Дали директноста е непристојна?

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Сите знаеме луѓе што го кажуваат директно тоа што го мислат и исто така знаеме дека многумина тоа го сметаат за непристојност.

Дали овие два поими можат да се изедначат?
Дали вие некогаш сте биле окарактеризирани како непристојни само затоа што сте го кажале директно тоа што го мислите?
Дали секогаш треба убаво да го “спакуваме“ зборот пред да го кажеме?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не би рекла дека е непристојна, само знае некогаш да биде застрашувачка. Директноста за човекот што е директен е позитивна, затоа што си е директен, не оди како “киша око крагуевца“. И најчесто знаат што сакаат. Јас рецимо, ретко сум директна од страв. Каков, не знам, ама обично околишам за што и да се работи. Не е заради страв од непристојност, ги почитувам директните луѓе, тие секогаш повеќе успеваат - едноставно не можам да бидам директна, затоа што се блокирам, не знам како тоа ќе биде прифатено од другата страна, зашто мене некогаш кога ќе ми пристапат или ќе ми кажат нешто директно се укочувам и се збунувам, најчесто засрамувам. Можеби ми е тешко да ја прифатам директноста, реалноста, кој знае.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Зависи од човекот кој е директен по природа и човекот со кого комуницира. Јас обожавам директни луѓе кои во лице ги кажуваат поголемиот дел од работите, затоа што на пример јас кога треба да кажам искрено нешто кон моја блиска личност а знам дека таа личност тоа ќе ја повреди, не можам да бидам директна, колку и да сакам затоа што ми е жал, таква сум.
Директна сум само со луѓето кои не ми се толку блиски, онака, до граници на непристојност. Ми имаат речено неколку пати дека сум непристојна, дека не требало тоа така во лице да му го плеснам некому, но тоа е што е, зависи понекогаш и од моментот и од расположението.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
Можи да биде и пристојна и непристојна зависи од начинот и пристапот кон нештото.

Инаку гледам да сум директен и сум директен, затоа што моите зборови не се само рандом звуци излезени од мојата уста. Директен сум и што појасен за да ме разберат, ако не ме разберат не ми представува проблем да се дообјаснам.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не сметам дека е непристојна ако се кажува вистината и реалноста. Проблемот е кај лицето на кое директно му се потенцира како и на кој начин тој ќе ја прифати. Некои едноставно не сакаат директни лица кои ќе им ја шлапнат вистината во фаца, сакаат да биде тоа премолчено и се лутат на директноста. А некои токму директноста ја прифаќаат без разлика дали е пофалба или критика, најбитно е искрено.
Сепак има и граница на директноста. Некои лица едноставно претеруваат со тоа и тие се незадоволни од се и секого и ти го потенцираат тоа. Тоа веќе поминува и во непристојност.
Сакам директност и искреност, без разлика дали е добра или не за мене.
Јас сум доста директна, подобро ќе кажам како е навистина него да вртам одоколу и да лажам. Сепак има и ситуации кога ќе премолчам ако знам дека личноста се навредува од директност или ако е тоа што треба да го кажам е многу болно.

Колку често само се случува пример другарка има нова фризура која ужасно и стои и повеќето прават лице дека е супер. Јас секогаш сум директна и ќе и кажам дека не и стои. Па да си знае де друг пат така да не ја прави, што има да ја лажам :)
Ако тоа таа го свати како непристојност не сум јас виновна. Јас сум само искрена.
 
M

marsovka

Гостин
Работата се сведува до перцепцијата на страната која слуша и начинот на кажување од страна на тој што кажува
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
126
Поени од реакции
3
Direktnite luge kolku i da Ve plasat se dobri i fer luge , ja sum mnogu direkten ili me sakas ili me mrzis
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Непристојна е. Знам, од искуство. Ја сум директен секад, не дека е нешо мангупски, просто ме мрзи да дрвам 30 мин за искажам незадоволство или задоволство.
Ако ми се свиѓа задник на некоја цура, ако се чустувам така, одма кажувам, па она нека го свати како сака, со оглед дека не ми е блиска па не ме занима нејзино мислење околу мене..
Едноставно така сум скроен, директен и искрен, 2 најлоши работи у исто комбо..

По можност, не бидете директни, дрвењето мадиња секад се исплаќа.
 
M

marsovka

Гостин
Непристојна е. Знам, од искуство. Ја сум директен секад, не дека е нешо мангупски, просто ме мрзи да дрвам 30 мин за искажам незадоволство или задоволство.
Ако ми се свиѓа задник на некоја цура, ако се чустувам така, одма кажувам, па она нека го свати како сака, со оглед дека не ми е блиска па не ме занима нејзино мислење околу мене..
Едноставно така сум скроен, директен и искрен, 2 најлоши работи у исто комбо..

По можност, не бидете директни, дрвењето мадиња секад се исплаќа.
Мислиш лижењето гз?знам
Има примери мноооогу
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислиш лижењето гз?знам
Има примери мноооогу
Не значи дека ако некој не е директен, дека лиже гз! Само одбира зборови како да ги презентира своите ставови и мислења.:wink:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не значи дека ако некој не е директен, дека лиже гз! Само одбира зборови како да ги презентира своите ставови и мислења без да повреди или навреди некој друг.:wink:
Тоа е она што не го ценам кај другата страна.

Ја коа сакам да кажам дека ти е лоша фирзурата викам "Еј, тапа, не ме бендисуваш со оваа фризура, мењај"
И тогаш ти се навредуваш, зашо сум директен скот.
А ако ја почнам причата "Во една шума преку 7 мориња, 7 реки и 7 планини си бил еден зајак....." и на крај после 15 минути ти укажам дека фризурата би можела да биде подобра, ти нема да се налутиш.
Шо ме иритира, зашо ти кажувам иста ствар само со други зборови, а ти повеќе го цениш второто од првото, иако е иста ствар и кажано со иста причина.

[не се однесува конкретно на тебе :)]
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ay, веруј ми дека тогаш е нај непристојна.
Зависи до личноста на која се кажува вистината, како таа тоа го прифаќа.

Јас прифаќам искреност. И сметам дека нема да си непристоен ако ми кажеш твое искрено мислење директно. Би се навредила повеќе ако ме лажеш.

Ако некој се навредува и ме смета за непристојна што јас искрено му кажувам критика ете нека е, мене ми е баш гајле. Тој губи што не ја увидува реалноста веднаш, не сум јас виновна. Кога тогаш ќе свати дека сум била во право. Па и да не свати нека си живее во свој свет. Јас моето сум си го кажала и сум била искрена.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа е она што не го ценам кај другата страна.

Ја коа сакам да кажам дека ти е лоша фирзурата викам "Еј, тапа, не ме бендисуваш со оваа фризура, мењај"
И тогаш ти се навредуваш, зашо сум директен скот.
А ако ја почнам причата "Во една шума преку 7 мориња, 7 реки и 7 планини си бил еден зајак....." и на крај после 15 минути ти укажам дека фризурата би можела да биде подобра, ти нема да се налутиш.
Шо ме иритира, зашо ти кажувам иста ствар само со други зборови, а ти повеќе го цениш второто од првото, иако е иста ствар и кажано со иста причина.

[не се однесува конкретно на тебе :)]
Те сфаќам сосема, но сепак на крајот, иако заобиколено сепак ја кажуваш вистината. Нормално мора да знаеш да процениш дали човекот цени и не се плаши од директност или е почувствителен. И нормално многу зависи од темата за која што се прави муабет.

Во никој случај не значи дека лижеш гз, само едноставно се трудиш да ја олесниш вистината која некад знае да е убава, некад не. Има луѓе со кои сум секогаш директна без влакна на јазик - тоа се моите најблиски, но некогаш со луѓе што ми се подалечни сум по индиректна, затоа што не знам како ќе изреагираат на мојата директност.
 
M

marsovka

Гостин
Не значи дека ако некој не е директен, дека лиже гз! Само одбира зборови како да ги презентира своите ставови и мислења без да повреди или навреди некој друг.:wink:
без навреда крејзи ама има некои кои не сваќаат што сака да им каже другата страна индиректно која не ретко кажува :ама змц штрц па добро у право си
Има некогаш ситуации каде што треба да ги отераш у пм некои

И сеа дрвење одоколу некогаш е знак на немање храброст и улижавање
(но не секогаш)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom