shumecha.tableta
Модератор
- Член од
- 26 декември 2013
- Мислења
- 3.320
- Поени од реакции
- 17.764
Па мислам дека насловот е доволно јасен.
Знаете ли и вие некое трикче, да го споделите со нас?
- За да издвоите парче лушпа од скршено јајце - натопете една лажичка со вода и со нејзиниот горен дел поминете преку лушпата која во тој момент ќе се залепи.
- За да добиете повеќе сок од лимонот - ставете го во микробранова печка околу 30тина секунди.
- За да не ви солзат очите, додека сечете кромид - 15тина минути пред да почнете да го сечете кромидот, замрзнете го. Или пак излупете го и ставете го 15тина минути да отстои во вода.
- За да не потонат на дното парчињата овошни плодови во тортата - пред да ги ставите во тестото, испреплеткајте ги во малку брашно.
- За да не ви се раздробува лушпата од јајце на ситни парчиња додека го кршите - потчукнете го на рамна површина, наместо од работ на работната маса.
- За да не потемнат излупените компири - потопете ги во сад со ладна вода.
- За да исцедите неколку капки лимон, без да го пресечете - со игла дупнете две дупки, исцедете неколку капки, а лимонот ќе остане ист.
- За да не ви прска зејтинот додека пржите - додадете малку сол во него. Или пак парче леб.
- За да не ви распука јајцето додека го варите - ставете го јајцето во водата, откако таа ќе биде зовриена.
- За да не ви се залепат компирите за тавчето додека ги печете - ставете малку маргарин.