Да, многу верувам во знаци. Пред десетина години патував за прв пат во странство (Бугарија) и, возејќи со неприлагодена брзина видов знак „Стоп“. Мојата првична реакција (како и секој балкански возач беше) “ова е само сугестија, а не и обврска за запирање на возилото“. Следствено, не застанав, и со 160 км/ч зашибав на раскрсница ценејќи дека другите возачи ќе ме приметат дека сум залауфан и ќе се прилагодат. Сепак, се излажав. Кога се разбудив следниот ден во ургентниот центар во Габрово, докторот ми рече „Сте имале среќа, огромна среќа г. Тапетаров! Ова е знак.“ и ми го покажа дневниот хороскоп во кој пишуваше: „Вие ште оцелеете, но трјабва да знаете, че това е вашијат втори шанс в живота!“ Оттогаш верувам во знаци, а особено во астролошките. Све ми погаѓаат.