Ма добро е што јас сум цел ден на работа така да задачата за градинката останува на мајка му, а она не попушта. Кај нас ја сум тој шо попушта, така да додека не добијам дозвола од жена ми јас нема ни да се прибилжам до градинката бидејки више него сигурно дека ке пукнам и ке направам тоа шо не треба да се прави, како на пр. да го земам дома бидејки плаче и сл.
Битен момент е да НЕ попуштате. Оно ќе плаче, ќе се буни, нема ни да јаде од инат и многу слични глупости, но вие НЕ смеете да попуштите.
Само за пример, моето првите 3 месеци не јадеше скоро ништо во градинка. Доручек ИЧ, а за ручек пошто ептен гладно, па за да се залаже малку салата и толку. А дома ко да не видело јадење. Е сега, имаше коментари дека сме биле лоши и сл, дека не требало така да го оставаме да не јаде по цел ден, ........ но после тој период и до ден денес знае да спомне дека јадењето во гардинка било најубаво
Само бидете упорни и доседни во намерата. Секоја промена која потекнува од детето, или пак заради детето, тоа ќе го осети тоа и ќе го злоупотреби максимално. Ако на оставање плаче, ...... нека плаче, остави го, сврти се и оди си. Ќе го среди воспитачката. Во спротивно, АКО решиш дека тој ден “многу“ плаче, и го вратиш дома, или пак премногу го убедуваш и смируваш, и сл работи, знај дека не ти се пишува на арно. Абе заебанции се, кои откако ќе поминат се смешни, но во тој момент никако не се смешни.
Со среќа!!!
П.С. биди спремен дека првите 6 месеци повеќе ќе биде дома него во градинка заради слабиот имунитет и ќе биде доста често болно и со мрсулаво носе. Но тоа трае додека не “ојача“, затоа што до тој момент било изложено само на 5-10 луѓе, а сега наеднаш на 50+, и секој со себе носи свои бактерии и сл на кои треба да се навикне телото.