- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 3.568
- Поени од реакции
- 8.188
Што си викаат Рајн Некар ако ги гледаат утакмициве на Талевски? Ја не можам да сватам како момаков го игра ова првенство. Мислев дека поред Кире на десен бек ќе има поголема муда повеќе да превзема одговорнност и да рока бар по 3-4 гола на натпревар. Ама очигледно гадно сум се заебал. Овој Нелоски изиграва некој шизик, пола топки ги лансираше у задњи ред у сала,и за жал и во него изгледа нема да добиеме ништо повеќе од просечно ракометарче. Премногу фали Кузмановски( веројатно ракометарот кој ќе биде лидер на репрезентацијата во иднина) кој и на минатото првенство покажа дека има многу повеќе муда од "куливе близначки". За голманиве... останативе натпревари Балтазар треба да ги игра со Трајковски и Митревски дефинитивно. Останативе ракометари никако да се потрефат у форма. На минатиот натпревар против Словенија во Катар, Манасков и Џомба (посебно Џомба) изиграа топ, а Столе беше во очајна форма. Сега па е обратно. Камења се крилава ( посебно Деки Бој) кој и покрај мизерната реализација упорно влага и од мртви агли и кења се што може да се поебе. Кажав и пред натпреварот дека не смееме да дозволиме Словенцо да се одлепи рано, дека мора да бидеме тесно со резултатот доколку сакаме да се надеваме на нешо. Јебига, премногу се понадевавме, сеа останува да се крстиме во позитивен резултат со рибарите, кој ако играме како денес ќе биде научна фантастика.