Гасификација во Македонија

T

Tetro

Гостин
Факт 1: Деновиве, Струмица конечно доби гас.

Факт 2: Македонија, повеќе од 20 години интензивно "се гасифицира".

Факт 3: За некои 30-тина години, на земјата ќе снема природен гас.

Тема на дискусија: Кога конечно, цела (70% +) Македонија ќе се гасифицира?
Повелете.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Офф: Требаше да овориш тема за дојките на Сораја, до сега ќе имаше пеесет мислења и сто лајка.

Он: Гасификацијата ќе им се замеша во работата на неколку монополски компании, можеби и ќе го стопи нивниот профит. Затоа во догледно време нема да имаме природен гас по дома.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Како прво Русите нема ни да ни пуштат гас они само водичка ни пуштаат а ние одма се влажниме.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Да, вака на хартија личи убаво, али овој народ не е кадарен ни стап да му дадеш за сам да се удри.... а не да му сместиш инсталација со гас.
Осеќам ќе има огномети...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
700 евра за приклучок тешко кој ќе одвои и да има можност.
Не е битна цената и 1400 евра да е.Важно ќе има конкуренција, а со тоа ќе падне цената еве спореди ги цените Телеком кога беше монопол, кога влезе ОНЕ и на крај кога дојде ВИП и ќе сфатиш за што зборам.
Башка гасот е долгорочно каде каде поисплатлив енергенс од струјата, ако не ме излажале и од дрвата е поевтин.Пример тие 700 евра ќе ги дадеш на рати и нема којзнае колку многу да се видат.

Малце почнав да философирам ама поентата мислам дека е јасна како и да ја вртиш работата гасификација не може да биде лоша работа.

П.С Заборавив и на еколошки план е подобар гасот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
700 евра за приклучок тешко кој ќе одвои и да има можност.
Еднократно плаќање 700 евра за приклучок па и не е некоја голема сума ако подоцна се исплати користењето гас наместо на пр. струја. Само и јас сум скептичен за ова, нашата струјна мафија од ЕЛЕМ, како и австријците од ЕВН нема така лесно да се откажат.

Познат ли е месечниот надоместок за гас во Струмица или уште не е одредено?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Еднократно плаќање 700 евра за приклучок па и не е некоја голема сума ако подоцна се исплати користењето гас наместо на пр. струја. Само и јас сум скептичен за ова, нашата струјна мафија од ЕЛЕМ, како и австријците од ЕВН нема така лесно да се откажат.

Познат ли е месечниот надоместок за гас во Струмица или уште не е одредено?
Фиксен трошок за приклучок автоматски го зголемува гасот, за да ти се исплати ќе треба неколку години, а кој знае што ќе се случи до тогаш.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не е битна цената и 1400 евра да е.Важно ќе има конкуренција, а со тоа ќе падне цената еве спореди ги цените Телеком кога беше монопол, кога влезе ОНЕ и на крај кога дојде ВИП и ќе сфатиш за што зборам.
Башка гасот е долгорочно каде каде поисплатлив енергенс од струјата, ако не ме излажале и од дрвата е поевтин.Пример тие 700 евра ќе ги дадеш на рати и нема којзнае колку многу да се видат.

Малце почнав да философирам ама поентата мислам дека е јасна како и да ја вртиш работата гасификација не може да биде лоша работа.

П.С Заборавив и на еколошки план е подобар гасот.
Но, не е подобар на еколошки план од струјата. И да точно е подобро е кога има избор, нема монополи и набивања на цени. Ама сето тоа наверојатно идниот милениум. :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Но, не е подобар на еколошки план од струјата. И да точно е подобро е кога има избор, нема монополи и набивања на цени. Ама сето тоа наверојатно идниот милениум. :)
Колку што знам подобар е или барем не е полош.(на еколошки план)
Гасот е чиста енергија значи не и штети никако на околината на еколошки план.
Струјата од друга страна зависи како се произведува со обновливи извори,вода,ветер,сонце е исто така еколошки чиста, а со мазут термоцентрали колку што знам не е.
Предност на струјата поготово за мала земја како нашава е што можеме со обновливи извори како хидроцентрали,ветерници и колектори за сонце би можеле да имаме најефтина струја во цел свет и плус обновливи се што значи немаат крај.
Е сега нашиве „политичари“ зошто не инвестираат во вакви извори е мистерија.
Предност на гасот е што е ефтин, но не е обновлив што значи кога тогаш ќе му дојде крај.
За нас доколку се направи план обновливи извори на струја мислам дека се најсовршено решение ама како што тргнала ситуацијава и кој и да дојде на власт гледа само од денес за утре тешко дека ќе бидне вакво сценарио.
Така да сега за сега барем нека има конкуренција за да падне цената на струјата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Факт 1: Деновиве, Струмица конечно доби гас.

Факт 2: Македонија, повеќе од 20 години интензивно "се гасифицира".

Факт 3: За некои 30-тина години, на земјата ќе снема природен гас.

Тема на дискусија: Кога конечно, цела (70% +) Македонија ќе се гасифицира?
Повелете.
Количината на сегашните резерви на гас не е ама баш никаков фактор околу тоа за колку време на Земјата ќе снема природен гас.

На Земјата постојат безброј организми кои произведуваат секакви видови на гасови, вклучувајќи ги и луѓето, всушност, секоја депонија во светот е еден вид резерва на метан и ред други гасови, од кои луѓето со идеи и со пари можат да профитираат.

Така на пример, фабриката на БМВ во САД која ги произведува X3, X5, X6 и Z4 моторните возила, енергетски во целост се снабдува со електрична енергија произведена од гасни електроцентрали кои работат на гасови 100% обезбедени од депонии, со исклучок на бензините за возилата, тие сеуште не се достапни на депониите. :D

Така да, теоријата дека за 30 или за 300 или за 3000 години на Земјата ќе снема природен гас, паѓа во вода.

А кога сме кај гасификацијата во Македонија, повеќе од општо познато е дека некој ќе мора да профитира од таквата гасификација, претходната влада на Република Македонија во периодот од 2002 до 2006 година која конечно дочека судска пресуда која потврди дека Република Македонија е легитимен и единствен сопственик на ГА-МА, и со сиот здрав ум и разум, под претпоставка дека имало здрав ум и разум во луѓето во таа влада, му предложи на Макпетрол против кого со години се влечкаше по судови, заедно да ја делат сопственичката структура на ГА-МА.

Ова е повеќе од доволен доказ дека некој мора да профитира од било каква гасификација во Македонија, а тоа повеќе од доволно говори кога ќе дочекаме гасификација во Македонија - кога некој кој ќе профитира од истата таа гасификација, ќе се понуди како главен инвеститор во истата таа гасификација, или како главен изведувач на истата таа гасификација.

Веќе 2 години нашинците ни продаваат муда за бубрези велејќи дека Македонија ќе биде дел од гасоводот Јужен Поток.

Изградбата на Јужен Поток е планирана да започне најдоцна до крајот на 2012 година, а претходно мора да биде договорена и затворена конечната финансиска конструкција на инвестицијата.

Истата таа финансиска конструкција веќе е договорена, потпишана и затворена со Србија, Унгарија и со Словенија, наскоро се очекува да биде договорена, потпишана и затворена и со Бугарија и со Грција, учеството на Хрватска во целокупната инвестиција сеуште не е загарантирано, а Македонија и Црна Гора се спомнуваат како можни инвеститори, но не во главниот проект, односно, дури и да учествуваат Македонија и Црна Гора во Јужен Поток, сепак нема да бидат изградени посебни траси кои ќе поминуваат низ овие 2 држави, туку само кракови кои ќе ги направат овие 2 држави зависни од главните траси кои ќе поминуваат низ нивните соседи.

За Црна Гора најверојатно би се пуштил крак кој би транспортирал гас од една од засега 2 потврдени траси (кон Унгарија и кон Словенија) од можни 3 траси (третата кон Хрватска) кои би поминувале низ Србија, односно, Црна Гора би била зависна од тоа колку гас би и пуштила Србија.

За Македонија би се пуштил крак кој би транспортирал гас од една од 3 потврдени траси (2 кон Србија и 1 кон Грција) од можни 4 траси (3 кон Србија и 1 кон Грција) кои би поминувале низ Бугарија, или би можел да се пушти крак од трасата која би поминувала низ Грција, но и во двата случаи, Македонија би била зависна од тоа колку гас би и пуштила Бугарија или Грција, разликите околу тоа колку гас би ни пуштиле нашите соседи, би биле огромни за време на зимски студови.

Како и да е, едно е сигурно, со крак или без крак, дефинитивно низ Македонија нема да поминува ниту една траса од гасоводот Јужен Поток, со што по кој знае кој пат, нашинците оплескаа уште една шанса за современ гасовод, кој ќе транспортира гас од Русија - државата со најголеми резерви на гас во светот, да поминува низ Македонија.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Гасот по секоја логика ќе ја намали цената на струјата, ќе немаме потреба од увоз на скапа струја(а притоа да извезуваме :pos: ), па со тоа цената ќе биде постабилна, исто така и со изградба на нови хидроцентрални би требало да се реши еден проблем.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Ја си помислив темава е за гасни комори.....конечно ќе го спасат овој народ си реков :confused:
Е дај не заебавај, тоа е скапа инвестиција, македонските политичари не се достојни за таков третман.

Подобро бесилка за македонските политичари, и онака ги имаме безброј дрва на кои би можеле да висат. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom