Треба бе дипломатија за некои ствари. Не мора да ги набројувам. Можда не е некултурно да си ептен директен, али е крајно непрактично. Женско кога ќе те праша дали и пораснал газот, не очекува да и речеш да.
Башка, у дадени случаеви општествена конвенција диктира необавезен муабет, па пополека увод во некоја тема, па после getting to the point. Постои причина зошто се развиле тие ритуали.
Дисклејмер: Причината не е пошо сите се овци конформистички, а вие сте ја прокужиле излишноста на сето тоа персирање. Ако сакаш да живееш меѓу цивилизиран народ, ќе се однесуваш како цивилизиран човек. Ако не, марш у Пинтија/Припор/рандом Сељакville.
На крај краева, културен човек ќе си процени во зависност од контекст кога, на кој начин и колку треба да биде директен со некого. Има луѓе што се вреѓаат, има луѓе што инсистираат на тоа. Затоа углавном бираме пријатели блиски до нашиот темперамент.
Туку, за домашно на сите 100 посто директни луѓе овде- нека бидат еден ден 100 посто директни и искрени со шефот/професорот/наставникот. Да видиме кој колку стои на своето под екстремни услови.