Гладувањето како лекување

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Гладувањето е како што не сум знаел иако сум го практикувал, одамна познат начин за лекување разни болести, вклучувајќи и рак. Сум го практикувал од други причини, медитативни :) и после неколку дена целосно гладување (само пиење вода), сум се осеќал неверојатно многу силно, и физички и психички. Објаснувањето е можеби затоа што тогаш организмот почнува да ги топи мастите во телото и од таму таа енергија. Само што повеќе од 5 дена не сум издржал, апетитот ме издавал. Во овој текст на Време многу се пронајдов, со главоболката отсабајле и ред други работи:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=517&ArticleID=32521

На други српски форуми читав за примери како е гладувањето ефикасно против ракот, само со некои сокови и чаеви. На некоја жена после 40-на дена гладување и се губи туморот итн... Да не спамувам, отворете гугл и напишете gladovanje ако ве интересира, и споделете свои искуства ако имате.
 
Мачката

Coca Cola Addict
Член од
6 август 2007
Мислења
581
Поени од реакции
6
Имам слушнато дека е убо за прочистување на организмот така неколку дена само на вода, или лимонада. Лично јас, не можам да издржам ни еден ден. Ама баш ќе пробам, па ќе ви кажам :)
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Ја колку шо знам , гладувањето е лошо .. Пример ви е оние од Африка , гладуваат цел живот , а не можат каменче да дигнат ..

Инаку , баш и многу енергија не се добива од мастите , они се како бек уп , јаглехидратите се најважни за енергија , па протеините , па мастите ..
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Едноставно е да се провери, нека најде некој статистики колкаво е и дали ги има овие заболување кај гладните, па ќе видиме дали е здраво или не.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Ако има толку ефикасен и ефтин лек против рак и тумур зашто не се практикува туку сеуште умираат луѓе од тоа? какви се не лекови и третмани трпат лугето заболени од рак (хемотерапија..) мислам дека би издржале да гладуваат, те да бидат на диета некое време.Од друга страна не ми звучи логично бидејќи со тоа слабее имунитетот, а со слаб имунитет ни грип не се лечи а камоли некоја сериозна болест.
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Ако има толку ефикасен и ефтин лек против рак и тумур зашто не се практикува туку сеуште умираат луѓе од тоа? какви се не лекови и третмани трпат лугето заболени од рак (хемотерапија..) мислам дека би издржале да гладуваат, те да бидат на диета некое време.Од друга страна не ми звучи логично бидејќи со тоа слабее имунитетот, а со слаб имунитет ни грип не се лечи а камоли некоја сериозна болест.
Епа постојат два вида на рак : малиген и бениген .. нашинот на исхрана може да делува на бенигниот кој се лечи , за разлика од малигниот кој не се лечи .. можно е ова со гладувањето , али не верувам дека е за практика ...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
За рак не знам, но овде во нешто се најдов-
Првите симптоми што укажуваат на фактот дека на телото му е потребно прочистување и дека е во почетна фаза на разболување се: будење наутро со многу слуз во носот и грлото, бледо жолт тен на лицето, нервоза и напнатост, лош здив, силна миризба на телото, лошење, гасови, главоболка, чувство на тешкотија во стомакот, слаб апетит и друго. Ако страдате од некоја од горенаведените состојби треба да сфатите дека ова се природни предупредувачки сигнали за веднаш да го прочистите телото.“

Јаворов сируп и лимон само. Ај да видиме. :)

П.С. Ако не ви треба такво нешто - гладување, слободно уживајте, тоа заборавиле да го напишат. :)
 
Од ова горе , најчесто страдат пушачите , скоро сите симптоми ...Инаку цистењето на организамот се прави со чаеви и делува и физичка активност , побрзо иде метаболизамот и на тој начин и токсините побрзо се острануваат ..

Гладувањето ми е малку .. незгодно .. посебно горе прочитав дека си издржал 5 дена без залак во устата .. како успеа ?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Е да, добро ме потсети, кога бев 5 дена без ништо се осеќав супер но тогаш не пушев, пред повеќе години беше тоа, а лани после неколку дена гладување но и цигари бев како скапан. Цигари а не јадење... затоа изгледа. Ќе мора да ги баталам цигарите. Како успеав? Силна цел и желба ми беше аскетска метода за постигнување на силна психичка сосотојба со која ќе правам натприродни чуда - телекинези и такви работи :), неуспешно, но тоа е веќе друга приказна, да не ја мешаме овде. :)
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Знам за тоа дека заболените од рак несмеат да јадат многу работи, најстрого забрането е месото.
Инаку да јаворовиот сируп се употребува за прочистување на телото а и диетата со јаворов сируп е многу позната и ефикасна.
едит: јас ако ги оставам цигарите 100% нема да гладувам,баш напротив..:kesa:
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Е да, добро ме потсети, кога бев 5 дена без ништо се осеќав супер но тогаш не пушев, пред повеќе години беше тоа, а лани после неколку дена гладување но и цигари бев како скапан. Цигари а не јадење... затоа изгледа. Ќе мора да ги баталам цигарите. Како успеав? Силна цел и желба ми беше аскетска метода за постигнување на силна психичка сосотојба со која ќе правам натприродни чуда - телекинези и такви работи :), неуспешно, но тоа е веќе друга приказна, да не ја мешаме овде. :)
Друго ме интересира , само седеше дома или нормално си го тераше денот ..

Пошто јас ако еден ден без јадење поминам , мислам дека ќе цркнам , целиот се тресам .. а не пушам и посебно ак оне сум јаден , не пијам алкохол.. Теоретски е можно да се успее без јадење 5 дена , али за тоа треба тренинг , се подготвуваше или онака од прва проба ?

И тоа со туморот дека ако не јадеш подолго време , можда и ќе успее ,али мали се шансите , само ако е бениген , пошто не му даваш храна за да расте ..
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Кул ин хенд , статијата која си ја прочитал е воглавно ок ама само додека ен стигнеш до третата третина, каде ги (ќе ми извиниш на израз) усеруваат поентите на нутриционистите. Нутриционист никогаш ама ни под разно не би препорачал или охрабрил гладување. Тоа што нутриционистите сакале да кажат во написот е дека треба да се конзумира помалку храна, во повеќе временски интервали, нешто како салатата, па пауза од саат два, па половина од главното јадење, па саат два, па вториот дел од главното јадење, па саат два, па десертот. И најважно што кажуваат е тоа да се избегнува премногу често јадење на пржена храна и да не се јаде буквално секој ден месо. Исто така потенцираат да се јаде храна која не содржи дополнителни и големи количества на специјални конзерванси. Да се разбереме и цитратот (лимонова киселина) и Натриум хлоридод (готварска сол) исто така се конзерванси , ама не се штетни во никој поглед, се додека не се претера премногу со нив. Така да не се лажуи да гладуваш, тоа нема да ти го реши проблемот, туку само ќе ти го ослабе имуниот систем. А кога некој е болен од вирус или бактериска инфекција, редовно примање на умерени количини храна се круцијални аз да се одржава имунипт систем, бидеќи организмот троши дупло ако не и трипати повеќе енергија кога имуниот систем работи во полна пареа и тој систем треба да добива енергија од негдека.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Типстер:
Ми веруваш или не, вежбав и склекови, чучњеви и стомачни, и пешачење бар 1 саат дневно. Мора нешто да се прави, чув дека многу е лошо кога гладуваш да не се движиш воопшто, многу слаб ќе станеш, а и тоа сум го искусил.
Тоа за туморот не знам, значи само бениген а оној гадниот не. Не знам, ваму беше спомнат само рак, тумор.

Бацилус:
Сега за сега одам, па ќе видиме. Фала за совет.
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Ми веруваш или не, вежбав и склекови, чучњеви и стомачни, и пешачење бар 1 саат дневно. Мора нешто да се прави, чув дека многу е лошо кога гладуваш да не се движиш воопшто, многу слаб ќе станеш, а и тоа сум го искусил.
Тоа за туморот не знам, значи само бениген а оној гадниот не. Не знам, ваму беше спомнат само рак, тумор.
Сега ептем , ме збуни ... физичка активност , без јадење 5 дена ( ама баш ништо ) , само вода пиење ... ти брат , си ослабнал 10 кила , а после 5 ден си паднал болен .. човечкиот организам , ако не е трениран предходно за вакво нешто , ќе колапсира многу брзо ...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Да, после тие пет дена дадов такво ждрање да тоа беше за пред камера, и две недели бев многу слаб. Требаше полека, умерено да се вратам на нормална исхрана... ок, памет за друг пат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom