Јаворов сируп и лимон само. Ај да видиме.
Јас видов!
И умрев за јадење
сепак, функционира благотворно и телово никогаш не ми било поблагодарно! Тоа е само детоксификација која ми беше многу потребна! Чувствував дека многу ѓубре таложам во организмов и внатрешни се побунија! Прво им го игнорирав револтот и се инатев! Со кого?
Со себе!
10 дена живеев на течности! Вода, лимон, јаворов сируп и cayenne peper, зачинов стварно не знам како се вика на македонски! Покрај лимонадава која е главната напивка, во процесот се користат и незасладени чаеви и секое утро се пие најодвратното нешто што во животов сум го пробала, нејодизирана морска сол растворена во топла вода! Миженката ја м'скав и по пола саат се дружев со милото ми wc кое никогаш не било попосетувано
А таму се произведуваа работи кои не можев ни да замислам дека ми опстојувале во организмов! Одвратно индид! Значи се здрвуваш 20 мин на шоља и после чинот кога ќе се опулиш(ај да не се лажеме сите си го гледаме производот)си викаш уат д фак:shok:
Значи, не се умира за јадење но се чувствува глад! Лимоните му обезбедуваат на телото доволно витамини и минерали, јаворовиот сируп шеќери и минерали ез уел и cayenne peper витамин Б и Ц! Знам дека звучи како изгладнување и изгледа дека сите овие состојки не се доволно за нормално да функционираш, но само 10 дена се во прашање! Првите два дена се ужасни! Јас имав страшни главоболки зошто сум си coffee junkie а и се навлеков на diet coke(читај хемикалии) скроз непотребни и никотински задоволства! Треба психичка подготвеност пред да се почне детоксификацијата зошто стварно нема да биде најпријатното искуство што се го доживеале! После 4 дена кожата изгледа чудно и нечисто а телото произведува некој чуден мирис(смрдеа) Се згрозивте нели?И јас, од самата себе
Но како поминуваа деновите, а денови ли се денови, се чувствуваат и благодетите! Сите тие нус појави и симптоми се смо резултат на излегувањето на отровите и ѓубрето од организмот! А мислев дека здраво се хранам мајку му! Како и да е се издржува ако имаш силна желба а и резултатите кои ќе почнеш да ги забележуваш после кризните 3 дена се мотивирачки!
Многу луѓе чувствуваат зголемено ниво на енергија што не беше случај со мене! Јас бев пасивна сите 10 дена, не знам зошто! Си се водев по тоа, кога веќе внесувам само 800 калории дневно з'ш да трошам 200 на орбитрек! Вежбaв само два пати во тие 10 дена но затоа пак сега, откако го завршив процесот, имам многу повеќе енергија и се чувствувам ѓоа пердувче!
За тежината! Не е намерата да се изгуби тежина, иако многу јасно дека со толку малку калории и пола саат во wc секое сабајле се слабее! Kај сите различно функционира! Јас ослабев некои 5 килограми, но многу веројатно е дека штом почнете со нормална исхрана ќе си ги натоварите пак! Не е пожелно уште првиот ден да се почне со цврста храна туку со свежо исцеден сок од портокал, вториот ден супа и веќе третиот ден свежо овошје и зеленчук! Бејби степс за да го навикнете организмот! Јас мамев признавам! Bториот ден смачкав едно јаболко и беше највкусното нешто што некогаш сум го изела!
Потребата за благо, која и онака не е многу присутна кај мене, но кај многумина е, ми исчезна! Првата мнедела откако престанав имав потреба за многу овошје и зеленчук и помислата за внесување на добро парче мрсна пица, макар и вегетаријанска ми беше одвратна!
Како и да е, кафе почнав да пијам после 5 дена, пиво и никотин внесов после две недели! Уште се чувствувам многу полесно и не си ја вратив изгубената килажа, а и да ја вратам не е голема работа де! Не ни ми беше тоа целта, само е мотивирачки и убав сајд ефект!
Ете така! Жива, здрава, изгладнета, лесна и полна со енергија! А кожата добива убав сјај!
И не смрдам веќе