Гасификација во Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Која е алтернативата за енергија овде?
Сончевата, се разбира... фотоволтаик панели.

Сериозно, знам дека за гас зборуваме. Ама кога човек ќе размисли, гасот колку и да е поевтин, монополски (и со такси/даноци) ќе го приближат на цената на струјата. Сончевата енергија, исто можат да ја оданочат (реалност во неколку европски земји).
Работите нема многу да се променат во било која варијанта.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е пренесена изјава на Премиерот кој рекол:
„ Гасификацијата треба да ги намали трошоците за фабриките и за домаќинствата, а ќе донесе благосостојба и од еколошки аспект. Затоа работиме интензивно, изјави премиерот Никола Грувески.

- Во декември, односно во јануари в година треба да се одржи електронска аукција за гасификација на Скопје, на која ќе се наддаваат две компании, кои се влезени во финална фаза. Таа што ќе даде подобра понуда ќе ја добие концесијата за 20 години - рече Грувески во интервју за Дневникот на ТВ „Сител3. Тој подвлече дека по електронското наддавање ќе следува потпишување на договорот. Избраната компанија потоа ќе треба да инвестира 100 милиони евра за поврзување за дотур на гас до домаќинствата и фабриките.

Следно е, посочи, гасифицирање на Источна и на Западна Македонија.

За примарната гасификација, која значи поврзување со гас од град до град со цевковод рече дека се во завршни разговори со ЕБОР, но разговораат и со други можни инвеститори, а се разгледува и можноста за објавување јавен повик за наоѓање јавно-приватно партнерство.

За постојниот договор на Македонија за снабдување со гас рече дека не е искористена ниту половина од можностите, но се работи на обезбедување други извори на природен гас. “
http://dnevnik.mk/?ItemID=3564CEB7D0755B41873386E594BA01D4
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Цената на гасот е малку намалена
За ноември цената е 30,9504 ден/nm3
Цената за октомври беше 31,1417 ден/nm3 што претставува намалување за 0,614%

.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За Македонија е добро,но не е критично важно да се изгради гасоводен систем во рамки на системот на Јужен тек, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

-Во моментот имаме доволно гас кој не е доволно искористен,иако има доволен капацитет. Ќе работиме на тоа гасот да биде максимално искористен
E изјава на министерот Пешевски, која ја пренесува Телма
http://telma.com.mk/vesti/kjlm
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Експертите и лепотаните од регулаторна го поскапеа гасот
Новата цена зе декември е:
32,4884 ден/nm3
во споредба со цената од претходниот месец зголемувањето е 4,969%.
набавната цена на природниот гас во четвртиот квартал од 2014 година изнесува 468,60 УСА$/1000 nm3 , која споредена со набавната цена на природниот гас во третиот квартал од 2014 година од 476,10 УСА$/1000 nm3 е пониска за 1,575 %.
Но експертите и лепотаните сепак го поскапеа гасот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Tелма извести дека гасот ќе поефтини, новодно Макпетрол склучил поволен договор:
„ Како резултат на договорот со Газпром, цената на природниот гас за индустриска потрошувачка се намалува за 5,5 денари за нормален метар кубен.

Наместо 29,9 ќе се продава за 24,5 денари.
http://telma.com.mk/vesti/makpetrol-gi-namaluva-cenite-na-plinot-i-gasot

За ова сеуште нема ништо од Регулаторна
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сите политичари и огромен број граѓани мислат кога ќе добијат дома гас ќе биде .....
Но гасот е опасен за користење дома.
Еве прочитајте напис за сличај во САД, каде две деца ги изгубиле животите, а нивната мајка е обвинета
http://denesen.mk/web/?p=324049
Кјарија Џонсон ги оставила своите деца сами, покрај вклучените грејачи на гас, кои го предизвикале пожарот. Американката, 21-годишната Кјарија Џонсон, е обвинета за двојно убиство од небрежност, бидејќи нејзините деца на 3, односно 4-годишна возраст, кои ги оставила сами дома и заминала на фризер, изгореле живи во пожар.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
^ И што? Колку случаи има каде стрината го заборавила шпоретот на струја уклучен па се запалила на комшијата козата, па еве пак користиме електрична енергија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е објавен напис во кој се тврди дека ефтината нафта ќе го поефтини гасот
http://dnevnik.mk/?ItemID=1F0FAD3D2FAD5C4BA73C75314CCFB344
Но нема конкретни бројки. Нема ни било какви новости за ова на страницата на регулаторна
Наводно тоа ќе ја намалела цената на парното
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Едното со другото е тесно врзано од многу аспекти. Над 90% од гасот на земјава се добива како прва фракција при фракционата дестилација од суровата нафта. Значи ако паѓа цената на суровата нафта логично е да падне и цената на гасот, како и на останатите фосилни горива добиени од сурова нафта(бензин, керозин, дизел, мазут).

Парното во Скопје претежно е на мазут а дел е и на гас. Ако има поефтин мазут и поефтин гас, логично е цената на топлинската енергија да падне. Дали и колку тоа ќе се случи кај нас е друго прашање.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Која е алтернативата за енергија овде?
Сончевата, се разбира... фотоволтаик панели.

Сериозно, знам дека за гас зборуваме. Ама кога човек ќе размисли, гасот колку и да е поевтин, монополски (и со такси/даноци) ќе го приближат на цената на струјата. Сончевата енергија, исто можат да ја оданочат (реалност во неколку европски земји).
Работите нема многу да се променат во било која варијанта.
Фотоволтаиците се чиста лага и голема глупост. Германците актуелизираат некоај технологија и во рок од неколку години прават ненормални пари со своите "стручни" фирми (паметно го крадат светот). Сите фирми кои се бават со овој бизнис се декларираат како едни од најстручните во светот (постојат само неколку години), а светот па го прифаќа ова здраво за готово. После тоа лобираат и прават глупави стандарди за истата таа технологија со што се отвара влезот на други странски фирми и повторно се актуелизира оваа глупост т.е се одржува во живот.

Значи фотоволтаик е тотално неисплатлива инвестиција за Македонија. Едноставно вреди да се постави кога сите други алтернативи се потрошени. Македонија има многу алтернативи што се далеку поисплатливи. Гасот, хидроцентралите и јагленот се едни од најдобрите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994

Фотоволтајците дури не го кренат степенот на искористување на сончевата енергија од 12-18% на над 50%, ќе бидат тотално непотребни.

Но од друга страна, колекторите за топла вода имаат степен на искристеност од 90%, па пак не се инсталираат во секој дом.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Не е проблем ефикасноста. Инсталираната моќност се решава со инсталирање на повеќе панели, наместо еден панел со 50% ќе стават три со 17%. Проблем е тоа што сонцето не е константен извор на светлина за да може од соларните централи континуирано да се произведува онолку енергија колку што имаат потреба потрошувачите. Овој проблем е ист и за 100% ефикасни панели и за 1% ефикасни панели. Решенијата за континуирано обезбедување на конзумот се премногу скапи. Едно решение е со батерии, друго е со реверзибилна акомулациона хидро-електрана.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Фотоволтаиците се чиста лага и голема глупост. Германците актуелизираат некоај технологија и во рок од неколку години прават ненормални пари со своите "стручни" фирми (паметно го крадат светот). Сите фирми кои се бават со овој бизнис се декларираат како едни од најстручните во светот (постојат само неколку години), а светот па го прифаќа ова здраво за готово. После тоа лобираат и прават глупави стандарди за истата таа технологија со што се отвара влезот на други странски фирми и повторно се актуелизира оваа глупост т.е се одржува во живот.

Значи фотоволтаик е тотално неисплатлива инвестиција за Македонија. Едноставно вреди да се постави кога сите други алтернативи се потрошени. Македонија има многу алтернативи што се далеку поисплатливи. Гасот, хидроцентралите и јагленот се едни од најдобрите.
Јас мислам дека не си во право, ни ти ниту другиве двајца после тебе.
Секогаш кога ќе се појави некоја нова технологија, паметен човек треба да ги гледа следниве работи: цена на чинење на технологијата, можност за имплементација, време на поврат на вложеното.
Овде во Македонија гледам проблем само со последново.

Имено проблемот е што пазарот за електрична енергија сеуште не е либерализиран (колку што знам), но и тоа е само споредно во однос на тоа што заради таа либерализација сеуште нема начин да поединец како физичко лице, да и продава струја на ЕВН (или на соодветната фирма со која ќе склучи договор по либерализацијата на пазарот).

Едноставно нема што да се прави со вишкот ел. енергија. Не, вложување во батерии и акумулатори не е исплатливо со моменталните цени на истите.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Јас мислам дека не си во право, ни ти ниту другиве двајца после тебе.
За кој дел конкретно сметаш дека не сум(сме) во право и зошто?

Секогаш кога ќе се појави некоја нова технологија, паметен човек треба да ги гледа следниве работи: цена на чинење на технологијата, можност за имплементација, време на поврат на вложеното.
Овде во Македонија гледам проблем само со последново.
Тоа се вика cost-benefit analysis (CBA) анализа, која покрај ова што го наброја опфаќа и анализа на други параметри поврзани со придобивките и недостатоците за проектот. Пред било кој проект да стигне во фаза на некаква реализација и имплементација се прави CBA од каде се согледува дали проектот е исплатлив или не. Доколку е исплатлив истиот може (а не мора) да се реализира. Тоа така функционира на секаде во светот, па и кај нас. За сериозни проекти, како оние од енергетиката, CBA прават консултанти(најчесто светски реномирани и со висок рејтинг) кои во консултантските услуги обработуваат и други аспекти поврзани со проектот во зависност од неговиот вид и обем. Консултантските извештаи, во кои се опфаќа и финансиска конструкција за реализација на проектот, се понатаму основа за добивање на кредити и грантови за реализирање на проектите.

Имено проблемот е што пазарот за електрична енергија сеуште не е либерализиран (колку што знам),
Очигледно е дека не знаеш. Пазарот на електрична енергија во Македонија во моментов е 45% либерализиран и во регионов сме земја со нај голем % на либерализиран пазар на е.е. Во моментов во Македонија има 34 трговци со електрична енергија и 8 снабдувачи од кои 2 снабдувачи во краен случај. Имаме 231 квалификуван потрошувач(со над 10 милиони евра годишна актива и над 50 вработени) за самостојно учество на пазарот на е.е. кои можат да си купуваат енергија од било кој трговец и/или снабдувач. Од нив самостојно настапуваат 8, додека останатите 223 се снабдувани од снабдувач.

Што се однесува до либерализацијата, таа нема ниту една врска со исплатливоста на производството од сончева енергија и воопшто со производство на било каков тип на електрична енергија. Па затоа не може да влијае на тоа и да биде проблем.
но и тоа е само споредно во однос на тоа што заради таа либерализација сеуште нема начин да поединец како физичко лице, да и продава струја на ЕВН (или на соодветната фирма со која ќе склучи договор по либерализацијата на пазарот).
Не само што има начин, туку ЕВН Македонија, ЕВН Снабдување и ЕВН Трејдинг(ова се три независни правни субјекти, првата е за дистрибуција на е.е., втората е за снабдување на потрошувачи на либерализираниуот пазар, а третата е за трговија со е.е.) со години купуваат енергија од регистрираните трговци и снабдувачи во Р. Македонија и надвор. Конкретно за Февруари ЕВН Македонија има објавено тендер за купување на 40MW банд енергија.
Но и ова не е битно, затоа што не е ЕВН таа која ја откупува зелената енергија произведена од фотоволтаици по повластена тарифа. За тоа е одговорен Операторот на пазар на електрична енергија во МЕПСО. Повластената цена по која се откупува е.е. произведена од сонце е од 3 до 12 пати повисока од пазарната цена. Доколку некој направи соларна централа за да продава е.е. по пазарна цена нема да успее да си ги поврати инвестираните средства за време на животниот век на сончевата централа, а не пак и да заработи нешто.

Едноставно нема што да се прави со вишкот ел. енергија. Не, вложување во батерии и акумулатори не е исплатливо со моменталните цени на истите.
Секако дека не е исплатливо, затоа и сончевата и ветерната енергија не можат ни малку да го решат енергетското прашање. Она кое и фали на Македонија е големо количество на band енергија кое се добива од нуклеарни, термо и гасни централи. Па така бидејќи нуклеарка немаме, а немаме ниту средства да ја изградиме, ни капацитет да ја водиме, тоа отпаѓа. Ни остануваат термо и гасните централи. Гасот(и мазутот) како природен ресурс го немаме, а со оваа цена на гасот(и мазутот) може да се произведе електрична енергија која ќе биде 2-3 пати поскапа од пазарната. Термо-централите на цврсто гориво, во нашиот случај ниско-квалитетен лигнит измешан со земја, имаат за горење уште за 2 години и тоа гориво е со мизерен квалитет па мора да се збогатува со мазут кој релативно е многу скап. Доколку се преадаптираат термоцентралите да работат на високо-калоричен увозен јаглен може да се постигне цена која е од 0 до 30% поскапа од увезената енергија. Ова е единствена реална алтернатива која ја има Македонија како решение на енергетската криза. Ако некој помисли да увезуваме наместо да произведуваме, имаме технички ограничувања од конекциите со останатите комшиски системи за да можеме комплетно да ги задоволиме нашите потреби за енергија. Значи чаре е она кое не можеме да го увеземе (во моментов 25% од нашите потреби за е.е. се од увоз, за неколку години тоа ќе се двостручи) да го произведеме по што е можно пониска цена, т.е. од високо-калоричен увозен јаглен.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom