Дали верувате во тројство?

Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Јас верував во тројството, но верував дека еден Господ ги создал и Исус Христос и Светиот Дух, но прочитав (не во Библијата) дека сите тројца заедно го создале светот и све друго и оттогаш почнав да ја губам верата во тоа. Затоа почнав да го читам новиот завет, и на ниту едно место не го прочитав зборот "тројство" ниту пак прочитав дека Исус се претставувал како Бог. Почнав да ги потцртувам реченците во коишто јасно пишува дека Исус е само син Божји, но не и Бог. Еве неколку реченици од новиот завет каде што јасно пишува дека Исус не е Бог.

А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само Отецот".
(Марко 13:32, и Матеј 24:36);

Но јас ништо не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил." (Јован 5:30);

Боже мој, Боже мој, зошто Си ме оставил?" (Мaтej 24:76); (ова го рекол кога го распнале на крстот)

А он му одговори: ,Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог.'“ (Матеј, 19:16-17)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
на ниту едно место не го прочитав зборот "тројство" ниту пак прочитав дека Исус се претставувал како Бог. Почнав да ги потцртувам реченците во коишто јасно пишува дека Исус е само син Божји, но не и Бог. Еве неколку реченици од новиот завет каде што јасно пишува дека Исус не е Бог.
Пишува:
Јован 10:
30 Јас и Татко Ми едно сме.”
 
Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Пишува:
Јован 10:
30 Јас и Татко Ми едно сме.”
Па добро тоа немора да значи дека го рекол во буквална смисла. Ајде те молам најди ми каде во Библијата е објаснето светото тројство, и каде Исус се нарекува Бог.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Па добро тоа немора да значи дека го рекол во буквална смисла. Ајде те молам најди ми каде во Библијата е објаснето светото тројство, и каде Исус се нарекува Бог.
Добро бе, зошто вие муслиманиве мислите дека некој е у канта за сирење правен? Верувал тој во тројството.....некогаш?!
У каква смисла треба да биде ова ако не у буквална? У бројчана?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Јас верував во тројството, но верував дека еден Господ ги создал и Исус Христос и Светиот Дух, но прочитав (не во Библијата) дека сите тројца заедно го создале светот и све друго и оттогаш почнав да ја губам верата во тоа. Затоа почнав да го читам новиот завет, и на ниту едно место не го прочитав зборот "тројство" ниту пак прочитав дека Исус се претставувал како Бог. Почнав да ги потцртувам реченците во коишто јасно пишува дека Исус е само син Божји, но не и Бог. Еве неколку реченици од новиот завет каде што јасно пишува дека Исус не е Бог.

А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само Отецот".
(Марко 13:32, и Матеј 24:36);

Но јас ништо не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил." (Јован 5:30);

Боже мој, Боже мој, зошто Си ме оставил?" (Мaтej 24:76); (ова го рекол кога го распнале на крстот)

А он му одговори: ,Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог.'“ (Матеј, 19:16-17)
Го губиш времето ако тргнеш по погрешниот пат не е важно колку брзо се движиш никогаш нема да стигнеш до целта.
Наместо да се концентрираш на тоа дали било свето тројство или четворојство, земи посвети внимание на она што е добро и корисно од библијата или било која друга света книга.(Доколку сакаш такви книги да читаш)

Во кратки црти :

- Не лажи
- Не кради
- Сакај го ближниот
итн.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.064
Поени од реакции
6.676
Дали некој го разбрал што е па да верува во тројството :)
веруваш или не веруваш,нема што да се разбери,тие виши сили ниту е способен човекот да ги види,распознае,препознае........човекот е ограничено суштество,не знае како настанал животот,постојат теории и верувања,но секако дека не сме на рамниште на тоа/тој што не создало па да сме способни да разбериме......

овој што ја отворил темава,очигледно нема попаметна работа,ами да разнебитува работи кои никој не може да ги разбере од нас
 

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Тројството е далеку постаро од монотеизмот-го имало во хинду филозофијата , кај старите Египќани па дури и во предисламскиот период кај Арабјаните.Не ми е јасно зашто само монотеизмот мора да биде исправно верување.Ако некој преку тројството си ја сфаќа Вишата сила тоа е негово право и убедување.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.343
Поени од реакции
79.162
Тројството е далеку постаро од монотеизмот-го имало во хинду филозофијата , кај старите Египќани па дури и во предисламскиот период кај Арабјаните.

И на други места.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 17:20 ---
Дали некој го разбрал што е па да верува во тројството :)
LoL, небаре од тоа зависи егзистенцијата на нештата - дали некој у главата има реална слика за нив.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Дали некој го разбрал што е па да верува во тројството :)
Бог,Синот и Светиот Дух заедно го формираат Светото Тројство.Исто како што ти ги имаш органите за мирис,слух и вид и те прават човек а не дрво.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
LoL, небаре од тоа зависи егзистенцијата на нештата - дали некој у главата има реална слика за нив.
ДА......од тоа зависи егзистенцијата на нештата.
Очигледно дека на никој од вас му е јасно Тројството, неговото значение и неговата функција
--- надополнето: 10 декември 2013 во 17:53 ---
Јас верував во тројството, но верував дека еден Господ ги создал и Исус Христос и Светиот Дух, но прочитав (не во Библијата) дека сите тројца заедно го создале светот и све друго и оттогаш почнав да ја губам верата во тоа. Затоа почнав да го читам новиот завет, и на ниту едно место не го прочитав зборот "тројство" ниту пак прочитав дека Исус се претставувал како Бог. Почнав да ги потцртувам реченците во коишто јасно пишува дека Исус е само син Божји, но не и Бог. Еве неколку реченици од новиот завет каде што јасно пишува дека Исус не е Бог.

А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само Отецот".
(Марко 13:32, и Матеј 24:36);

Но јас ништо не можам да правам сам од себе. Како што слушам така и судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил." (Јован 5:30);

Боже мој, Боже мој, зошто Си ме оставил?" (Мaтej 24:76); (ова го рекол кога го распнале на крстот)

А он му одговори: ,Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог.'“ (Матеј, 19:16-17)
Не верувам дека постои....ЗНАМ дека постои.
Исто како што кај вас во Коранот постојат 7 неба....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom