А како тој некој од надвор би одлучувал за животот на луѓето во Македонија?
Еден пример очекувам да чујам.
Се овозможува гласање на дијаспората, токму за да се задржат нивните врски со матичната земја и да им се даде до знаење дека државата од која потекнуваат смета на нивната поддршка.
А ангажираноста на дијаспората зависи директно од заложбата на самата држава во однос на нив. Доколку државата ограничува и оневозможува пристап на Македонците од дијаспората како можеш да очекуваш некаква помош од истите?
Обврска на секоја влада, на секое раководство, е грижата за својата емиграција.
Апсолутно контрадикторно е да бараме укинување на визите, а притоа да бараме ограничување на правата на оние кои се наоѓаат надвор од државата.
Во однос на делувањето и лобирањето на дијаспората.
Кој може повеќе да биде запознаен со конкретната земја каде што се наоѓа?
-Оној кој живее, работи, студира, го говори јазикот, има контакти на различно ниво и сл.; или
- Ти од Македонија можеш подобро да завршиш работа?
И пред да се расфрлате со оценки од ракав, ниту 1% од вас коишто сте против дијаспората немате блага врска за нејзиното функционирање.
Запомнете дека тие Македонци кои што се надвор се единствениот реален контакт, директен промотор и креатор на странското мислење во однос на земјава.
Прочитав чинам дека некој прашал дали оние од дијаспората учествувале или ќе се јавеле на одзивот за одбрана на Македонија, доколку дошло до конфликт.
Па најлошо е кога самиот не е информиран за нивното учество во 2001, а корисно би било доколку провери и потоа процентуално спореди со одзивот на оние кои што се наоѓаат во земјата.
Уште нешто, спомнати се даноци во однос на државата.
1. По таа „логика“, невработените или студентите не би требале да гласаат, а оние кои плаќаат можеби би требале да имаат повеќекратно гласачко право?!
2. Второ, нашата дијаспора е заслужна што втората најголема ставка на девизен прилив во Македонија е токму од дијаспората. Илјадници семејства секој месец добиваат средства од нашите во светот.
3.Трето, голем број иселеници имаат недвижности во Македонија, така што плаќаат данок.
Секој што поседува Македонски Пасош е граѓанин на истата и законско право е да гласа за време на изборите.
Буџет на Република Македонија за 2007 година:
http://www.finance.gov.mk/mk/budget/2007/predlog_sobranie/obrazlozenie_na_buxet_2007.pdf
>>"Се' уште нема прецизен одговор на што се должи толку високиот прилив на приватни трансфери од странство во последниве години. Според аналитичарите, дел се должи на парите што ги испраќаат нашите иселеници или граѓани што се на привремена работа во странство."<<
Во Македонија, според проценките, од дијаспората во домашниот буџет годишно се слева сума од околу една милијарда долари.
„Зависно од година во година, тој износ варира меѓу 40 и 60 проценти. Ако буџетот изнесува милијарда и 500-600 милиони, значи ние разговараме за стотици милиони евра, долари, сеедно. Кон таа работа сите ние мора да имаме еден висок респект“, изјави Треневски.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=76398
А еве неколку поинакви мислења од оние на темава, барем оние кои иритираат на прв поглед поради игнорантноста:
“Дијаспората ги полни сериозните дупки во буџетот на македонските домаќинства, ама не смее да има право на глас оти тоа сериозно ќе го загрози дефилето на партиските лепешкари при преодот од позиција во опозиција и обратно. Нели, има дијаспората да ќути и да ги финансира кловновите во циркусот... не биле информирани за распоредот и глумците во претставите и затоа...“
“..и до сите бегања од дијаспората пак на нула си останавме, пробаа со сите сили да ги држат надвор и не успеа владината селекција во последните 15 години.
Без дијаспора нема никакви борби за името и нацијата, бидете сигурни во тоа сите до еден!
Без дијаспора нема Виножито и ОМО, книги и состаноци, носејки ги на суд Грците и Бугарите!
Без дијаспора нема огромен прелив на парична сума (особено во летниот период)!“
А што се случува кога дијаспората испраќа помалце пари?
“Девизните резерви се топат поради намалениот прилив на девизи од дијаспората, а висок трговски дефицит, бројот на невработени се зголемува, производството поради кризата се намалува. “
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=4969
Осиромашената дијаспора праќа помалку пари
Се намалува приливот на девизни дознаки од странство, најмногу бидејќи македонската дијаспора е осиромашена поради глобалната економска криза. Финансиските експерти стравуваат од
девалвација на денарот и од празнење на девизните резерви.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BACF7D1EA8E9D64FB2D9DFF9E85DB463
Банките ќаруваат и од парите од дијаспората
“Парите што ги испраќаат македонските иселеници претставуваат
над половина од приходот што го остварува државата од извоз и околу една петина од вредноста на бруто-домашниот производ. Тие влијаат позитивно врз одржувањето на нискиот дефицит во платниот биланс со странство.“
И сеуште сте за ограничување на правото на глас на дијаспората?
Што би можело да сменат 3-4 пратенички места на Дијаспората во Собранието, за да ни наштетат ?
Член 5: „Граѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Република Македонија“.
Член 22: „Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право“.
(Извадоци од Уставот на Република Македонија)
Секој што поседува Македонски Пасош е граѓанин на истата и законско право е да гласа за време на изборите.