Дали Македонците во дијаспората треба да гласаат?

Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Никој не е обвинет, и никој не вика дека не треба да се цени, тоа што некои допринесуваат за Државата.... Апсолутно погрешно разбирање...

Нивните контакти со државата, нивна координација и слично, може да се реши и на поинакво ниво, а не да имаат право на глас....... Јас кажав зошто сум против...

Па ако тргнеме со логиката дека тие имаат 2 гласа, само затоа што живеат во 2 земји, па дај тогаш и на тие со IQ над 150 да им вреди гласот за 1000, зошто они сигурно подобро ги перцепираат работите и подобро одлучуваат за иднината него некој со помало IQ.... АМА тоа не може така, сите луѓе мора да имаат еднакви права....... 1 човек - 1 глас - бира 1 водач - одлучува за себе и своето општество ,а не за другите....
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Значи човекот што има 2 државјанства вреди за 2ца на земјава?
ОК твое мислење.....

Не можам никогаш да се сложам за тоа.... Можам да се сложам, ако тој нема право да гласа во земјата во која што живее, а за сметка на тоа да гласа во и за Македонија.

1 човек - 2 гласа не може... тоа е прво и основно....

btw.... ако имаш имот у странска земја и не си државјанин, праќаш данок ама немаш право на глас... Така да тие што имале имоти у Македонија и не е некаков фактор за да гласаат....
Како основно, треба да се запознаеш со основните човекови права.

Дали по потекло, мешано или од повеќегодишно престојување во дадена земја како лојален граѓанин, секој се здобива со право на државјанство.
Му следува истото по овие основи, скоро секаде низ светов.

Следно, во Македонија нема никакви уставни ограничувања во однос на поседуваното државјанство, а тоа значи дека самата држава го одобрува тој принцип.

И доколку излезеш од забулениот ти свет и погледнеш практично, двојното право на глас оди во полза на Македонија директно да влијае врз внатрешната политика на некоја друга земја, преку своето малцинство.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Никој не е обвинет, и никој не вика дека не треба да се цени, тоа што некои допринесуваат за Државата.... Апсолутно погрешно разбирање...

Нивните контакти со државата, нивна координација и слично, може да се реши и на поинакво ниво, а не да имаат право на глас....... Јас кажав зошто сум против...

Па ако тргнеме со логиката дека тие имаат 2 гласа, само затоа што живеат во 2 земји, па дај тогаш и на тие со IQ над 150 да им вреди гласот за 1000, зошто они сигурно подобро ги перцепираат работите и подобро одлучуваат за иднината него некој со помало IQ.... АМА тоа не може така, сите луѓе мора да имаат еднакви права....... 1 човек - 1 глас - бира 1 водач - одлучува за себе и своето општество ,а не за другите....
Секој државјанин има право на глас, дали има еден и 5 државјанства. Тоа не смее да се оспори пошто секаде е така само ете ние се правиме паметни. А за тоа колку вреди еден глас, па во Демократијата секој глас е ист, не смее да има дискриминација.

А колку е ценета дијаспората баш се гледа, им се оспорува правото на глас.
 
CharlesBukowski

coito ergo sum
Член од
5 декември 2008
Мислења
107
Поени од реакции
2

Извини, што правиш ти надвор од твојата матична држава?
 
CharlesBukowski

coito ergo sum
Член од
5 декември 2008
Мислења
107
Поени од реакции
2
Те гледам жестоко ја браниш дијаспората, мислев нешто работиш и „допринесуваш“...
Инаку според мое мислење мора да има некаква врска меѓу дијаспората и матичната држава, е сега дали тоа значи дека треба да им се обезбеди право на глас, не знам.
Имам братучед во една европска држава, многу си го сакам, ама ликот е таму 30 години, го гледам почнал да мисли како нив, доаѓа еднаш во две години и не пратил на никој ни едно евро (додуша не му ни побарал некој од фамилијава), ама сега кажи ми како тој ќе гласа од таму за подобро на државава? Јас мислам дека само ќе биде манипулиран од разни задгранични комитети на разни политички партии коишто ќе профитираат овде и ние ќе си го кркаме
 
Види, ја доста Македонци овде познавам и знам дека редовно им праќаат на својте блиски пари и им носат многу подароци и све. И сега секоје второ семејство така да прави и да им праќа пари на својте блиски, тоа е огромна сума пари и огромна помош. Без тие пари Македонија можеби немаше да постојт или ќе беше крајно осиромашнета.
Плус туристите на лето најчесто се Македонци од странство. Појди на лето во Охрид и ќе видиш Македонци од Германија, Швајцарија, Австралија итн... и тие луѓе доста пари оставаат во земјата. Што сакам да кажам е дека факторот пари или парична помош секако дека е тука.

Има Македонци кој еднаш на 10 години идат но има и такви кој годишно идат по 3-4 пати. Сега тој Македонец кој нема интерес за Македонија и нема да гласа, нема ни да знајт дека се избори но тие што се заинтересирани ќе гласаат. И првиот предлог е да има 3 пратеници од дијаспората, што ќе сменат тие 3 пратеници? Ништо, но битно ќе го има нивниот глас во Македонскиот парламент и ќе се покаже добра воља за вклучување на дијаспората во политиката во Македонија.

Крајно сакам да ти кажам дека Македонците надвор од Македонија се добро организирани, јасно дека може и подобро ама пред се тие се добро информирани. Секоје семејство има Интернет и Сателит, па се читаат весници се гледаат вести, има Македонски весници што излагаат овде. Грешка е да се мисли дека тие можеш толку лесно да ги манипулираш пошто никој овде не зависи од некоја политичка партија во Македонија. Послободно ќе можат да гласаат.

Ја ги бранам пошто ете имам малку познавање на темава и крајно за мене сите се Македонци кој се државјани на Македонија и затоа и треба да имаат право на глас. :smir:
 
CharlesBukowski

coito ergo sum
Член од
5 декември 2008
Мислења
107
Поени од реакции
2
...Секоје семејство има Интернет и Сателит, па се читаат весници се гледаат вести, има Македонски весници што излагаат овде. Грешка е да се мисли дека тие можеш толку лесно да ги манипулираш пошто никој овде не зависи од некоја политичка партија во Македонија. Послободно ќе можат да гласаат.

Ја ги бранам пошто ете имам малку познавање на темава и крајно за мене сите се Македонци кој се државјани на Македонија и затоа и треба да имаат право на глас. :smir:
Не заборавај и овде се читаат весници и се гледаат вести

Еве јас ќе те надополнам: Не зависи ниту од дејствата коишто ги превземаат политичките партии во Македонија за подобрување на животот на граѓаните.
Како јас како жител на Македонија да му верувам на тој што гласа, дека гласа за доброто на Македонија (запамти, тој не зависи од ништо што би можело да влијае на неговиот живот и благосостојба, а се случува во Македонија)?
Хипотетички: Лик којшто има 5 фабрики во Германија и е член на задграничниот комитет на „Х“ партија, иде кај овој гласачот и му вели „ ќе ти ги вработам децата гласај за Х. За кој ќе гласа гласачот? За вистински подоброто решение, според негови лични согледувања, или за „Х“? Така што мислам дека со давањето право на глас некој само ќе профитира и можеби во одредени случаи ќе остане на власт иако, реално, е полоша варијанта за Македонија.

Едит: А погоди кој ќе го јаде стапот за тоа што гласачот гласал така како што гласал?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Буковски, што ќе променат 3-4 пратенички места за дијаспората?

Досега дијаспората не учествуваше во ниту едни избори, од каде тие предрасуди дека Дијаспората ќе одлучувала “грешно“ во однос на Македонските интереси?

Досегашните владејачки гарнитури беа избирани од домашната јавност, се согласуваме?

Од гласот на дијаспората се плашат токму политичарите, оние кои нема да можат да им го перат умот на речеме 100.000 Македонци со право на глас кои се надвор од земјава и можат во практика да видат како се води и како функционира држава.
Токму затоа едниот дел од политичките партии се против дијаспората и досега правеа се' за да се оневозможи нивното учество во државните политики.

Ми интересира што лошо си видел во дијаспорците?

Или единствениот мотивирачки фактор да се плука по нив,бидејќи сте гневни на некои свои роднини кои не ви праќале финансии...

Го имаш на мојот претходен пост, уделот на дијаспората во животот на Македонците во Македонија.

Пластичен пример е одржувањето на денарот со помош на нивните девизи.
 
Знам дека луѓето во Македонија исто ги следат политичките состојби, дури и преокупирани се. Сакав само да кажам дека и надвор од Македонија луѓето се добро информирани пошто некој викаа како може некој да гласа а нема врска што се дешават.

Иначе има задграничен комитет но тоа само на список. Тој комитет не е активен, ете ќе ти кажам дека во Штутгарт постој комитет од ВМРО-ДПМНЕ но активноста е 0 и не гледам дека во иднина нешто ќе се смени. Многу луѓе имаат погрешна слика од Македонците надвор од Македонија. Нема бизнисмени ко Атанасовски низ Европа. Тука има доста солидни семејства но има и сиромашни Македонци. Така да не се плашам од манипулации како ти ги спомна, демек вработи некого од семејството за да гласа за некого. Барем овде сите си се обезбедени со работа. Не е како во Македонија да им зависи на луѓето за егзистенција пошто ете пример Германија ама и други европски држави се грижат за луѓето, значи ако станеш невработен државата ти обезбедува достоинствен живот со платен стан, парична помош итн. Поентата ми е дека нема да има такви игри ко во Македонија, глас за работа. Прво луѓето не им зависи егзистенцијата од гласот и второ нема толкави моќници.

Иначе пак ќе прашам колку можат 3 пратеници да сторат лошо за Македонија? Поред планираниот закон ќе има 133 пратеници ако сум добро информиран а 3 од 133 се нешто повеќе од 2%.

А другите 130 пратеници дали се реално избрани? Дали тука има помалку манипулации? Се сеќавам на притисоци за Референдумот, имаше закани за одпуштање од работа, други инциденти на избори, полнејне кутии, зарем тука не лежи поголема опасност? Нели тука си бираат останатите 98% од пратениците а вие се загрижавте за 3 пратеници? :toe:
 
CharlesBukowski

coito ergo sum
Член од
5 декември 2008
Мислења
107
Поени од реакции
2
Буковски, што ќе променат 3-4 пратенички места за дијаспората?

Досега дијаспората не учествуваше во ниту едни избори, од каде тие предрасуди дека Дијаспората ќе одлучувала “грешно“ во однос на Македонските интереси?

Досегашните владејачки гарнитури беа избирани од домашната јавност, се согласуваме?

Од гласот на дијаспората се плашат токму политичарите, оние кои нема да можат да им го перат умот на речеме 100.000 Македонци со право на глас кои се надвор од земјава и можат во практика да видат како се води и како функционира држава.
Токму затоа едниот дел од политичките партии се против дијаспората и досега правеа се' за да се оневозможи нивното учество во државните политики.

Ми интересира што лошо си видел во дијаспорците?

Или единствениот мотивирачки фактор да се плука по нив,бидејќи сте гневни на некои свои роднини кои не ви праќале финансии...

Го имаш на мојот претходен пост, уделот на дијаспората во животот на Македонците во Македонија.

Пластичен пример е одржувањето на денарот со помош на нивните девизи.
1. Ако партиите имаат кандидати од дијаспората за коишто ќе гласаат „дијаспорците“, тогаш тоа е сосема друг муабет. Ама ако „дијаспорците“ имаат можност да гласаат за Н.Н. во Изборна единица Х од Македонија тогаш не е до 3-4 пратеника, тогаш имаш поддршка на политичка партија која дејствува во Македонија.
2. Од каде гаранција дека ќе одлучува правилно? Ти дадов пластичен пример дека може да се случи да се гласа погрешно.
3.Да
4.Ова е противречно со првиот болд.
5. Ништо лошо немам видено.
6. Внимавај, никој не плука по нив, а за финансиите, ти кажав дека од фамилијава никој не му побарал, ако му побара можеби ќе даде, ама фала му на бога имам членови од фамилијата коишто имаат многу повеќе од него.

Значи внимавај, тој што има право на глас може на било кои избори да гласа за било кој кандидиран лик. За да има 3-4 пратеника, треба за тие 3-4 пратенички места да има кандидати во дијаспората, односно, надвор од Македонија.
Еден совет, ако прифаќаш, немој толку романтичарски да гледаш на работите, бидејќи иако си отишол во белиот свет, верувај ми тој свет е повеќе црн него бел. Не ми се лути постар сум:smir:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не гледам романтичарски, гледам само практично.

Имаш многубројни примери на дијаспори кои учествуваат во креирањето на политиката на матичната држава.

Еден многу добар пример е Хрватска, која ова право на глас им го овозможи на своите емигранти уште во 1992 година.

И потврдувам дека се работи за 3-4 пратенички места резервирани за кандидати од дијаспората.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Чекајте малце....

ОСНОВНО:
И дијаспората може да гласа ако дојде поштено на избирачко место и си гласа....

така да, зошто баш таа група на луѓе што живее надвор од Македонија да има загарантирани 3 пратеници?

Кој ќе дефинира кај ќе се гласа надвор од Македонија? Партијата што е на власт, да си крои математики... Глупости...
Што е различен македонецот што живее у Иран од Македонецот што живее у Австралија, па на едниот да му дадеш да гласа, на другиот да му кажеш дека мора да дојде дома за да гласа....

Дискриминаторска е целата идеја....
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Чекајте малце....

ОСНОВНО:
И дијаспората може да гласа ако дојде поштено на избирачко место и си гласа....

така да, зошто баш таа група на луѓе што живее надвор од Македонија да има загарантирани 3 пратеници?

Кој ќе дефинира кај ќе се гласа надвор од Македонија? Партијата што е на власт, да си крои математики... Глупости...
Што е различен македонецот што живее у Иран од Македонецот што живее у Австралија, па на едниот да му дадеш да гласа, на другиот да му кажеш дека мора да дојде дома за да гласа....

Дискриминаторска е целата идеја....
Да бе, некој од Австралија ќе дојде за еден ден и ќе плати 2000 долари за пат и ќе си земе една недела одмор. Така мислиш е тоа.

Биди среќен што ќе добијат само 3 места, фер би било да нема ограничување и нивниот глас да вреди колку еден во Македонија, вака пак не е ист гласот. Тоа е дискриминација!

А има можности како можат сите дијаспорци да гласаат. Поред мене тоа треба во амбасадите и конзулатите да биде можно ама и преку поштенски пат ако се регистрираат луѓето кој сакаат да гласаат и нормално ги исполнуваат условите. Така може и пореална бројка за иселениците да се добие.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Дијаспората треба да гласа само доколку потенцијалниот гласач докаже дека најмалку еднаш ја посетил Македонија во последната календарска година.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom