Готварски мини трикови и совети

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.848
... некој би рекол, „малите тајни на големите мајстори“, ама сакам темата да биде токму за обичните „мали мајстори“како сите ние, кои ете сакаме да готвиме, а непознавање на некоја ситница во самото приготвување се губи во вкусот или изгледот на приготвеното.
... да не би прашувале во темите зададени со поставување на фотографии, во врска со приготвеното, ете простор каде би прашале нешто околу приготвувањето или тајната на вкусот и изгледот на нашите членови кои богами приготвуваат специјалитети токму празник за очи, а богами изгледа и во вкус!
... еве да почнам јас, ме интересира како е подобро и зошто е подобро кога се приготвуваат на пример плескавици, ќофтиња, посипани со брашно, дали треба само изработените ќофтиња да се истркалат преку брашно и така да се постават во загреана тава, или треба после истркалување преку брашно повторно да се обликува со дланка формата и да се постави во загреана тава? :toe:

Swedish Meatballs recipe coated in flour-2.jpg unnamed.jpg кккк.jpg
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117
Штом мајка ми не ги прави со брашно, не треба!
Но, мислам дека овие топчиња откако ќе се испржат се ставаат во сос и брашното служи да го згусне сосот. А ако ги прпелкаш во трошки од леб, ќе добијат крцкава кора.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.848
Штом мајка ми не ги прави со брашно, не треба!
Но, мислам дека овие топчиња откако ќе се испржат се ставаат во сос и брашното служи да го згусне сосот. А ако ги прпелкаш во трошки од леб, ќе добијат крцкава кора.
... зборуваме за тие што се тркалат во брашно, не за тие што така чисто месо се ставаат во загреана тава, дали треба само да се истркала на брашно и што фати фати и така да се стави на загреана тава или да се истркала топчето со брашно и повторно да се обликува со дланката, па да се стави на загреана тава! :toe:
 
T

Torchyrus

Гостин
Никогаш немам правено со брашно...ни пак баба ми од која како мал имам учено и гледано како готви...
Нејзиниот рецепт е мелено месо, многу ситно сецкан кромид, јајце, леб и магдонос секогаш со мое инсистирање во поголема количина...
Иначе мене не ми прават плескавиците/ќофтиња толку кеиф колку кашата што ја прави после тоа...
Не можам да ја опишам...секогаш се давам со макање од таа каша... :love:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.848
... а дали преку ноќ престојува таа смеса во фрижидер или пак на собна 2,3 часа па потоа се формираат топчиња? или веднаш се формираат и се стават во загреана тава без потреба за „ стоење“ ?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.393
Никогаш немам правено со брашно...ни пак баба ми од која како мал имам учено и гледано како готви...
Нејзиниот рецепт е мелено месо, многу ситно сецкан кромид, јајце, леб и магдонос секогаш со мое инсистирање во поголема количина...
Иначе мене не ми прават плескавиците/ќофтиња толку кеиф колку кашата што ја прави после тоа...
Не можам да ја опишам...секогаш се давам со макање од таа каша... :love:
Да ја седнеш баба ти, нека ти кажува рецепти, а ти запишувај и постирај тука. :) Ќе ни изумрат тие генерации што знаат чудо да зготват од само неколку состојки, а ние скоро неуки ќе си останеме, со чест на мали исклучоци.
 
T

Torchyrus

Гостин
Мајка ми правеше со бела каша, на времето не ја сакав.

@Torchyrus, рецепт!
Утре ќе ја прашам ќе пишам тука...
Исто и уште едно јадење шо додека бев средно многу ми го правеше за појадок...
Чаубур се вика неам поим да го знае некој друг како такво, можда името звучи турско, но потекнува од Егејска Македонија...
Не е ништо посебно ама многу вкусно...Се работи за јајца на око, со малку брашно и црвен пипер ...мислам тоа беше само, ќе го направам со нејзе и ќе објавам слика со рецепт
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Ќофтињата и ние дома ги правиме со јајце, потопен леб во вода па исцеден, кромид и масло. Кашата ја прави мајка ми, ама мене гадна ми е, не ја јадам. :D Веројатно кремава некоја боја има, шо знам. :toe:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Каша спомнавте, таа е бела, и мене ми се свиѓа ако има пропржен лук во неа, инаку не ми е убава.
А мислам дека @Torchyrus тоа што го спомна како црвена каша, сигурно не е ваква каша, туку некаков сос?
Автоматски споено мислење:

Инаку, мене ми е проблем декорирање. Ако е за гости или за сликање, ќе се снајдам, ама за секој ден, ич не знам ниту ми текнува да го декорирам во чинијата тоа што го јадам :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom