Гледање на кафе

Член од
22 септември 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Знам да гледам на кафе..но сепак тоа го сфаќам единстево како забава и како мое гледиште на работите :) пример:
Ако ја видам зајче во шољата ке кажам дека ќе се случи нешто за брзо време и ке поврзам со други фигури од шољата..друг па ќе каже дека е нешто мило или само ќе каже зајче и толку :)

коа ќе видите фигурите тие што гледаат на кафе ги кажуваат и ги пренесуваат на тие што им глеаат според свои сфаќања :)

искрено заморно е мнг..посебно коа се оди на кафе после школо и се собираме 15 луѓе и сите ти викаат АЈ НА МЕНЕ НА КАФЕ ГЛЕАЈ МИ ! трагично е после тоа ако се лутат што не си им глеал .. :tapp:

И верујте мнг е глупо коа глеаш на блиски пријатели, зошто се знаеш за нив и секогаш ти се поврзува се , со сегашноста . Од мое лично искуство многу ми е поубаво коа глеам на човек што не го знам..и многу луѓе ми имаат кажано дека сум им погодила многу работи :helou:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Откако прекинав да превртувам ментално се опраиф шо се вика :smir:
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Ednostavno ubavoto kafe si go nadopolnuvas so zanimacija :vozbud: ke si se zezas kao imas konj :vozbud: gorda ke bidis ke se pravis fraerka :pos2: lele kuti ne veruvam vo gledanje na kafica ama sme se zabavuvale so toa i mnogu sme se smeele :baeh::uvo:
 

Мадам Мала

Мадам Мала
Член од
18 октомври 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
абе ипак гледањето на кафе е само забава и ретко верувам во такви муабетчиња ,(губење надеж) хухуху али во животов ми се има случено Дете кое прв пат го запознав и го сретнав ми гледаше на кафе и буквално се ми погоди.....:pipi::nesvest:
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Па до сега неколку пати ми имаат гледано,ама ништо се нема десено од тоа што ми имаат кажано.Иначе сепак добро е за тепање време и муабетење.Може да има вистина не викам не само што јас уште немам осетено такво нешто.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
искрено не верувам во вакви нешта ама колку од занимација може да се проба
 

Wa_sa_ka_ha_ta

свежо офарбана
Член од
16 мај 2009
Мислења
72
Поени од реакции
4
ех.ех..мнпгу често ме гњават демек ептен ме бидувало да се ѕверам у шоља...
ама прво и најважно, треба да си опуштен, да не знаеш за особата барем ако ти е пријателка во последните денови што се случувало, тој ден да ти работи гледалото ифантазијата и нормално да тропаш глупости, може некогаш да ти се потрефиш и да погодиш хахха:baeh:

но искрено, еднаш бев кај една жена со моја бивша колешка и кога ислеговме од кај неа..едноставно не можевме да се совземеме...теткава гром, ода кај ги извади работиве, дали од искуство (пошто има искуство со милион луѓе) говор на телото и останато, ама едноставно не можевме да си дојдеме на себе, абе лудило...
што би рекле се ми погоди, АМА СЕЕЕЕЕ

а инаку , коњот во шоља не е гордост, туку кај немажени/ неенети флерт или удварач , а кај омажени/оженети -шваљер или љубовник што ве демне

:helou:
 

Fragola

највкусната јагодка..
Член од
25 септември 2009
Мислења
301
Поени од реакции
7
не знам да гледам,а ми глеале само еднаш,не верувам у такви ствари,али за тепање време и досада кој си сака ок е..
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Една моја другарка отиде кај една жена што гледала на кафе за да и гледа. И изнакажа секакви работи што некако беа многу убедливи. Но со текот на времето ништо од кажаното не испадна.:toe:
Кога бев помала и јас гледав, сите ми кажуваа дека многу сум погодувала, а нема врска јас им го кажував она што знаев дека сакаат да го чујат зашто сите ми беа блиски другарки и сите тајни си ги знаевме:pos2:
Денес не ни помислувам на такво нешто, за мене тоа една голема глупост и само губење време на работи без врска.
Би им препорачала на сите да не веруваат а и да не прават вакви работи - не се воопшто добри.:nenene:

 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
хахаххаха занимација е кафето а може и нешто да е вистина...не се знае
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Почнав да пиам кафе, зошто и гледам на кафе, али не фигури, мене слики пред очи ми идат, а преку кафето воспоставувам енергија со персоната,
а да ми гледале на кафе, имаш куче, имаш желче, цртичка, и сум се смеел на тие работи
Епа кога ќе ја имам таа чест да ми гледаш на кафе??? :) :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Кафето како пијалок носи голема традиција а со него и гледањето на кафе.Кај нас најпознато е турското кафе, со тоа иде и предвидување на иднината од страна на човек што знае да ги толкува фигурите.Обично толкувањето на фигурите е приказна за себе, пагански обичај, суеверна традиција, но не и безвредна.
Е сеа кога сме кај гледањето на кафе, постојат повеќе типови на гледање од кои се издвојуваат:

-Толкување на фигурите што се создаваат на филџанот, или суеверно паганско гледање на кафе. Ова може да го практикува секој што би научил според некое правило како се толкуваат фигурите,што и не е од некое големо значење, затоа се нарекува суеверно гледање на кафе.Обично 30 % од популацијата практикува гледање на кафе а се поголем број станува на оние кои професионално се занимаваат со тоа или во превод би дошло дека пари заработуваат на таков начин.

Енергетско гледање на кафе, или во превод како што се пофали еден член претходно, гледање во филџан и чувствување на енергијата од филџанот кој ја прима од особата која го пие кафето. Ова научно не е докажано исто како што не е докажано дека посто и душата ама има луѓе што го практикуваат и веруваат во тоа.При гледањето особата изиграва некој гатач, вражч или кој знае што, па се претпоставува дека преку филџанот успева да го види вашиот живот , вашите проблеми и вашата иднина, што е теоретски невозможно да се предвиди иднината поради тоа што мора да се има прво акција за да настани реакција а тоа е прв закон во физиката по кој се движи цел универзум жив или не жив.

Друго гледање на кафе, е малце поинаку, што ретко се практикува , и е слично од типот “ме сака , ме неќи“, се поставуваат прашња и се очекува од филџанот “да ги одговори“. Обично гледачот треба да знае да разликува што сака филџанот да кажи, ДА или НЕ, и тоа е тоа во врска за ова гледање на кафе.

Најуспешните гледачи на кафе, се добри психолози и лесно можат да ја проценат личноста што сака, и што сака да кажи.Енергетските гледачи на кафе, се луѓе што цел живот го тупат со отворањето на чакри , или веќе се очакрени, па илузиите се она што го чуствуват.

Гледањето на кафе не е само предвидвување иднина, има традиција и ритуален карактер, вклучувајќи го и пиењето.
Пијте кафе, умерено, и кафето секогаш е најубаво со пријател.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom