си успеал.:)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Секогаш ми се присерува кога ќе прочитам вакви татковинско-патриотски реченици
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Дефинитивно неуспех.
Човекот секогаш се чувствува најдобро кога живее и може да се реализира во својата средина, таму каде што пораснал. Заминувањето е самопризнание за неуспехот со кој сме се соочиле во својата родна земја.
А дали си успешен таму треба да судиш по тоа колку висока е платата по тамошни стандарди не да ја споредуваш со македонската плата.

Да ете јас сум пример дека не се чувствувам најдобро да сум Македонија иако сум пораснал таму.Многу подобро се чувствувам ако работам тоа што ми се допаѓа и можам да го изберам тоа без да се грижам дека нема да заработувам доволно да го поминам месецот.
Кажи им на многуте иселеници кои си го живеат пример Американскиот сон. Куќа со 4 спални и базен во предградие , децата на добри универзитети и менаџерски позиции во најголемите корпорации, не тие се неуспех за тебе оти избегале од кај нас. Миграцијата ја имало од секогаш и секогаш ќе ја има, и не е само кај нас на глобално ниво е.

И ти ни кажуваш дека тоа е неуспех и како што кажа Strenght , за тебе е успех да си Македонија и да поминиш 60 години во сиромаштија и ќе ти дадат орден на храброста :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom