Градинки и се за нив

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Ма добро е што јас сум цел ден на работа така да задачата за градинката останува на мајка му, а она не попушта. Кај нас ја сум тој шо попушта, така да додека не добијам дозвола од жена ми јас нема ни да се прибилжам до градинката бидејки више него сигурно дека ке пукнам и ке направам тоа шо не треба да се прави, како на пр. да го земам дома бидејки плаче и сл.

Битен момент е да НЕ попуштате. Оно ќе плаче, ќе се буни, нема ни да јаде од инат и многу слични глупости, но вие НЕ смеете да попуштите.
Само за пример, моето првите 3 месеци не јадеше скоро ништо во градинка. Доручек ИЧ, а за ручек пошто ептен гладно, па за да се залаже малку салата и толку. А дома ко да не видело јадење. Е сега, имаше коментари дека сме биле лоши и сл, дека не требало така да го оставаме да не јаде по цел ден, ........ но после тој период и до ден денес знае да спомне дека јадењето во гардинка било најубаво:love:
Само бидете упорни и доседни во намерата. Секоја промена која потекнува од детето, или пак заради детето, тоа ќе го осети тоа и ќе го злоупотреби максимално. Ако на оставање плаче, ...... нека плаче, остави го, сврти се и оди си. Ќе го среди воспитачката. Во спротивно, АКО решиш дека тој ден “многу“ плаче, и го вратиш дома, или пак премногу го убедуваш и смируваш, и сл работи, знај дека не ти се пишува на арно. Абе заебанции се, кои откако ќе поминат се смешни, но во тој момент никако не се смешни.
Со среќа!!!
П.С. биди спремен дека првите 6 месеци повеќе ќе биде дома него во градинка заради слабиот имунитет и ќе биде доста често болно и со мрсулаво носе. Но тоа трае додека не “ојача“, затоа што до тој момент било изложено само на 5-10 луѓе, а сега наеднаш на 50+, и секој со себе носи свои бактерии и сл на кои треба да се навикне телото.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
И... како ви се однесуваа/однесуваат вашите деца кога сте ги пуштиле по прв пат во градника? Кај мене првите два дена мирен бил, си играл се тоа и сл. ама денеска многу лош бил. Цело време ја барал мајка му и стално гледал да начека шанса изчезе во ходник да види дали е таму да го чека. дури и кога сите мирни седеле он цело време мама ја барал и кенкал, дури и другите дечиња што се малку по големи му викале да ќути пошто некоја игра играле ама не бре брате.... многу е своеволен и неразбран. Верувам дека сака цело време и внимание да му се посвети него бидејки до сега кога требаше некој да го чува го чуваа и двете баби а они 100% од времето му посветуваа само него. Ваљда ке се навикне, сепак само трети ден му е.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

Стандард. Ништо ново. Уживај, ќе биде како што треба, не може од прва да сфати што е што. Полека, трпение и упорност(y)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Во Скандинавските држави е нормално, додека родителите си пијат кафе во некое топло кафуле, децата да ги оставаат да спијат во количка надвор, на многу ниски температури...

Исто препорачувам да го погледнете и ова видео...

Како што може да се види од самиот трејлер на филмот -„School’s Out: Lessons from a Forest Kindergarten”, децата во оваа градинка слободно шлапкаат во поточиња, се качуваат на дрва, висат на јаже, користат ножеви, чукчиња, ложат оган, готват...
После слушање музика, пеење, раскажување приказни и ручек, децата слободно лутаат во шумата и играат.
“Обично знам каде се, иако не ги гледам секогаш“ -вели нивната учителка.

Децата во овие градинки, кои на територијата на цела Германија и Скандинавија ги има многу, го поминуваат детството надвор, на отворено, истражувајќи, движејќи се, а во исто време учат за она што еволуцијата ги програмирала- како да се снајдат во средината, како да се вклопат во друштвото и како самите да си направат да им биде забавно преку игра...

Истражувањата се многу важни...децата учат на отворено, нешта што во затворена просторија тешко ги учат...вели за овој филм, Gesel директорка на институтот за развој на деца.

Ако се прашувате како е можно децата да издржат толку време на отворено, во секакви временски услови, слушнете една Швајцарска филозофија : не постои лошо време, има само лоша облека. Едноставно- природата ги тера децата да се фатат во битка со проблемите и ги учи како да ги решат. Ако ти е ладно- повеќе се движиш, палиш оган...Снајди се! Ако се изгориш, учиш дека оганот е опасен и треба да се чуваш.

Секако не е се така подмачкано. Во филмот ќе видиме родители на едно девојче, кои раскажуваат како во првите денови во градинката, прилично лошо се повредило со нож. Меѓутоа, научило важна лекција и станало експерт, гордо истканува нејзината мајка. Иако во овие градинки, децата прават нешта, од кои родителите обично се фаќаат за глава, степенот на повреди е многу низок, а децата многу бргу се челичат, па ретко боледуваат.

Друга мајка гордо ја опишува трансформацијата на својата ќерка, откако ја посетила оваа градинка. Нејзината “принцеза“, била опседната со материјални нешта, гардероба, барбики, играчки...и покрај сето изобилство,барала да ја забавуваат, зошто и било досадно. Сега, таа е горда сопственичка на колекција стапови и шишарки.

Педијатарот кој се појавува во филмот, зборува за тоа како, децата кои посетуваат вакви градинки на отворено, никогаш не доаѓаат кај него со проблем за дефицит на внимание (ADHD), за разлика од децата од стандардните градинки. И многу ретко се разболуваат...

А ако направиме една паралела со нашиот менталитет на одгледување деца, ќе најдеме многу разлики...
Пример, неможам да не се сетам колку кај нас се потенцира хигиената, јадењето со чисти раце, колку лулашките се опасни...многу опасни! Пред очи ми паѓа и таа загриженост што ја гледам во родителите, кога нивното дете недај боже, добило некоја модрица во играта...
Но вреди да се замислиме и да разбереме дека...овие луѓе, кои исто се родители, не помалку одговорни и стручни, дозволуваат нивните деца да растата на малку “по-опасен“ и природен начин. Тие поточно, не дозволуваат нивните деца да израснат во болникави неспособњаци...баш ги брига, што има родители кои не сакаат нивните деца да растат на сонце и дожд, да користат полско ве-це и да цапат дрва со секирка...тие имаат резултати и аргументи да покажат дека баш во такви градинки...децата цветаат.
http://vimeo.com/32463946
 
Последно уредено:
Член од
23 април 2014
Мислења
21
Поени од реакции
6

Може многу лесно и кај нас ова да го направиме, сЕ што треба да направиме е да:
-Воспитачките од градинките наместо внатре, да ги шетаат децата надвор на поплава по подвожнаци, па да ги качат на Скопска Црна Гора да се борат со дрвокрадци, па да ги прошетаат по многуте Ши.албански населби, Бит Пазар, Чаршија, Пластичарска итн итн... и мислам дека ќе бидат исчеличени повеќе од Шведските и Германските деца, мислам дека имаме подобри терени за челичење !
Шала на страна, во потполност ја оправдувам и подржувам таа идеја што ја напиша LazarG, само во некој друг свет т.е. друга држава, нашава е од друга планета :D
 
D

Daedalus

Гостин
Син ми одбиваше да спие во градинка и после ручекот во 12, во 12 и 30 мораше да си го земеме. Не знам дали има просторија за деца што не спијат, зашто СИТЕ деца спијат или барем лежат мирни. Ама не викај дека од сега знаеш дека нема да сака да спие, јас така се зезнав со поголемото. Помалото да видиш како си спие во градинка (иако дома прави проблем). Таму нема сакам- не сакам, сите лежат и тоа ќе лежи, кај и да е ќе се предаде и ќе заспие :). Не се откажувајте од спиењето пред да пробате сѐ за да преспива. Му треба тој сон на таа возраст, инаку ненаспано дете, како што знаеме, е тешко прво само за себе, после и за околината, нервозно е, преактивно, нетрпеливо... Ќе се навикне и тоа, како и другите :)
Немам искуство со деца пошто сум релативно премлад за да имам свои, али ме интересира бидејќи имате деца, дали постои некоја шанса детето да доживее психичко оштетување ако не спие и како тоа оштетување би се манифестирало во секојдневните активности и однесување на детето?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Немам искуство со деца пошто сум релативно премлад за да имам свои, али ме интересира бидејќи имате деца, дали постои некоја шанса детето да доживее психичко оштетување ако не спие и како тоа оштетување би се манифестирало во секојдневните активности и однесување на детето?
Роџер знам дека психологијата ти е јака страна, но со прашањево ме потсетуваш на лигавине западњаци, кај кои вирее се' само НЕ и здраво, право дете. Они од нивната ПРЕгрижа не му даваат на детето вода од чешма, не му даваат ни да си ги извалка рацета, а камоли да си игра во кал(проблем кој е опишан во оваа книга). Или пак ако го искара, забрани нешто тогаш може да биде психотична личност, садист, шизофреничар, ... ма дај друже.
Кај секого, секогаш постои опасност од психичко оштетување, не е само кај децата, но ако тргнеме по тој пат никаде нема да стигнеме. Сепак треба да се живее.
Околу постот на Алис, .... секој родител си ги познава своите деца најдобро и може да процени што треба и што не треба. Според неа ако детето не е наспано, одморно во градинка тогаш е тотален хаос. ДА, во нејзиниот случај сигурно е така, но ете, со моите не било така. Напротив, терањето на спиење му предизвикуваше револт, нервоза и цело време беше кењкаво. Откако се реши да НЕ спие, да не се тера и сл, тогаш се' се смени. Да видиш ти како може само или со уште 1-2 деца да си седи во занимална и тивко, ама баш тивко да си играат. Глас не им се слушаше.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766

Vrtić u četvrti Bernts Have danskog grada Holbæka smješten je na vrhu obližnjeg brežuljka s kojeg puca pogled na cijeli grad. Posebnost ovog vrtića je veliki zeleni krov, primjena načela energetske učinkovitosti, posebna klimatska zona u kojoj se djeca mogu igrati na svježem zraku cijele godine te mali povrtnjak za uzgoj povrća i začinskog bilja.
http://www.croenergo.eu/Ovaj-zeleni-danski-vrtic-pravi-je-mali-raj-za-djecu-23343.aspx
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Дали некој од форумов знае за некого што водел судски спор со градинка поради напад врз дете?
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
ма тешко тоа, на сите директорите им се од владеачкото мнозинство. иначе каков напад? дете на друго дете? воспитачка на дете? родител на дете, на воспитач итн....? малку по детално.
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Најверојатно е напад дете врз дете додека децата биле оставени без надзор. Односно, моето 10 месечно дете било оставено тој ден без надзор на вработен во два наврати: додека негователката издавала друго дете, и потоа го оставила на земја во занимална со поголеми деца додека била во тоалет. Од градинката никој не сака да превземе одговорност, а детето е убаво измалтретирано. Изгребано е во пределот на очите, на двата образи, иштипан е на едниот образ и гризнат на раката. Прво ми викаа дека сам се гребел, а откако им кажав дека доктор ја констатираше сериозноста на повредите и дека тоа нема шанси само детето да си го направи, и откако пријавив во Општина, испадна дека најверојатно е од друго дете. Ама пак, никој ништо не видел и само си ја подаваат топката едни на други.
Партиски се сите, од негователката на смена, до директорката. Ама не сакам да го оставам случајов туку-така. Детето од средата (тогаш бил инцидентот) не спие како што треба и сеуште не му се раните целосно зараснати.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
верувам и кажа на директорката? у принцип директорките се гордеат со нивните градинки и не дозволуваат овакви срања да поминат. не знам од каде си али ти кажувам за велешката градинка, иако е директорката од вмро и сите вработени скоро се таму од вмро кај неа нема партија и сл. кога станува збор за овакви работи.

не знам што да ти кажам освен да се консултираш со адвокат или евентуално тука да им пишеш на дечките од правна помош па да видиш шо ке ти кажат они. и отпиши го од таа група, нека го префрлат во друга. дури и да тужиш и да добиеш нема да го смени фактот дека детето ти е кај некој на кој што не му е гајле за него.

а за траумите не му се секрај, ке заборави на се. знам дека ти е тешко али се ке помине, од искуство ти кажувам, и ние сл. срања поминавме, и уште минеме али само господ да ги чува.
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Јас пријавив и го објаснив случајот секаде. И во градинка, и во надлежната Општина дури и во Полиција. Ќе се тужиме 100%, а детето од утре ќе оди во друга градинка. Само ме интересираше дали сум прва што ќе го тера случајот до крај. Се надевав дека не сум и дека некој ќе може да сподели искуство.
Инаку сум од Скопје, а градинката е Мимоза, клон на Весели Цветови. Онаа кај Шампионче.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Ај сеа помош за ситуација каде што син ми си доагаше дома секој ден истепан или изгризан и после неколку консулатиции и со воспитачката и со педагогот ми рекоа буквално дека нема чаре и едино останува да го научам да се тепа (значи они таму ми го дадоа тоа како совет). Што и направив, мада мајка му се противеше али дека ке остам да го тепаат може да сања. Е сега имам друг проблем и ми се жалат воспитачките дека он почнал да ги тепа другите деца. И шо да праам? Иако е мал и има само 3 години многу е послушен, така да ако му речам да не тепа и нема да тепа ама ке се ги врзе тоа здраво за готово и буквално нема да тепа дури некој да дојде и него да го истепа тој нема да врати. И поради тоа не можам да му речам да не тепа. А пак и ова што ги тепа другите деца ич не ми е убаво. Прво за него пошто не сакам да стане насилник а второ за другите дечиња пошто верувам дека тепачака е за глупост како играчка или нешто сл. А верувам дека ако му речам да не тепа туку да тепа само ако него некој друг го закача прв тешко дека ке ме разбере.... мада ке пробам освен некој друг ако нема некој совет или искуство па да сподели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom